• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Бременост Сакам бебе

Зошто е важно да се направи дабл тест во бременоста?

by РиД 15/03/2023 0 Comment
 Зошто е важно да се направи дабл тест во бременоста?
фото:pexel

Во првото тромесечие трудниците дознаваат за дабл тестот-  кога се прави, поради што и кои се наредните чекори во случај на лоши резултати. Додека го чека своето бебе секоја идна мајка е пресреќна, но, во еден момент ќе се запраша „дали е сè во ред со моето бебе?“. Во бременоста одењето на редовни гинеколошки и ултразвучни прегледи е неопходно, а во морето нешта кои ќе ги научите во најубавиот период, е дека постојат тестови кои ви помагаат да дознаете дали, евентуално, постои некој проблем на кој не сте можеле да влијаете. Најважниот скриниг тест кој ќе го направите во тој период е дабл тестот.

Со овој тест се дознава дали бебето има некои хромозомски абнормалности, односно најчестите се трисомија 21 (Даунов синдром), трисомија 18 (Едвардсов синдром) и трисомија 13(Патау синдром).

Oвој тест се изведува во периодот од 11-14-та недела од бременоста, а најчесто во 12-та недела.

Дабл тестот е неинвазивен биохемиски тест за кој најважни се податоците од ултразвучниот преглед и параметрите добиени од крвната анализа на бременоста, која треба да се изврши во истиот ден кога и УЗ преглед или најдоцна до 48 часа по него. Доколку гинекологот забележи абнормалности кај бебето, ја испраќа трудницата на тест преку крв со кој се одредуваат free beta HCG – односно хуман хорион гонадотропин, како и PAPPA – pregnancy-associated plasma protein A.

Докторот ќе ја праша и за податоци, како килажа, дали боледува од шеќерна болест, дали е пушач, дали забременила природно или со ин витро, како и за возраста, параметри кои се важни при добивањето конечен резултат.

Што ако резултатите се лоши?

Резултатите се одредуваат според веројатноста. Ако, на пример параметрите за дабл тестот се 1:250, а добиениот резултат е 1:10 укажува на висок ризик, наспроти резултат од 1:10 000, што укажува на нисок ризик. Ако се добие резултат кој покажува на висок ризик од некоја трисомија, докторот ќе ја упати трудницата на дополнителни испитувања.

Процедурата може да биде и инвазивна, како што е амниоцинтезата, или неивазивна, како што е неинвазивен пренатален тест (NIPT).

Досега докажано е дека во 80 случаи дабл тестот е точен. Добра работа е што кога резултатите се лоши, тоа не е сигурен знак дека нешто не е во ред со бебето. Токму за тоа служат понатамошните тестови и процедури.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 1,036

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: бременост дабл тест прегледи
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved