Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Запомни ме

ТЕМА: Силата на емоциите

Силата на емоциите 03 Окт 2010 01:54 #57344

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
„Луѓето поради тие емоции се толку слаби и кршливи„
ја слушнав денес оваа изјава, па ми текна да ја поставам темава.

Што мислите, колку има вистина во тоа? Дали поради тие емоции сме лабилни и лесно може секој да не „скрши„?

Верувам дека до некаде има вистина - кога некој близок кого многу го сакаме е во безизлезна ситуација и му треба помош, подготвени сме во очај, да го прифатиме и она за кое сме мислеле никогаш нема да го сториме. Да ни рече некој да ја продадеме душата - ќе го сториме тоа.

Од друга страна пак тоа може да биде и поттик - љубовта кон ближниот и желбата да му биде добро не тера да најдеме сила и да истраеме во се што е пред нас да го совладаме.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 03 Окт 2010 01:56 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: D-r Anastasija Atanasoska

Силата на емоциите 03 Окт 2010 18:36 #57481

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
Што би правеле без емоции, каков би бил светот?? Подобро кршливи, отколку без емоции.

Само понекогаш си викам-бар да не бев до толку осетлива....

А за љубовта кон ближниот, па да, се би требало да направиме за ближните. Ама колку сме спремни? Барем јас искрено, колку и да се трудам, како да не можам сите луѓе вистински да ги сакам, не знам да мразам, ама ете, некој кога ќе ми згреши-не можам да го љубам од срце.... за жал :(
The administrator has disabled public write access.

Силата на емоциите 03 Окт 2010 19:02 #57486

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
  • Карма: 347
Емоције покрећу свет, због емоција се воде ратови..у емоцијама се рађа нови живот, због емоција се убија..

Љубав, страст, мржња..емоције које чине живот, а ако не научимо да их контролишемо, могу и потпуно да нас упропасте..али оно што је још страшније, је остати без њих и постати равнодушан..
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Frenky

Силата на емоциите 04 Окт 2010 01:02 #57529

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
Nebo wrote:
некој кога ќе ми згреши-не можам да го љубам од срце.... за жал :(

Накратко да си се корегирам, под болдираното не мислам на секојдневни грешки, таман работа, туку на луѓе кои многу ме повредиле и не им е грижа....
The administrator has disabled public write access.

Силата на емоциите 13 Окт 2010 15:07 #60730

  • nensi
  • nensi's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 10
  • Thank you received: 1
  • Карма: -1
На моменти се мразам зошто сум толку голем емотивец.На се пристапувам со емоции.За секоја туга срека за секоја туга несрека а и за сопствените ги доживувам многу емотивно и секогаш плачам.Силата на емоциите никогаш не можам да ја сокријам и со солзи ја искажувам.
The administrator has disabled public write access.

Силата на емоциите 30 Окт 2010 03:54 #66683

  • Mladenovska
  • Mladenovska's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Децата се најголемото богатство
  • Теми: 786
  • Thank you received: 189
  • Карма: 0
Темава е прекрасна, браво Ане! :srce:
Пред повеќе од 7 години, силата и емоциите на мм ме спасија од болест.Замислете, тој период лежев скоро 2 недели во болница. Ако не беше мм постојано да биде до мене, да ме ведри, насмејува,држи за раце,расположи, храни, напојува - не бев во состојба да бидам самостална. Неговата сила мене ми ја пренесе, покрај терапиите што ги примав во болница - неговите чувства, многубројните пролеани солзи, искрената љубов мене ме кренаа од постела во која тонев. Тоа и докторите го потврдија дека само љубовта и надежта може да спаси човечки живот. Тоа е мојот пример. Затоа многу сум му благодарна и премногу си го сакам и почитувам. Ако не беше тој којзнае што ке беше со мене тогаш.... :wtf:
*****СРЕЌНА НОВА 2011 *****



The administrator has disabled public write access.

Силата на емоциите 30 Окт 2010 04:24 #66707

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2797
  • Thank you received: 647
  • Карма: 26
tolku sum emotivna sto duri ponekogas si se cudam sebesi , kako sum mozela vo taa i taa situacija da mu pomognam nekomu , znaejki deka sebesi ke si nastetam
ama ete ednostavno , nemozam da gledam koga nekoj pati
Ane ova ti e mnogu dobro kazano
љубовта кон ближниот и желбата да му биде добро не тера да најдеме сила и да истраеме во се што е пред нас да го совладаме
:srce:
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Силата на емоциите 06 Јан 2011 15:36 #99325

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Телото е автомобилот а емоциите се горивото кое му овозможува да функционира! Зарем може автомобилот да не одведе некаде доколку не му дадеме гориво? Иако и некои други примероци од животинскиот свет имаат примарни инстинкти, емоциите се нешто кое единствено човекот како врста го има! Некористењето на истите т.е декларирањето дека се немаат емоции мене ми изгледа како да изјавам дека не сум човек. Но, овде под емоции не ја подразбирам само љубовта (иако тоа е првичното нешто на кое помислуваме), туку и сите оние позитивни и негативни емоции кои се јавиваат како реакција на секојдневните нешта. Ова е причинско-последичен свет, па уште Њутн тоа го дефинирал како закон на акција и реакција. На секое непто кое ќе се случи, кое ќе го видиме, слушнеме...итн, ние реагираме...А реакцијата е проследена со емоција. од позитивните емоции не треба да се плашиме, тоа се оние креативните...но негативните емоции - е тоа се оние кои се прикриениот ѓавол и за кои мислиме дека се нормални појави, но доколку претерано се доживуваат доведуваат до крах на личноста. Ако сепак зборувам искрено, не сум Далај лама и немам сеуште раскрстено комплетно со некои негативни емоции кои многу ретко, но сепак знаат да се појават во моево битие..можам да кажам дека сепак доколку сме свесни дека тие негативни емоции не разјадуваат малку по малку нас и оние околу нас - тогаш треба малце кочница..Да се подсетиме дека животот ни е даден да го живееме, еден ни е и единствено наш...и да се опуштиме. За позитивните емоции, особено љубовта, кралицата и мајката на сите добра кои не опкружуваат, најголемата креативна сила која постои - можам да кажам илузорно е да се воздржуваме и да ја потиснуваме..Некогаш нашата љубов не е возвратена, но сепак тоа не е причина да бидеме ладни и рамнодушни.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Силата на емоциите 06 Јул 2011 06:06 #144124

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
Ананда wrote:
...А реакцијата е проследена со емоција. од позитивните емоции не треба да се плашиме, тоа се оние креативните...но негативните емоции - е тоа се оние кои се прикриениот ѓавол и за кои мислиме дека се нормални појави, но доколку претерано се доживуваат доведуваат до крах на личноста.

Па, многу често и негативните емоции се креативни, дури и покреативни од позитивните, не` тераат да размислуваме и не` мотивираат да направиме нешто, да не се откажеме „од прва“. Не секогаш правиме нешто од љубов. Тука се и бесот, гневот, инаетот, кои можат во одредени ситуации да „ни дадат“ крила и сила.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
Последна промена: 18 Окт 2011 14:11 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Helix

Ре: Силата на емоциите 07 Јул 2011 04:40 #144210

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
  • Карма: 3
Ананда wrote:
Иако и некои други примероци од животинскиот свет имаат примарни инстинкти, емоциите се нешто кое единствено човекот како врста го има!

Emociite se javuvaat i kaj zhivotnite i kaj lugjeto, a chuvstvata se javuvaat samo kaj lugjeto.

Inaku, jas ne se smetam za mnogu emotiven tip. I nesrekjite se del od zhivotot, treba da nauchime hrabro da chekorime a ne za sekoj problem da se plache.
Последна промена: 07 Јул 2011 04:40 by Helix. Причина: pechatna greshka
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane

Најново на форумот

  • No posts to display.