Состојки:

- 2 рамни чаши сварена киноа*, ¾ чаша реднан кашкавал по избор, ½ чаша несолена урда, 1 среден морков, реднан (или 1 чаша рендана и исцедена тиквичка), 3 јајца, 3 лажици брашно, 2 млади кромитчиња, ½ лажичка шеќер, ¼ лажичка црн пипер, ¼ лажичка мелен ким, малку сол, малку сув лук во прав, маслиново или масло за пржење

 

Приготвување:

Прво сварете ја киноата – ставете една чаша неварена киноа, 2 чаши вода и малку сол. Нека се загрее прво вовдата до вриење, заедно со солта, па додајте ја киноата. Покријте, намалете ја температурата и варете 18 – 20 минути, додека се апсробира водата, а зрната омекнат. Оставете да се излади.

Во голем сад измешајте ги киноата, кашкавалот, урдата, морковот(или тиквичката), јајцата, брашното, сечканите кромитчиња и зачините. Измешајте убаво да се распоредат состојките. Од смесата формирајте плескавици. Загрејте го маслото во тавче и пржете ги бургерите на средна температура за да не се распаднат. Пржете додека бидат златно-кафеави, или по 4 минути од секоја страна. Оваа смеса е за околу 10 бургери.

*Киноата е зелено растение, чиј плод е зрнест и потсетува на оној од житните култури. Сепак според изгледот на растението е поблиска до зелјести растенија како репка, спанаќ и сл...Кај нас се набавува во големите маркети, во делот за здрава храна, запакувана во кесички. Препорачлива е да се јаде бидејќи содржи многу калциум, железо и фосфор.

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.