Борба со целулитот – никогаш не виткајте се со фолии
Маслата кои најчесто се користат во третмани против целулит се лимофотоници и диуретици. Тие го поттикнуваат текот на лимфата и исфрлање на вишокот течност, а заедно со неа и отстранување на токсините од телото. Добар избор е масло од химајалски чедар, смрека, чемпрес, рузмарин… корисно е и маслото од лимон особено ако имате проблем со капиларите.
Лимонскиот еукалиптус или лимонска трева, како и жалфија делуваат противвоспалително и липолитично на поткожното масно ткиво. Зафатените подрачја се мачкаат два пати дневно во тенок слој, додека се впие маслото во кожата. Не треба да се претерува со нивно нанесување, бидејќи нема така да постигнете побрз ефект, само ќе потрошите повеќе масло.
Кожата пред мачкањето добро е да се загрее и хидрира за да се отворат порите или пет минути по мачкањето добро е да легнете во топла купка, која ќе овозможи впивање на маслото. Никако не се виткајте во фолии и термоќебиња, бидејќи потењето ќе ги спречат етеричните масла да продрат длабоко во ткивата и да делуваат соодветно. Ако сакате дa ги користите фолиите или термоќебињата, можете пред мачкање со масла, при што не заборавајте 15 минути претходно да се напиете чај од липа, бозел или црн слез. Тоа ќе го поттикне исфрлањето токсини.
Природното е најдобро
Природните препарати не делуваат брзо, но ефикасни се и даваат долготрајни резултати без штетни последици. Еве неколку предлози:
– купка со ѓумбир – во топла вода додајте 2-3 лажиц морска сол, 15г ѓумбир во прав, а потоа задолжително намачкајте се со крема.
– купка со бршлен – 100 г листови од бршлен варете ги 10 минути во литар вода. Процедете и ставете ја течноста во топла купка.
– облоги со алги и сол – 50г алга вакаме, 100г пченични трици и 50 г крупна морска сол се варат во 200мл вода, околу едн аминута. Откако ќе се излади се ставаат облоги на критичните подрачја. По десет минути се мијат со млака вода.
– агрумите се одлични во борбата со целулитот, бидејќи ги разградуваат мастите и го поттикнуваат слабеењето. Измешајте пет лажици мед со 1/2 филџан сок од лимон и две лажички сол. Нанесете на кожа и држете 15-20 минути, потоа измијте се со млака вода. Третманот повторете го неколку пати неделно. Со ова ќе ја поттикнете циркулацијата и со тоа топењето на мастите.
Кафето во служба на убавината
Кафето е богато со антиоксиданси и ја подобрува циркулацијата, а со тоа и исчезнувањето на масните наслаги. Измешајте 1/2 филџан дробени зрна кафе со 1/4 филџан кафеав шеќер, а потоа кожата намачкајте ја со маслиново масло. На критичните зони нанесете од мешавината со кафе и шеќер. Држете неколку минути и измијте со млака вода.