За беспрекорно чиста кожа лицето чистете го барем два пати на ден
Чистењето на лицето е еден од најважните фактори за одржување на вашата секојдневна хигиена и чување на убавината на важата кожа. Со чистење на лицето се отстрануваат мртвите клетки од кожата, прашината и нечистотиите, но се подобрува циркулацијата, која е многу важна за свеж изглед на вашето лице.
За да ја одржите кожата на лицето беспрекорно чиста секојдневно чистетете го барем два пати. Ако сте биле изложени на многу нечистотија може и трет пат во спротивно не, за да не ја исушите кожата. Задолжително измијте се со средство за чистење лице и со млака вода, а не топла, која може да ги исуши и оштети деловите од кожата. Додека ладната вода не може во добра мера да ги исчисти нечистотиите и прашината. Ако користите ракавици и сунѓери избрете од оние кои не ја гребат кожата.
Самиот процес на миењето започнете го со благо испирање на лицето и вратот со млака вода. Претходно измијте ги рацете за да не помине нечистотијата од нив на лицето. Лосионот за чистење на лицето нанесете го со лесни кружни движења по лицето. Така ќе ја поттикнете циркулацијата на лицето, но внимавајте да не триете во кожата пресилно, за да не ја оштетите. Лосионот секогаш исперете го со вода и никогаш не оставајте да се впие. По миење кожата истапкајте ја нежно со пешкир да се впие водата, не тријте силно.