Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Запомни ме

ТЕМА: Како децата го доживуваат светот околу себе

Како децата го доживуваат светот околу себе 04 Окт 2014 19:03 #252653

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Што црта вашето дете?

Психолозите тврдат дека со помош на цртежите вашето дете ги искажува своите емоции, својата душевност, својот начин на кој го доживува светот околу себе.

Мислите на детето се скриени во цртежите. Ако сакате да погледнете во неговата душа изберете момент во кој тоа ќе изрази желба да црта и предложете да го нацрта своето семејство.Не го прекинувајте и не го поправајте додека црта. Тивко следете го. Ве очекуваат интересни откритија…

Мама, тато и јас

Во каков редослед ги нацртало членовите на семејството?Ако започнало прво со себе-тоа значи дека е егоцентрично. Така и треба да биде. Сепак тоа црта свој свет,во кој тоа е главен херој.После себе детето го црта следниот член на семејството,кој според него е најважен.Последен на цртежот треба да биде домашниот миленик… Но ако мачката или кучето се најдат на второто место, веднаш после него, тоа значи дека се чувствува осамено. Ако детето “заборави“ да нацрта некој близок-тоа е сигнал за тревога. Се толкува од психолозите,дека тој човек не му е важен и пријатен.Причините можат да бидат најразлични.Ако детето се црта себе си премногу мало,значи дека целосно е зависно од своите родители и ги доживува, како пречка за развој на споствениот идентитет и креативност.

Сите заедно

Ако на цртежот,сите стојат еден до друг,фатени за раце,детето се чувствува како дел од семејството. Тоа верува во љубовта што му ја давате. Најблиску до себе детето го црта нај-саканиот човек,на кој може да му се довери целосно. Родителите,кои малку разговараат со своите деца се обично на крајот на цртежот.Не е добро ако двата родители се нацртани свртени со грб. Помалите браќа и сестри често знаат да се најдат на страна од другите. А доколку се нацртани многу мали,значи дека детето е љубоморно и бара внимание од родителите. Огромните насмеани лица,цветови,балони,пеперутки, сонце…се јасен знак дека детето се осеќа добро во семесјтвото.

Раце,нозе и глава

По големите деца знаат да ги нацртаат сите делови на телото.Недостигот на било кој дел од телото е лош знак.Долгите раце за некој член од смејството,говорат за страв од него,дека тој знае да удри и повредува.Ако таткото често вика на глас,детето може да заборави да му нацрта уста.Големите и дебели нозе значат дека детето често е напрегнато и подсвесно бара посигурна семејна атмосфера.Дете,кое црта долги нозе се стреми кон независност,а ако во цртежот рацете се нацртани нагоре-не е добро.
Тоа значи дека тоа сака да заплашува и ужива кога родителите се плашат од него.Ако пак детето се осеќа непријатно,тоа црта страшни физиономии со протегнати раце на страна и големи прсти.

Бои и боење

Најблиското и сакано суштество,детето ќе го нацрта во иста боја со која се обоило себе си.Енергичните и неспокојни деца обично одбираат топли и јарки бои-црвена и портокалова.Ладните бои повеќе ги користат тивки,повлечени и сериозни деца.Тие ја сакаат сината и жолтата.Контрасти на црно и бело означува внатрешен конфликт,со кој детето не може да се справи.
Обратете внимание како вашето дете ги бои цртежите.Ако моливот често излегува од границите на линиите,детето е слободно и независно.Ако цртежот е обоен сосема правилно,дури ако меѓу боичките и линиите има празнина…знак е дека,детето нема самодоверба,се осеќа незаштитетно и има потреба од подршка
Последна промена: 04 Окт 2014 19:05 by Fairy. Причина: слика
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister

Ре: Како децата го доживуваат светот околу себе 30 Окт 2014 17:16 #252839

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Нормален психомоторен развој кај деца до пет години

Показатели за нормален психомоторен развој на возраст до 9 месеци:

Удвојува исти слогови („ма ма“, „да да“)
Го разбира зборот не
Копира звуци и гестови од другите
Користи прст кога сака да покаже нешто
Мавта („па па“)
Има омилени играчки, знае да игра криенка („ѕе“)
Ползи, стои придржувајќи се, седнува само
Нрмален психомоторен развој кај деца до пет години

Показатели за нормален психомоторен развој на возраст до 12 месеци:

