Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Запомни ме

ТЕМА: Дали денес постои другарство?

Дали денес постои другарство? 25 Сеп 2014 12:30 #252555

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
  • Карма: 7
Во последно време многу размислувам за оваа тема, како да не останаа луѓе на кои можев да им се довериш и да бидеш сигурен дека тој човек нема да те прекажи, озборува, да се сити на твоите проблеми и маки. Обично кога сме нервозни ни треба да си кажеме на некој, со самото зборување и нервозата полека излегува од тебе и се чувствуваш посмирен. Но на денешно време треба многу да внимаваш на кого се доверуваш, за да не ти се врати твојата искреност како бумеранг.

Многу завидливост има во луѓето, многу дволичност, гледам луѓе седнати на маса во кафеана заедно, како прекрасно си врват, а истите тие во отсуство на другите на маса со мене ги озборувале баш тие и кажувале се најлошо, за сега да се први пријатели. Значи тие истите кога јас не сум била на маса, мене ме озборувале, јас не сум човек кој зборува, или пак прекажува на друг она што мене ни довериле, и чувствувам дека јас и мм не им одговараме толку за друштво, нема што муабет да прават со нас, не озборуваме или прекажуваме.

Јас моите другарки си ги имам ставено во неколку фолдери, и знам со секоја од нив до каде можам да одам. За жал сеуште правам грешки, ќе си се исповедам на другарка, ова посебно важи за оние од маалата со кои сум цел живот, и тоа потоа да си го слушнам од друга страна, некако не ми доаѓа паметот.
Имам неколку другарки кои ги знам најмалку, но најмногу можам да им се доверам. Со нив склучив пријателства пред 5-10 години кога веќе и сам можеш да ги процениш луѓето, и не сум блиска да се слушам секој ден, н кога ќе се видам, било тоа на еден-два месеци, и тогаш можам да си кажам се, можат да ми кажат се и тука завршуваме, испразнет од негативната енеергија, наполнет со позитивна до следната средба.

Чувствувам дека на околината им пречи тоа што и двата со мм сме вработени, со солидни плати, направивме многу за кратко време без помош од никој, и луѓето завидуваат. Јас мислам дека немаштијата меѓу луѓето уште повеќе ќе ги потенцира лошите карактеристики во нив и се помалку ќе има вистинско другарство. Можеби грешам, не знам.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дали денес постои другарство? 25 Сеп 2014 18:54 #252561

  • Annabel Lee 2
  • Annabel Lee 2's Avatar
  • Offline
  • new born
  • ex Annabel Lee
  • Теми: 24
  • Thank you received: 3
  • Карма: 0
Точно дека има дволични луѓе, за мене мизерни, оговарачи, безобразни. Тоа се луѓе кои се духовно празни и имаат ниски вредности, го издигаат своето его понижувајќи ги другите.

Такви луѓе ама ич не ти се потребни во животот.

Во животот сум стекнала многу пријателства, со некои луѓе во различни периоди имав повеќе време да се дружам, со други помалку. Некои сум ги откачила од животот по кратка постапка баш од горенаведените причини.

Но имам една бројка од 10-15 луѓе со кои навистина се чувствувам опуштено, без нималку стеснување разговарам со нив за многу работи, од зезање до совети и знам дека кога и да им се јавам ќе ми помогнат за било што.

Тоа се моите другарки кои се дел од мене и кои се мојата совест во многу ситуации...И да, од моето искуство можам да кажам дека вистинско другарство сеуште постои. :dozd:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дали денес постои другарство? 29 Сеп 2014 00:57 #252583

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
Постои вистинско другарство, иако во денешно време се` поретко го има. Секој си има свој живот, обврски и планови. Во борбата за подобра иднина, денес сите ние имаме многу малку слободно време. Не се гледаме често ниту со своите блиски (од семејството), а не пак со пријатели и другари. Ова го кажувам од свое искуство, тргнувам од самата себе. Немав одено кај мајка ми по свадбата на брат ми (7.9.) околу 15-20 дена. Бев за кратко само да земам нешто. Откога живееме сами со мажот ми поретко одам кај моите (и поубаво ми е во домот, и имам повеќе обврски и пооддалечена сум со местото на живеење) за разлика од претходно. Со зголемувањето на обврските немам време за дружење како порано. Можеби е период, но сепак, не е исто кога човек живее кај родителите и кога е во брак. Секако, за честите дружења, голема улога играат и финансиите. Тие се голем фактор.

За тоа дека царува љубомората на секој агол, тврдам и јас. Се забележува убаво, и меѓу непријателите и меѓу пријателите. Јас не завидувам никому. Секој е креатор сам на својот живот. Секој треба да си гледа за себе, да се бори да создаде нешто и да постигне нешто во животот. Нормално, има лица кои до славата и успехот дошле со минимален труд или без никаков труд, но и такви кои преминале низ се` и сешто (сито и решето) за да го добијат тоа што го имаат сега. Ним треба да им се симнува капа. Таквите лица се заслужни за почит и восхит и треба да послужат како пример. Кога сите би се занимавале со своите животи, наместо да се интересираат за другите, се` би било подобро.

Јас имам повеќе другарки, но како поминува времето, се` поретко и поретко се гледам со нив. Секоја е на своја страна (омажени, живеат во заедница, работат, со мали деца, очекуваат деца,...). Неомажените мислат дека ние омажените не смееме да излегуваме, па поретко се јавуваат за кафе-средби. Не` има секакви на овој свет. Не треба да си замеруваме едни на други, зашто не знаеме како му е на другиот (не сме во негова кожа). Кога ќе го сфатиме тоа, ќе ни биде многу полесно.
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

Последна промена: 29 Сеп 2014 00:58 by Независна.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дали денес постои другарство? 29 Сеп 2014 08:26 #252584

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
  • Карма: 32
Jas mozam so zadovolstvo da kazam deka imam tri drugarki i cel kup prijateli/ki i poznanici/cki. Za niv dve bi go dalazivotot, a i oni za mene, barem taka se dokazale. Kaj niv nema ljubomora i zavist zaedno se raduvame za ubavite nesta i taguvame za losite.
Ima drugarstvo i sega no samo so vistinskite lugje vo vistinsko vreme, se eostanato e privremeno prijatelstvo i delenje na zaednicki interes.
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.