• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Здравите прехранбени навики кај децата се учат од најрана возраст

by РиД 04/04/2022 0 Comment
 Здравите прехранбени навики кај децата се учат од најрана возраст
фото:Pixabay

Децата ако имаат можност да бираат, што ќе најдеме во нивното мени? Пудинзи за појадок, пици, помфрит, виршли за ручек или вечера, а како ужинка малку чоколадо, сладолед, грицки. Но за среќа одлуката за тоа што ќе јадат сепак не мора да им ја препуштиме на нив. Освен исхрната кај децата е важно да бидат и  физички активни. Неактивните деца брзо се дебелеат, што е забележително во последните години со сè почести проблеми кај сè помали деца. Но за среќа може да се реагира навреме и да се спречат грешките во нивната исхрана.

Внимавајте што и колку купувате
При пазарење најчесто бирате лоши продукти, купувате голема количина храна, имате погрешни информации за исхраната, грешите при подготовката на оброците, прескокнувате оброци и сл. На пример наместо помфрит можете да изберете варен компир зачинет со една мала лажица маслиново масло и со тоа ќе намалите дури 160 калории на 100 грама. Готовиот леден чај заменете го со домашен чај кој ќе го изладите и засладите до мед.
Со тек на годините се менуваше големината на порциите. Сведоци сме денес на многубројни XXL пакувања чипсови, чоколади и други производи. Повеќето пијалаци се запакувани во амбалажа од 2 литра. Тоа зголемување на амбалажата и садовите за храна доведе до поголема консумација на храна, а од друга страна намалената телесна активност не дозволува рамномерно да се потроши внесената енергија, што резултира со побрзо деблеење.
Изборот на продукти и начин на приготвување треба да се прилагодени за децата. Исто така важно е да сфатите дека ние сме земја која изобилува со многу здрава и природна храна и што повеќе да го намалите влијанието на западот и нивниот начин на исхрана.

Не прескокнувајте оброци

Исхраната на децата треба да е разновидна, оброците не смеат да се прескокнуваат. Најважен оброк е појадокот кој треба да биде 1-2 часа по будењето и има голема важност во контрола на телесната тежина. Најдобар почеток на денот е со оброк богат со јаглехидрати како што се интегрални житарки со млеко или јогурт, овошје или свежо цеден овошен сок. Децата кои јадат појадок имаат поголем успех во решавањето на проблемите кои се прд нив, постигнуваат подобри резултати во спортот и училиштето.
Не смеат да се прескокнуваат ниту ручекот и вечерата, а обратете внимание и на ужините кои треба да се од овошје свежо или суво и јогурт. Доволна количина млеко и млечни производи е важна за калциумот кој го содржат во голема количина и е неопходен за растењето. Бирајте храна која не содржи висок процент на масти, умерено посолете ја, а ретко давајте им слатки или зашеќерени пијалаци. Висококалоричната храна, богата со масти и шеќери не смее да биде дел од секојдневната исхрана на децата.
Најважна улога во исхраната на децата имаат родителите. Децата чии родители здраво се хранат и како возрасни ќе ги задржат здравите прехрамбени навики. Пожелно е колку што можете почесто да имате заеднички оброци. Храната да не ја користите како награда или казна, а секоја храна е дозволена само доколку се јаде балансирано.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 843

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: деца здрава храна исхрана
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved