Состојки:

- 2 јајца, 1 ¼ чаша лебни трошки, 2 парчиња (средно големи) авокадо, ¼ чаша брашно, 1 лажичка сол, масло за пржење, рендан пармезан за послужување ( по желба)

Приготвување:

Авокадата излупете ги, извадете им ја семката и исечете ги на резанки. Во еден сад загрејте го маслото. За тоа време на страна, измешајте го брашното со ½ лажичка сол. Во друг сад ставете ги јајцата и изматете ги, а во трет сад ставете ги лебните трошки. Со остатокот од солта (1/2 лажичка) посолете ги резанките авокадо. Потоа секое парче ставете го во брашното, па во јајцето (исцедете го вишокот), потоа во лебните трошки. Ставете да се пржи во маслото. Готовите прженки од авокадо, наредете ги во еден ред на плех со хартија за печење и чувајте ги во топла рерна на 150 степени, додека ги испржите останаите парчиња авокдо. Послужете посипано со реднан пармезан.

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.