Состојки:

- 1 парче пилешки гради, 100 г сино сирење (рокфор и сл.), 2 лажици реднан чедар кашкавал, 1 – 2 лажици лут доматен сос (по желба), 4 лажици несолен путер, 2 мали лажички сув квасец, 2 лажици кафеав шеќер, 250 мл млако млеко, 2 ½ чаши брашно

Приготвување:

За да ја направите смесата од пилешко, сварете го и исечкајте го на коцки месото, Додајте му ги здробеното сино сирење, ренданиот кашкавал, стопетниот путер и лутиот сос. Промешајте да се измешаат вкусовите. Во еден сад загрејте го млекото, додајте го шеќерот, мешајте да се растопи, па префрлете го во поголем сад. Додајте 2 чаши од брашното, квасецот, па почнете да мешате со миксер (со маталки за тесто), додека добиете хомогена смеса. По потреба додајте го остатокот од брашното. Префрлете ја смесата на набрашнета површина и замесете лесно, па формирајте топка и оставете го да стасува во чист, малку намастен сад, покриено со најлонска фолија. По два часа, префрлете го на малку набрашнета површина и поделете го на 4 еднакви делови. Рацете набрашнете ги, па развлечете едно тесто во долг цилиндер. Над ова распоредете по малку од смесата со месо, притиснете со прстите, па потоа повлечете ги краевите од тестото над смесата и залепете ги. Формирајте долг цилиндер и расечете го на 12 парчиња. Повторете ја постапката со остатокот од тестото. Распоредете ги готовите коцки на плех покриен со хартија за печење. Оставете ги да стасуваат на собна температура 30 минути, малку да се крене тестото. Потоа печете ги во рерна загреана на 200 степени, 5- 7 минути, додека добијат убава боја на површината. По желба пред да ги послужите премачкајте ги со малку стопен путер.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.