• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Живот

Ако верувате во овие нешта, никогаш нема да бидете среќни

by РиД 02/03/2022 0 Comment
 Ако верувате во овие нешта, никогаш нема да бидете среќни
фото: pixabay

Невропсихијатарот д-р Даниел Амен открива кои се најлошите верувања кои наместо да ве туркаат напред, само ве вовлекуваат во депресија и ве оддалечуваат од целта.

– Во мојата долга кариера постојано сум слушал како луѓето велат дека повеќе пари ќе ги направи среќни, убав десерт, одење на шопинг… Ова се сите работи за кои општеството сака да веруваме дека ќе не направат среќни, но не е така. Невропсихијатриски истражувањата покажуваат дека овие четири работи всушност ќе направат да се чувствуваме полошо, тие нè туркаат кон депресија – вели тој.


Повеќе материјални предмети, повеќе среќа

Колку повеќе имаме, заработуваме или стекнуваме, толку сме посреќни, нели? Без грижи за пари, можеме да се направиме себеси и другите среќни кога сакаме, па што ако тоа не е среќа? Голема заблуда, вели докторот.
– Овде треба да го земеме предвид принципот на хедонистичка адаптација. Колку повеќе задоволство добива мозокот, толку повеќе го бара. Се навикнува на одредена состојба на задоволство и неговите „апетити“ само растат, што значи дека му треба повеќе задоволство за да го постигне основно чувство на ситост. Зависноста предизвикува зависност, тоа е исто како да користите дрога. А постојаното живеење во таква состојба го заморува центарот за задоволство во мозокот, што може да доведе до депресија. И јас имам видено многу такви случаи меѓу професионални актери, спортисти и музичари- објаснува тој.

Парите нè прават среќни

– Има малку вистина во ова, но една студија во Америка покажа дека постои точна сума по која ова чувство престанува да важи. Американецот престанува да биде среќен за парите штом ќе почне да заработува 75.000 долари годишно. И секој што ќе прашаш ќе ти каже дека „Ќе биде среќен кога ќе има два до десет пати повеќе пари отколку сега – вели д-р Амен.

Пијте малку за да се расположите

Коктелите, виното, пивото може да ни дадат брзо добро расположение доколку се консумираат умерено, но на долг рок имаат штетен ефект врз мозокот. Едно истражување покажа дека мозокот се намалува од константната употреба на алкохол, а бидејќи тоа влијае на нашата способност за донесување одлуки, ги загрозува нашите односи, кариера и здравје.

Шеќерот не прави среќни

Дали некогаш сте изеле чоколадо, па сте почувствувале задоволство и барем за момент сте заборавиле нешто што ве мачи? Шеќерот исто така може да обезбеди моментално чувство на среќа, но долгорочно го уништува менталното здравје. Прекумерното консумирање шеќер доведува до постојано воспаление, дијабетес, дебелина, цела низа лоши процеси во организмот и болести, па дури и депресија.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 700

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: алкохол пари среќа
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved