Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

ТЕМА: Анксиозност

Ре: Анксиозност 06 Фев 2012 09:34 #178578

  • eleonora
  • eleonora's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 597
  • Thank you received: 246
  • Карма: 0
elka wrote:
I mene pred dve godini me fati eden period koga sekoj den mislev deka kje umram. Imase nekolku situacii na moi mnogu bliski licnosti koi se razbolea od teski bolesti i taka nekako mi se uvrte vo glava deka i jas kje se razbolam. Po nekolku pati sripuvav vo tekot na nokjta i imav cuvstvo kako da se gusam, kako da ne mozam vozduh da zemam. Samo ako cuev nekoj da zboruva za nekoja bolest odma mi se slosuvase do pripagjanje, se potev kako da e sred leto, abe uzas. Osven mm ne znaese nikoj, toj period sobiravme dokumenti za IVF pa se pregledav kompletno i se mi bese vo najdobar red. Mi bese strav da pijam dijazepam ili nesto za smiruvanje da ne me uspie tolku pa da ne mozam da se razbudam ako pocnam da se gusam, nonsens ama ete.
Si go najdov krajot so pozitivni misli, sekoj pat koga kje mi se slosese vo sebe si mislev - Nisto ne ti e samo se glupiras, ajde prestani sega i teraj ponatamu ne si izmisluvaj gluposti. Abe imav cel ohrabruvacki tekst vo glava za takvi situacii. Seuste ponekogas mi se slucuva osobeno ako slusnam deka nekoj se razbolel ili ako gledam nesto na televizija. Ozbilno pocnav da izbegnuvam serijali od tipot na Haus itn. Spored mene pozitivnite misli se resenie za se :)

:gp: Ова како јас да сум го пишувала,ама до збор.многу смртни случаи во семејството ми беа капак на се и уште ми се.иако пробувам со позитивни мисли,нема ден да не помислам-што ќе прави синко ако ме нема,уште е звисен од мене,па нема да знае ова-она и до бескрај.Утредента ќе се оправам,си викам млада си не го тупи:zid: ама што да правам посилно е од мене:poimnemam: И така си терам....
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo, Elka

Ре: Анксиозност 06 Фев 2012 11:23 #178601

  • mama
  • mama's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • *Be happy*
  • Теми: 903
  • Thank you received: 448
  • Карма: 7
eleonora wrote:
Утредента ќе се оправам,си викам млада си не го тупи:zid: ама што да правам посилно е од мене:poimnemam: И така си терам....
Не е така! Ништо не е посилно од тебе! Нема така да си тераш,туку ке си почнеш поинаку да размислуваш.Ке почнеш повеке и почесто да се смееш,да размислуваш по позитивно и ке сватиш дека она што ти е во главата не е вистина,а тоа што не е вистина не може да те повреди на никаков начин.Само со позитивни мисли и со мноооогу подршка од блиските ( и од нас :zelen: ) ке ги надминеш сите препреки :love:
??
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo, eleonora

Ре: Анксиозност 13 Мар 2012 10:40 #188122

  • mama
  • mama's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • *Be happy*
  • Теми: 903
  • Thank you received: 448
  • Карма: 7
Пишувам пак на оваа тема,оти сакам да ја размрдам :poimnemam:
Да видам до каде сме, како сме,што има старо ново?

Еве јас на пример дури вчера успеав да отидам на фризер.Си мислев дека пак ке имам напад на паника,затоа што кога бев последен пат на фризер(пред две години) добив таков страшен напад што не се опишува со зборови.Собрав храброст и отидов.Седнав и кога ми ја ставија таа престилката,како мушама што е(не знам како се вика)почнав да снемувам воздух и знаев што следи.Почна да ми се врти,ама така по малку.И почнав да си ги пренасочувам мислите на убави работи и втроглавицата за минута две исчезна.Толку сум горда сама на себе не можам да ви опишам :jupi:
??
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: bart, Cuvce

Ре: Анксиозност 13 Мар 2012 11:38 #188141

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
Ајде, мама, кажи ни барем што фризурче направи?
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Анксиозност 13 Мар 2012 11:43 #188145

  • mama
  • mama's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • *Be happy*
  • Теми: 903
  • Thank you received: 448
  • Карма: 7
барт да ти кажам искрено ништо посебно,ја скратив само некој си десетина сантими да ја обновам,дека долга ми е.Отидов со намера да ја скратам ептен,некаде до под уши,ама знаев дека нема да издршам да седам толку многу па затоа само малку ја скратив.Завршив за едно пола саат,а онака ке требаше да седам подолго.Сега ке собирам храброст за нареден пат :zelen:
??
The administrator has disabled public write access.

Ре: Анксиозност 13 Мар 2012 12:02 #188158

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
Нареден пат шатирање- тоа трае подолго, и нема бегање на пола :kiss:
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mama

Ре: Анксиозност 30 Мар 2012 19:08 #191914

  • сила
  • сила's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 6
  • Thank you received: 6
  • Карма: 0
Еве и јас решив да напишам односно споделам нешто со вас,иако досега само читав форуми а не учествував во нив. Тука некако ми се виде дека има позитивни луѓе кои и покрај проблемите со кои ссе соочуваат имаат надеж и позитивни гледања на работите.
Јас еве речиси две и пол години се соочувам со панични напади и анксиозност и барам начин за подобруванје на мојата состојба. Откако по неколку месеци увидов дека состојбата не ми се менува решив да одам на психијатар. Сето тоа болно го доживеав но се помирив. Докторот ми препиша сероксат и по извесно време почнав да се чувствувам подобро. Се ослонив на терапијата и мислев дека ок е, ке пијам лекови и после се ке ми помине. Во меѓувреме се верив и се насочив кон една друга цел а тоа е основање семејство. Во тој период докторот ми рече да почекам да престанам со терапија па потоа да работам на забременување. И така дојде денот кога докторот ми ја прекине терапијата со единствено образложение, добра си, ништо веќе не ти е. Но, јас и покрај тоа што помина една година се осетив повторно како да се вратив назад. Нема таблети да ми помогнат а згора на тоа сакам да забременам и да се сносам со нова улога. Паниките се вратија. Ми претстоеше и свадба а јас неможев да издржам. Се обратив на друг психијатар. Овој пат докторка. Таа ми објасни дека не сум била спремна за откажување на терапија и затоа ми предложи и понатаму да пијам сероксат. Јас продолжив ама цело време мислев на тоа дека треба да забременам и осекав грижа на совест. Затоа решив сама да ја прекинам терапијата. Но повторно, само што ке решам на прекин симтомите наредниот ден се појавуваат. Логички јас во крвта сеуште го имам лекот а психолошки на самиот прекин реагирам многу стресно.И така увидов дека работите не одат толку лесно како што мислев и очекував.
Ја продолжив терапијата а докторката ме убедуваше дека и да останам бремена и да продолжам со терапија, тоа не е толку страшно како што мислам. Иако јас цело време во себе си велев дека нема шанси да носам во мене мало бебенце и да пијам лекарства заради некои мои нездрави мисли кои ми прават паника.
После 4-5 месеца со докторката се договоривме да ја прекинеме терапијата (пола таблета сероксат). Најпрво бев радосна зошто дојде денот кој го чекав: да престанам да пијам апчиња и да видам до кај сум, да забременам на раат и да оставам се позади мене. Првиот ден беше ок. Вториот ден повторно истите симптоми: вртоглавици, сува уста,малаксаност, намален аптит, страв што ќе биде понатаму. Си реков овој пат не се откажувам толку лесно. Што сака нека биде. Симптомите полека поминуваа. Но мислите и понатаму ми останаа оптоварени.И повторно ми се вратија истите работи што ми правеа паника: јас не сум ок, другите ќе забележат дека нешто не е во ред со мене, другарка ми сигурно ме забележала со неа неможамда одам на кафе. Одам ама тоа го правам со сила без уживање. Каде и да треба да се оди јас одма си ја претставувам ситуацијата како да сум на тоа место и таму ме фаќа паника и луѓето го забележуваат тоа,каков срам ќе биде тоа...И така решив да одам на психотерапија. Но како и се што доживував предимензионирано така и неколкуте сеанси што ги имав ги доживеав како да ме очекува нешто ново и треба да се менувам. Тогаш состојбата уште повеке се влоши. Една недела бев целосно обземена од паника, целосно исцрпена неможејќи да ги извршувам секојдневните обврски. Се јавив кај докторката и знаев што ме очекува. Повторно се вратив на сероксатот. Успеав три месеци но толку беше. Еве веќе месец дена повторно го пијам и се осеќам подобро. Но се прашувам до кога вака. Секако дека не се предавам. Да се стабилизирам уште малку и мислам да продолжам со психотерапија. Во меѓувреме почнав да спортувам и се надевам дека и тоа ќе ми помогне.
Но едно нешто ме мачи. Тоа е формирањето семејство. Секако дека треба да си опуштен за тоа, ама јас поминав низ толку работи што незнам колку време ќе ми треба да се опуштам.
И се така се врти во круг, јас читајќи се повеќе дознавам и се надевам дека тоа ќе ми помогне.
Долга бев со своето излагање ама веќе кога решив да пишувам..... :)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mama

