фото: Инстаграм

Иако рекоа дека никогаш повеќе нема да се соберат, по четири децении, денес се очекува сензационален камбек на шведската група АББА.
Тие имаат продадено  над 400 милиони албуми и имаа големо влијание на развојот  на поп музиката. По победата на Евросонг во 1974 година со песната „Waterloo“ станаа глобални ѕвезди и нижеа хитови во 70-те и 80-те години од минатиот век.

Хрватската пејачка Новата година ја дочека во друштво со мајка ѝ Ана и синот Александар, а тоа го откри преку социјалната мрежа Инстаграм на која објави две фотографии. На првата со неа позира дете облечено во костим од Спајдермен, со маска која му го прекрива лицето.

Британскиот принц доколку добие американско државјанство, ќе биде само Хари, вели кралски експерт. Војводата од Сасекс се пресели во САД пред неколку месеци откако со сопругата Меган Маркл се откажаа од должностите во Британското кралско семејство.

Кралицата Летиција отпатува за Валенсија за да присуствува на доделувањето на престижната награда „"Rei Jaume I". Оваа доделување на награда oд 1989 година им се доделува на научници кои постигнале успех во својата област на истражување.

Акерката Оливија Колман во серијата „Круна“ ја глуми британската кралица, што подразбира познавање основни правила на протокол и убаво однесување, но додека ја промовираше серијата во едно интервју призна дека нејзиниот сопруг во тек на посетата на палатата украл предмет кој сакал да го задржи како сувенир. Бакингемската палата не реагирала на изјавата, само портпаролот кусо изјавил: „ако секој зема по еден предмет за спомен, во палатата нема да остане ништо“.

Војвотката од Кембриџ, деновиве беше гостинка на предавањето во врска со едно истражување за важноста на првите пет години од животот за развојот на детето, неговото физичко и ментално здравје, но и последиците за самото општество.

Еден шестгодишник од Бразил, се заглавил во голема глинена вазна. Членовите на семејството се обидоа да го извадат, но не им успеваше.

Ако некој знае да приреди шоу, тогаш тоа е латино дивата Џенифер Лопез, која овој пат во соработка со Малума изведе настап за паметење. На доделувањето на Американските музички награди во Лос Анџелес сите зборуваа само за нивниот страстен настап на сцената.

Три познати мајки, актерките Чарлиз Терон и Ева Мендез, и поранешната манекенка Криси Тиген, покажаа како изгледаат кога ќе се препуштат во рацете на нивните деца. А тие користејќи ја својата имагинација во свој стил ги средиле познатите мајки.

Еден од најпосакуваните мажи на светот 59- годишниот Џорџ Клуни, кој се најде на насловната страна на светски познатиот машки магазин „Џи Кју“ по повод 25 од првото издание на истиот, отворено зборуваше за неговиот приватен живот, љубовта, семејството иако тоа воопшто не наликува на него.

Најново на форумот

  • No posts to display.