Збогатете ги кашичките со овие производи
Секоја мајка го сака најдоброто за своето дете, па сè повеќе мајки се решаваат да подготвуваат кашички дома. Листата на производи кои можат да се исористат за таа цел е голема, но секогаш можат да се додадат некои нови ставки.
Ленено семе
Ленот е природен лаксатив и совршен извор на омега-3 масни киселини кои имаат поволно влијание на развојот на мозокот и нервниот систем, а ја зголемуваат и апсорпцијата на одредени витамини. Со својот благ вкус лесно се вклопува во сите видови кашички од овошје и зеленчук, а воедно ќе послужи и како средствввооо за згуснување на кашичките.
Чија семе
Во последниве години е сè попопуларна состојка на здравите оброци. Содржи дури 60 проценти омега -3 масни киселини и богата е со влакна, така што кај бебињата ќе го реши проблемот со запек и ќе го регулира метаболизмот.
Кисело млеко
Богато е со калциум, а сиромашно со јаглехидрати. Во споредба со другите млечни производи, е богат извор на протеини. Одлично се комбинира со сите видови овошје и кашички.
Растителни млека
Млекото добиено од кокос, соја или ориз е добар избор во подготовка на кашички за мали деца, но и како додаток во јадења за деца кои се алергични на млеко од животинско потекло.
Авокадо
Авокадото е богато со здрави масти и фолна киселина. Има кремаста структура и многу благ вкус, па одлично се вклопува во сите кашички кои инаку ги подготвувате за детето. Освен тоа, речиси да нема бебе кое е алергично на авокадо, па затоа може да се користи свежо уште во првите кашички при воведување на цврста храна.