Ре: Анксиозност 31 Мар 2012 03:31 #191929

  • mama
  • mama's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • *Be happy*
  • Теми: 903
  • Thank you received: 448
  • Карма: 7
сила :love:
Добре ни дојде на форумот :hug:
Убаво си заклучила дека на форумот има многу позитивни луге и со самото тоа позитивни вибрации.Верувај ми дека ако прололжиш да се дружиш со нас и да си ја отвараш душата ке ти биде многу полесно.Имаш многу убави теми кои треба да ги прочиташ,а и ке ти требаат како на идна мамичка.
А сега за анксиозноста...Јас како што знам лекарствата се потребни во одредени ситуации за надминување на паниките,ама сепак тврдам дека се е до самите нас и до нашата внатрешна сила.Јас поминав многу со мојата анксиозност.Кога велам многу,мислам навистина мноооогу.Но, не сакам да пишувам за тоа колку ми било лошо и тешко тогаш,сакам да пишувам колку ми е подобро сега :da: Сакам и ти да сватиш дека излез има и може да се надмине оваа состојба.Не е ниту малку лесно и едноставно,ама ако се сака се се може.Мора да го смениш начинот на размислување и на доживување на работите и на ситуациите.Не е се така како што тебе ти изгледа.Не е толку страшно.Само мора да бидеш упорна и да почнеш да се соочуваш со стравовите.Ако сакаш да ги надминеш мораш да им погледнеш во очи и да им дадеш до знаењње дека не се тие посилни од тебе.Дека ти управваш со нив а не тие со тебе!Ако не можеш сама,за почеток побарај помош од психотерапевт.Тој може да ти помогне да ги детектираш проблемите кои ги имаш длабоко во себе.И штом еднаш веке ке знаеш каде е проблемот,многу полесно ке го решиш.Јас ке бидам тука зза тебе во секое време,да те сослусам и ако можам да ти помогнам.Знам дека си силна,се гледа по постот и по твојоѕ ник и знам дека можеш да успееш.Коцките ке си се склопат и ке пристигне и твојот бебуш,немој да се секираш :srce:
??
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: сила

Ре: Анксиозност 31 Мар 2012 16:41 #191988

  • сила
  • сила's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 6
  • Thank you received: 6
  • Карма: 0
mama,фала многу за подршката! :)
Инаку незнам дали сте запознаени, има една книга се вика Panic away. Јас почнав да читам нешто од неа и многу работи ми се уверливи. Само не сум сигурна колку таа техника што таму е прикажана може да придонесе за намалување на паничните напади.
Како и да е, јас и понатаму ќе истражувам со надеж за подобро утре.
Многу ми е криво што пак се вратив на терапија со таблети иако докторката ми вели да не го сваќам тоа толку трагично. Сега за две недели повторно треба да одам на преглед па да видиме што ќе се договориме.
Со психотерапија секако ке продолжам бидејќи бев само три пати а треба минимум десет пати. Тоа е гешталт терапија и сакам да прашам дали има некој искуство со ваков вид на терапија.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Анксиозност 01 Апр 2012 08:09 #192090

  • mama
  • mama's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • *Be happy*
  • Теми: 903
  • Thank you received: 448
  • Карма: 7
Знам за книгата,ама ја немам читано.Знам дека на многумина им има помогнато.Ама знаеш јас што мислам?Не е финтата во тоа да прочитаме вакви или онакви книги,туку да ги примениме советите кои ни ги нудат.Џабе читаме ,ако после се прочитано пак сами решиме дека ние тоа не можеме да го направиме.Можеме,само треба да бидеме упорни,да имаме волја и мотив,и да не се откажуваме.За сиве овие години колку што се борам со анксиозноста,освен Б6 друго ништо се немам напиено.Сакаше психијатарот да ми даде апчиња,ама јас реков дека сакам прво да видам сама што и колку можам да направам.И денес на пример ако осетам внатрешен немир,ке се напијам еден бедоксин и готово.Се е во умот.Како ние си го програмираме,тој така и ке си работи :cmok:
??
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo

Ре: Анксиозност 01 Апр 2012 13:12 #192111

  • сила
  • сила's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 6
  • Thank you received: 6
  • Карма: 0
:da: се сложувам mama со тебе, можеби и јас ќе можев без терапија ама мене овој проблем ми беше многу непознат, а докторот веднаш ми препорача да пијам и јас тогаш си мислев дека терапијата те лечи. Сега знам дека само ти помага, а ти си тој што треба да се извлечеш од ситуацијата..
Тука малку гледам вина и во психијатарот. Тој е тој што треба да ти објасни зошто на почетокот во него го гледаш спасот. Мислам дека само тој што поминал низ вакви работи може целосно да те свати. Затоа и после го сменив психијатарот, но веќе кога го сменив паничните напади пак ми се вратија и тогаш уште повеќе се исплашив.
Како и да сакам сето тоа да го оставам позади мене и со нови сили да продолжам понатаму. :hug:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Анксиозност 01 Апр 2012 18:12 #192128

  • Inicka
  • Inicka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 291
  • Thank you received: 196
  • Карма: 4
Sila,
da bideme iskreni seroxatot niti moze da te izleci,niti pa da te napravi posilna.Samo moze da ti stvori zavisnost kako i sto ti stvoril,da te fakja panika ako vo momentot vo tashna nemash apce,ako si ostanala vecerva so poslednata tableta a nemas nova kutija,a vsusnost tebe ne ti e taka samo ti si mislis deka ke ti se sluci nesto.Kako prvo tolku dolgo pienje AD nemaat nikakvo dejstvo,tie deluvaat samo prvite 2-3 meseci najjako max.do 6m i sama si primetila.Koga pocna da gi pies se osekjase super,nema stravovi,vnatresno i nadvoresno zracis,polna so samodoverba,bukvalno kako vo struja uklucena i polse nekoe vreme pafff magijata ja snemuva.
Tebe povekje ne ti se potrebni bidejki znaes sto znaci panika i deka sekoj pat pominuva.Sporedi se sto si misleshe prviot pat koga te fati(kolku bese odvratno,mislese deka ke ti se sluci najloso) i sega (vikas deka si bila so drugarka na kafe,si sedela,znaci mozes da ja kontroliras).Probaj postepeno ostavanje na tabletite,prvo pola nedela dve,pa cetvrtina uste nedela dena do nula.Ne ti treba psihijatar ti si samata na sebesi najdobar doktor inajdobro mozes da ocenis sto ti e potrebno a sto ne.Ke se cuvstvuvas odlicno koga skroz ke se otarasis od niv,kako kamen da ti padnal od srceto,ke bides slobodna.Normalno treba golema podrska od okolinata,prvenstveno mazot ti vo tie momenti da te svati ,da te gushne i uteshi.
Jas licno imav problem so tie panicni napadi i znam kakvo e cuvstvoto,najiskreno poloso nema ali ednostavno vo glava si go staviv toa deka od panika uste nikoj ne umrel,sosema e bezopasno kako shtucanje.Koga ke mi se povtoreshe a znae i sega od vreme na vreme da dojde samo pomisli na prethodnovo sto ti pisav i momentalno stopiraj gi mislite sto ako mi se sluci da se onesvestam,koga ti doagja ona cuvstvo nemanje na vozduh vdishi dlaboko na nos i izdishi poleka na usta...seto toa trae tocno 7 min :) .Jas sum imala situacii bukvalno ke me fati i ke kazam na glas lelelelel stenicoo edna pak li,ajde ke se zabavuvame 7 min :laugh: i op ke pomine.
Isto taka mnogu vazna rabota da ja najdes pricinata poradi koja i proizleguvaat tie paniki.Koga ke ja znaes pricinata veruvaj mi deka preku nokj se ke iscezne.Mislovno ke se soocis so taa situacija i ke ja razglobish na najsitni delovi, i ke se zaprasas sto e toa tolku sto vo mojata podsvest vreza tolkav strav.Veruvaj mi navistina deluva.Ti si taa sto ja predizvikuva panikata,ti mozes da ja kontroliras i da i kazes deka od utre ne ja sakas vo tvojata glava.Ti odreduvash kako ke se cuvstvuvas i dali ke se plasis.
I ako sakas da ostanes trudna moras minimum 3 meseci da si bez tableti,a veruvaj deka koga ke si gi vidis dvete crticki na testot za bremenost posledno sto ke ti tekne ke bide panika,a tek bebeto koga ke go vidis ke zaboravis deka nekogas si imala takov problem. :srce:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mama, Nebo, Dilberta, Helix, vistina

Ре: Анксиозност 02 Апр 2012 04:29 #192153

  • темјанушка
  • темјанушка's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 314
  • Thank you received: 197
  • Карма: 0
Драга Сила,

Ти посакувам побрзо да се ослободиш од стравовите и паничните напади со кои се соочуваш. Сум била сведок на многу блиска личност која се бореше со овој проблем. Сероксатот е лек и делува, не ствара зависност како што ти пишува Иничка, меѓутоа да е во склоп со психотерапија. Основно е што треба да го пиеш најмалку една година со доза приспособена на тебе, без прекини како што си правела. За тоа време додека го пиеш ти си ослободена од паниките и стравовите кои идат со неа, и можеш да се свртиш и поработиш на себе, на она што ти ги предизвикало сите овие проблеми. Значи мојата блиска личност одеше 2 пати неделно на психолог. Прво и основно ги запишуваше сите сонови во тетратка па заедно ги толкуваа. Потоа разговараа за се, за работа, факултет, семејство, врска. На крај самиот се соочуваш со она што те мачело потсвесно цело време. Во овј случај беше стагнација во факултетот, поставени цели многу високи а неисполнети, притисок од родителите.
Значи сето ова нема да се случи преку ноќ. Потребно е време, трпение и подршка од луѓето околу тебе. Слободно разговарај, не се плаши. Најди начин да бидеш окупирана што е можно повеќе за да немаш време да мислиш на стравовите. Хобија, работа, активности тоа му е мајката.
А се фатиш себеси да мислиш на тоа, одма прекини, стани, смени активност.
БИТНО Е да знаеш дека поминува и трага не останува од тоа. Со тек на време бледнее додека сосема не исчезне. Затоа само храбро.

Ја замолувам Иничка да ен дава дезинформации за лековите. Напротив сероксатот за да почне да делува треба да се пие најмалку еден месец, а се пие една година најмалку. Тоа почни престани со лекот е уште полошо, затоа што му правиш шок на организмот со тоа раснење и намалување на серотонинот во организмот. Значи тоа ниво треба да биде стабилно така е и замислен.
И уште нешто има техники на смирување на кои ќе те научи психологот за смирување на вознемиреноста која понатаму те води до паничен напад. Треба да се стимулира Нервус Вагус кој делува на парасимпатикус и ги смирува автономниот нервен систем. Мислам дека се притискаа очите, потоа се масираше една точка на дланката на едната рака, потоа техниката на дишење и издишување. Тоа се се техники кои можеш и на интернет да ги најдеш а верувам ќе ти помогнат.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Анксиозност 02 Апр 2012 05:25 #192163

  • Inicka
  • Inicka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 291
  • Thank you received: 196
  • Карма: 4
temjanuska,
kako prvo ne davam dezinformacii,bidejki i jas bev zrtva na tie panicni napadi i mnogu dolgo vreme se borev so toa.Vo vrska so lekovite mozam sto posto da tvrdam deka stvaraat zavisnost (psihicka ne fizicka) svedok sum na toa.Toa e eden zacaran krug vo koj celo vreme se vrtis,prestanuvas da pies pa ne pies, pa povtorno pies.ako e tolku ednostavno kako sto vikas ke pies i ke ti pomognat i za godina dena si izlecena togas site bi bile izleceni.Imam prijatelka koja sto 5 godini kuburi so toj seroxat,ona se osekja normalno nema stravovi ali ima strav koga ke ostane bez tableta i toa polovinka.Ako ne ja ispie denta zaboravi na primer. nisto ne se slucuva do momentot koga ke i tekne deka ne se napila,znaci ova sto znaci??? zavisnost.
Uste eden primer:Komsikata moja imase paniki do stepen da ne moze da izleze od doma sama,toa bese pred 6 godini,seuste pie seroxat 1/4 tableta i vika deka se plasi da gi prekine tabletite,deka ako snema tableta za sledniot den vo sostojba e da odi vo 3 nautro da kupi da ne ja fati panika nautro koga ke stane.I ova e zavisnost.
Jas go imav istiot problem celo vreme so tabletite setav vo tasna i imase denovi koga skroz ke zaboravam i ke pominat 2 dena ke se setam i odma panika,ja pies tabletata i vo rok od 20 min sve isceznuva,epa sto e toa ako ne e zavisnost.Koga se resiv da batalam skroz,niti otidov na psihijatar niti se konsultirav so nekoj doktor(ne vikam deka mora sekoj taka da napravi),ednostavno mi dojde se preku glava i ostaviv.Ne sakas da znaes kako se osekjav tie nedela dena koga prestanav da ja piam i taa 1/4 tableta(kako da 1/4 pravese cuda,nema vrska placebo efekt samo).Odvratno se osekav,kako voz da me zgazil.Pokraj toa antidepresivite mozat da predizvikaat lazna laktacija i libidoto ti e na nula( sto e dobro vo sevo ova??)
Uste kolku primeri treba na nabrojam deka stvaraat zavisnost ili temjanuska ke kazes deka nie sme isklucok.
Jas ne se sramev od taa bolest naprotiv razgovarav so prijateli i taka mi bese polesno i koga ke izlezam so niv i da me fatese panika razgovarav.
Moj sovet za Sila batali antidepresivite i probaj da najdes dobar psihoterapevt koj ne dava lekovi ko bomboni.
Treba mnogu razgovor,najmnogu pomaga ako bliskite te razberat i go pominat seto toa zaedno so tebe.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Анксиозност 02 Апр 2012 12:30 #192234

  • сила
  • сила's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 6
  • Thank you received: 6
  • Карма: 0
Читајќи го она што сте го напишале Иничка и Темјанушка наоѓам вистини и кај двете.
Навистина има толку различни погледи и секој од свој аспект кажува што морам да признаам често пати се пронаоѓам збунета,незнаејќи дали да прифатам нешто или не.
Тоа е чист пример со сероксатот кој го пијам веќе скоро две години со пауза од три месеци (тоа беше сега скоро). Пред месец дена докторката ми препорача повторно да ги пијам бидејќи како претходно што кажав состојбата драстично ми се влоши, до степен да сум целосно исцрпена, со повраќање, нејадење 3-4 дена и слично и со страв да се обратам на лекар за да ми стават инфузија, мислејќи дека од таму дирекно ќе ме пратат на психијатрија.
Затоа како неминовно беше да се вратам на сероксатот за да се стабилизирам.
Она што се сложувам со тебе Темјанушка е дека лекот навистина има влијание во смисла на регулација на серотонинот и намалување на паниките.
Но исто така се сложувам и со Иничка дека навистина ти ствара некоја психичка зависност и кога престануваш со пиење размислуваш кој знае сега што ќе биде со мене.
Јас во овие година и пол скоро две навистина се чувствував добро додека пиев, но првото прекинување од страна на првиот психијатар заврши неуспешно, потоа сама прекинав и тоа траеше неколку дена. Потоа кога ми ги прекина (секако со моја согласност, бидејќи навистина си мислиш што се будалам јас, какви стравови)вториот психијатар траеше три месеци и толку.
Можеби и не работев доволно на себе и како и секогаш имав преголеми очекувања од себе што во ваква ситуација дава само контраефект и разочарување од себе си.
Јас од кога почнав да одам на психотерапија, а тоа не траеше подолго од месец дена почнав да се чувствувам многу полошо затоа што мислев дека треба да се менувам и да бидам некоја друга личност, а она што сум го правела во животот било погрешно и ме довело до состојба на анксиозност и паника.
Кога полека ќе си легнат работите размислуваш дека не е така, ама во состојба на паника неможеш да размислиш убаво и реално.
Затоа сега не би брзала пак да прекинуам сама, зошто сеуште ми е свежо она што се случи.
Би сакала подлабоко да навлезам во потиснатите емоции (во консултација со психотерапевт) и заштитена од терапијата поздраво да размислам и да одлучам како понатаму.
Она што сакам на крај да кажам е бескрајно благодарам на сите што ме подржувате и многу ми значат овие разговори со вас.
За мене и говорењето на форум е напредок бидејќи пред една година кога ќе прочитав нешто веднаш ме обземаа мисли ,,што ако и на мене ми биде така ,, ,,леле нема спас од ова,, и сл.
Мислам дека за оваа состојба навистина нема правило или единствен начин на кој можеш да се ослониш. Многу предвидени но и непредвидени постапки, доживувања, емоции, искуства те учат и помагаат во себесознавање. Понекогаш си мислам, па може и требало ова да се случи за да ставам кочница на работите, да увидам дека не е се како што ќе замислам, да размислувам и за себе а не првенствено да ги исполнам очекувањата на другите, да не си поставувам превисоки цели, да се опуштам и да го живеам животот без непотребен страв.
Уште еднаш, ВИ БЛАГОДАРАМ.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: темјанушка, D-r Anastasija Atanasoska

Анксиозност 02 Мај 2012 03:59 #197049

  • D-r Anastasija Atanasoska
  • D-r Anastasija Atanasoska's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 21
  • Thank you received: 8
  • Карма: 0
Dali nekoj od vas se soocil so panicni napadi? jas licno ne znam dali se napadi, fazi ili sto i da e, kaj mene od nenadez me faka strav intenziven, no nemam ni trpki po racete ni potenje, poveke kako nelagodnost? so telaoto se e ok, zdrava ko dern, ama od vreme na vreme me fakaat stravovi... sega kako da mi e pointenzivno, zaradi pat vo stranstvo koj me ocekuva vo juni, letanje so avion, koj dopolnitelno me plasi... pozzz i podelete iskustvo na nov clen
Последна промена: 02 Мај 2012 04:59 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Panicni napadi 02 Мај 2012 04:35 #197054

  • D-r Anastasija Atanasoska
  • D-r Anastasija Atanasoska's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 21
  • Thank you received: 8
  • Карма: 0
:OK: 11 прегледи за пола час, браво, само уште ни еден коментар:tupco:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Анксиозност 02 Мај 2012 05:00 #197058

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Можеби работата е што веќе постои тема во која членовите пишувале за вакво искуство, само треба да се побара :OK:
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 02 Мај 2012 05:01 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: D-r Anastasija Atanasoska

Ре: Анксиозност 03 Мај 2012 15:01 #197338

  • сила
  • сила's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 6
  • Thank you received: 6
  • Карма: 0
Ани, паничните напади се јавуваат одеднадеж и без некоја јасна, видлива причина. Може да прочиташ на интернет кои се симптомите кои се јавуваат. Има набројано повеќе од десетина. Ако имаш неколку од нив се смета дека се панични напади. Јас лично имав срцебиење, вртоглавица, мнооогу нелагодно чувство, страв дека нешто лошо ќе ти се случи или дека ја губиш контролата врз себе.
Незнам дали и ти од ова нешто си почувствувала. Можеби кај тебе те вознемирува тоа што треба да патуваш или да леташ со авион па затоа се чувствуваш така.
Најчесто се интензивираат кога треба да посетиш некое место или да се најдеш во ситуација во која претходно си доживеала ненадеен страв.
Тоа нешто што би ти кажала накратко и секако од мое искуство.
Поздравче. :)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: D-r Anastasija Atanasoska

Ре: Анксиозност 03 Мај 2012 16:58 #197353

  • Inicka
  • Inicka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 291
  • Thank you received: 196
  • Карма: 4
Ani76 wrote:
Dali nekoj od vas se soocil so panicni napadi? jas licno ne znam dali se napadi, fazi ili sto i da e, kaj mene od nenadez me faka strav intenziven, no nemam ni trpki po racete ni potenje, poveke kako nelagodnost? so telaoto se e ok, zdrava ko dern, ama od vreme na vreme me fakaat stravovi... sega kako da mi e pointenzivno, zaradi pat vo stranstvo koj me ocekuva vo juni, letanje so avion, koj dopolnitelno me plasi... pozzz i podelete iskustvo na nov clen

Imas cuvstvo kako da ke dozivees nesto a ne znaes sto????Panicnite napadi ne mora samo fizicki da se odrazuvaat ima povekje fazi.Mislam deka e dobro sto si svesna deka moze da bide takvo nesto pa ne se predavas na fizickite simptomi.Podobro da porzgovaras so strucno lice ako e vo prasanje panicen napad sto porano deluvas toa pokratko se leci i pomalce te obzema.Jas isto taka se plasev koga trebase da odam za Egipet so avion eden mesec non stop mislev na toa.Vlegov vo avion i si vikam ajde ne se zanesuvaj da pies tableti za smiruvanje ne e strasno.Poleta avionot i posle pola saat me fati napad na panika mazot mi ne znaese sto da mi pravi.Sakas da izlezes da zemes vozduh a ako izlezes se znae kade ke stignes :laugh: a letot trae uste 2 saata.Jas se izvinuvam sto pisuvam smajli ali sega mi e mnogu smesno seto toa.Srekja nosevme tableti za smiruvanje i veruvajte sum ja djvakala za pobrzo da deluva :tupco: .Mi pomina sletavme pa se vrativme i eve uste 3 godini od togas zdrava i ziva sum :) .Ani sakam da ti go dolovam momentot deka ne e nisto strasno samo treba da zapomnis deka nikoj do sega od panika ne umrel.Najdobo da zboris so doktor pred da odis nekade.Se nadevam deka ke ti pomine brzo :love:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: D-r Anastasija Atanasoska

Ре: Анксиозност 09 Мај 2012 05:13 #198204

  • D-r Anastasija Atanasoska
  • D-r Anastasija Atanasoska's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 21
  • Thank you received: 8
  • Карма: 0
Многу ти фала за советот, многу ми помогна да ги ресам дилемите. Дека ке земам нешто за смирување секако, само не знам дали да биде хелекс или несто за спиење? Се ќе сторам само да не се срамам и себе и фамилијата, поззз и најфала усте еднас на цел свет:hi5:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Анксиозност 29 Мај 2012 18:29 #201162

  • kostadinka24
  • kostadinka24's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 9
  • Карма: 0
Zdravo devojki kako ste mi?eve i jas uste edna panicarka na forumov.Bi sakala da ja prasam sila kako e kako se custvuva do kade e so terapijata i so bremenosta?Jas sum ist slucaj kako tebe pa zatoa bi sakala poveke informacii da doznaam kolku se dozvoleni seroksatot za vreme na bremenost i jas dojdov do denot koga trebase da gi otkazam i bap pak se vratija panicnite napadi i sega eve me pak so 40 mg seroksat i heleks 2 po 0.5mg
Pozdrav do site i ke ja zamolam sila dokolku e vo moznost da pisi
The administrator has disabled public write access.

Ре: Анксиозност 15 Јун 2012 09:13 #203591

  • D-r Anastasija Atanasoska
  • D-r Anastasija Atanasoska's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 21
  • Thank you received: 8
  • Карма: 0
Zdravo na site. Izvinete sto sum so pogresna azbuka, no vi pisuvam od USA. Znaci se sto se plasev od letanje t.e mislev deka se plasam ispadna edna nepotrebna griza. Vprocem, celi 2 meseci pred nasevo familijarno patuvanje se grizev kako vo avion (a ova mi bese prv pat), kako ke se funkcioniram pokraj sinot 8g i soprugot, lele poludev od misli. Ne mozev daspijam stanuvav od 5h, nemav apetit.Zatoa resiv da vi piam deka dodeka covek ne proba ne znae kako e. E toa mene mi se sluci. Na 11 juni probav 4 poletuvanja i 4 sletuvanja prv pat vo zivot. Cuvstvoto e strasnicko, ama od pusti sram i toa pominuva. Deka gledav niz prozor i deka uzivav vo oblacite ne se falam zosto oblacite gi vidov duri na poslednoto spustanje. Veruvajt se e do mislite vo glavata... Jas toa go uvidov i svativ pokasno. Pozzz do site :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Анксиозност 18 Авг 2012 08:25 #210916

  • atma
  • atma's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 4
  • Thank you received: 2
  • Карма: 0
Здраво на сите, многу ми е мило што постои овој форум. Го пребарав цел интернет на оваа тема, меѓутоа се што успеав да прочитам ме плашеше уште повеќе.. Мило ми е што постојат луѓе како мене и кои патат од овој проблем.
Јас имам 18 години и навистина ми е потребна вашата помош. Целиот мој живот сум патела од вртоглавици, но не беа силни и едноставно ги игнорирав. Зборувам за секојдневни вртоглавици 24/7. Имав една траума од детството и знаев дека од неа ми се вртоглавиците, но едноставно се носев со тој факт дека поминуваат. Но, едно утро се разбудив со толку лоша вртоглавица што не можев да станам од кревет. Два месеца се наоѓам во таа состојба, од моментот кога ќе се разбудам се додека не заспијам имам вртоглавици. Патам од напади на паника, рацете и нозете ми се тресат, срцето брзо ми чука, не можам да се сконцентрирам, нервозна сум, не ме фаќа место и не можам да спијам, а поради се ова ми се чини дека животот ми нема смисла и немам желба за ништо. Свесна сум дека имам 18 години и животот е пред мене, меѓутоа при самата помисла да излезам надвор и да комуницирам со други луѓе, ми се лоши и имам чувство на гушење. Понекогаш кога одам ми се чини дека нешто ме "носи" на една страна, како морски бранови, но одам право. Или кога седам, имам чувство дека нешто ме влече наназад. Бев на испитувања, на ушен лекар (бидејќи мислев дека е нешто со внатрешното уво), но не најдоа ништо. Бев и на психијатар и ми рекоа дека целата ситуација е психичка, дека имам страв од вртоглавиците и дека треба само да размислувам позитивно.. Ми препишаа дијазепам од 5mg 3 пати на ден - 10 дена, па на контрола. Знам дека се ми е во главата, но не можам да престанам да размислувам за тоа. Понекогаш и имам самоубиствени мисли, ми се чини дека секој ден ми е се потешко и не би можела да издржам.
Навистина би сакала да чујам што мислите вие за мојот проблем и колку толку да го решиме, бидејќи ситуацијата е алармантна..
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: COCKA

Ре: Анксиозност 18 Авг 2012 15:15 #210941

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
Многу ми е мака кога вака читам за млади луѓе, кои наместо да уживаат во животот „се носат“ со здравствени проблеми.
Дали тебе ти е дијагностицирана некаква дијагноза на лекар? Што превземаат твоите родители за решавање на проблемот? Мислам дека само еден разговор со психијатар не е доволен.
Ова околу вртоглавиците и занесувањето многу ме потсети на братучетка ми, која исто така пати од чести вроглавици и дури проблеми со одење, ама кај неа дијагностицираа проблем со некакви кристали во главата на ВМА во Белград. Тогаш прв пат слушнав дека постои нешто такво. Можеби и кај тебе е таков случај.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

Најново на форумот

  • No posts to display.