Го знае своето име и реагира на него
Следи едноставни вербални налози
Појава на првиот осмислен збор
Користи едноставни гестови, како мавтање со глава за „не“
Имитира – почеток на формирање имитативна игра
Истражува предмети (тресење, фрлање), наоѓа скриена играчка, истовремено удира два предмета
Стабилно седи и брзо ползи, може да се подигнува, да стои и да оди со придржување за мебелот, после 12м проодува

Показатели за нормален психомоторен развој на возраст до 15 месеци:

Изразито мрмори и вокализира, кажува 4 – 5 зборови
Гради кула од 2 – 3 коцки, шкрта со молив по хартија
Повеќе помага при облекување и хранење
Покажува кон тоа што го сака или му треба
Сака да ги гушка родителите
Оди самостојно на широка основа, умее да се наведне и да ја дофати играчката од подот
Показатели за нормален психомоторен развој на возраст до 18 месеци:
Кажува 5 – 10 зборови
Идентификува еден или повеќе делови од телото
Покажува употреба на една (доминантна) рака, црта права уста на лист хартија, врти листови на книга (најчесто по две страни одеднаш)
Играта е комплексна – не ги става веќе играчките во уста, гради кула од 3 – 4 коцки, тркала топка или ја удира со нога и притоа држи рамнотежа
Соблекува чевли, се обидува самостојно да се храни
Добро оди, трча, се симнува по скали со помош

Показатели за нормален психомоторен развој на возраст до 24 месеци:

Составува 3 зборови заедно, може да побара предмет по име
Гради кула од 6 коцки, слуша приказни со сликички
Ужива во игра со фрлање и фаќање на топка, нижење на перли на конец
Препознава семејни слики
Добро ракува со лажичка, помага при соблекување
Добро трча, се кажува и се симнува по скали самостојно, отвора врата, се качува по мебелот
Нормален психомоторен развој кај деца до пет години

Показатели за нормален психомоторен развој на возраст до 30 месеци:

За себе се обраќа со „јас“, го знае своето име
Гради кула од 8 коцки, црта хоризонтална и вертикална линија, имитира круг, сложува сложувалка од 3 – 4 дела.
Прв цртеж на човечка фигура (т.н. „полноглавец“)
Помага при средување на играчки, присутна имагинативна игра
Најрадо игра само или во присуство на други деца, но се уште не заедно со нив
Скока

Показатели за нормален психомоторен развој на возраст до 36 месеци:

Ја знае својата возраст и пол, брои до три предмети, три броеви, коментира додека црта, води разговор со себе или играчките
Гради кула со 9 коцки, копира круг, прецртува крст
Воспоставување на визумоторна контрола (движење на молив во рака)
Помни и извршува посложени барања по редослед
Игра едноставни игри (паралелно со другите деца), сака да ги имитира активностите на возрасните, кон куклите се однесува
како кон дете
Се качува по скали нога пред нога, стои за момент на една нога, може да вози трицикл
Нормален психомоторен развој кај деца до пет години

Показатели за нормален психомоторен развој на возраст до 48 месеци:

Брои 4 парички точно, раскажува приказна
Имитира конструкција на мост, копира крст и коцка, црта човечка фигура со 2 до 4 делови освен главата
Игра со неколку дека со започнување на социјална интеракција, играње улоги
Воспоставување тоалетен тренинг, само оди во тоалет
Скока на една нога, фрла топка, користи ножички за сечење на сликички, спретно се качува

Показатели за нормален психомоторен развој на возраст до 60 месеци

Именува 4 бои, повторува реченица со 10 зборови, брои 10 парички точно
Црта триаголник од слика, распознава тежини (го именува потешкиот предмет од два споредени)
Се соблекува и облекува самостојно, поставува прашања за значењето на зборовите, игра улоги (членови од семејството)
Прескокнува препреки
Нормален психомоторен развој кај деца до пет години

Според Американската Академија на невролози, наведени се 5 предупредувачки знаци за АСД. Неспособноста на детето да ги постигне некои од следно наведените патокази е препорака за евалуација на развојот на детето, со цел да се исклучи аутизмот.

Отсуство на гугање до 12 месеци
Отсуство на гестови, покажување или мавтање („па па“) на 12 месеци
Ниту еден прозборен збор до 16 месеци
Отсуство на два заеднички и спонтано изговорени зборови до 24 месеци, а тоа не е ехолалија
Губење на претходно постигнати говорни или социјални вештини на било која возраст
Доколку кај детето отсуствуваат очекуваните постигнувања за неговиот развоен период, особено се препорачува консултација со професионалци за ран детски развој, со цел да се утврди дали станува збор за нормална варијација во текот на развојот или станува збор за развојно отстапување.
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.