Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Запомни ме

ТЕМА: Хипноза

Хипноза 12 Сеп 2011 12:51 #153424

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Хипнозата е ментална состојба (теорија на свесна состојба) или видови на однесувања (теорија на несвесна состојба) најчесто поттикната со постапка позната како хипнотичка индукција, која обично се состои од серија на претходни инструкции и сугестии. Хипнотичките сугестии може да ги зададе хипнотизер во присуство на субјектот („хетеро-сугестија“), или може да бидат самоуправувани („само-сугестија“ или „автосугестија“). Примената на хипнотизам за терапевтски цели се нарекува „хипнотерапија“.
Зборовите „хипноза“ и „хипнотизам“ потекнуваат од поимот „невро-хипнотизам“ (нервно спиење) кој го создал шкотскиот лекар и хирург Џејмс Брајд околу 1841 година, за да направи разлика меѓу својата теорија и практика и оние кои ги развил Франц Антон Месмер и неговите следбеници („месмеризам“ или „животински магнетизам“).
Иако има популарно недоразбирање дека хипнозата е форма на несвест која што наликува на спиење, современите истражувања покажуваат дека таа е всушност будна состојба со фокусирано внимание и зголемена сугестивност, а со намалена свесност за околината. Во првата книга за субјектот, Неврипнологија од 1843 година, Брајд го опишува „хипнотизмот“ како состојба на физичко олабавување („нервно спиење“), придружено со и поттикнато од ментална концентрација („отсутност“).
Примена

Хипнотерапија


Главна статија: „Хипнотерапија“.
Современата хипнотерапија може да се подели во неколку главни под методи, од кои најзабележителни се регресионата хипнотерапија (или „хипноанализа“), Ериксоновата хипнотерапија и когнитивно-бихевиористичката хипнотерапија. Хипнозата се проучувала при повеќе клинички ситуации со различни степени на успешност. Се употребувала како аналгетик, додаток за слабеење, лекување на кожни болести и како средство за смирување на вознемирените хируршки пациенти. Исто така се употребувала и како дел од психолошката терапија, метод за свикнување на контрола, начин на релаксирање и средство за подобрување на спортската изведба.
Автохипнозата популарно се применувала кај луѓе кои сакале да го откажат пушењето, да го намалат стресот, додека хипнозата на сцена се применувала за да се натераат луѓето да изведат некоја необична вештина пред јавноста.

Медицинска примена

„Породувањето со хипноза“ претставува многу позната примена на хипнозата.
Хипнотерапијата успешно се применувала за лекување на иритабилен цревен синдром, заклучиле двајца истражувачи кои неодамна ги испитале најдобрите студии во оваа област:
стимулирачки е доказот дека хипнозата е ефикасно лекување на иритабилен цревен синдром. Две од три испитани студии за примената на хипнозата при лекување на иритабилен цревен синдром се добро смислени и покажуваат јасен ефект од хипнотичкото лекување на иритабилен цревен синдром.
Хипнозата за иритабилен цревен синдром добила и скромна поддршка, како лекување засновано на докази, од водичот на Националниот институт за здравје, издаден за социјалното осигурување на Велика Британија.
Голем дел од клиничките студии покажуваат дека хипнозата може да ја намали болката која ја доживеале луѓето кои преживеале пресадување на коскена срж и породување.Меѓународниот весник за клиничка и експериментална хипноза открил дека хипнозата ја намалува болката кај 75% од 933 од субјектите кои учествувале во различни експерименти.
Во 1996 год., Националниот институт за здравје објавил дека хипнозата е ефикасна за намалување на болките од рак и други хронични состојби. Мачнината и други симптоми кои се поврзуваат со неизлечиви болести, можат да се контролираат со хипноза исто така. На пример, во Училиштето по медицина на ритчето Синај биле проучувани две групи на пациенти на кои им била извршена операција на рак на дојката.Групата која била хипнотизирана изјавила дека претрпела помалку болка, мачнина и тешкотија по операцијата. Исто така била направена и анализа на трошоци и приходи: во просек пациентите што биле под хипноза ги намалиле трошоците на своето лекување за околу 772.00 американски долари.
Хипнодерматологијата е практика на лекување на кожни заболувања со помош на хипноза: оваа терапија се покажала добра во лекувањето на брадавици, псоријаза и атопичен дерматит.
Хипнозата може да биде корисна како додатна терапија за слабеење. Метаанализата од 1996 год. за проучувањето на ефикасноста на хипнозата во комбинација со когнитивно-бихевиористичката терапија утврдила дека луѓето што ги користат и двата вида на третмани повеќе слабеат од оние кои ја користат само когнитивно-бихевиористичката терапија.

Психотерапија

Хипнотерапијата е примена на хипнозата во психотерапијата. Ја користат лекари со лиценци, психолози и тоа во самостојни околини. Лекарите и психијатарите можат да ја применат хипнозата за да помогнат во лекувањето на депресија, немир, проблеми со земање на храна, проблеми со спиење, неизлечиво коцкање и состојба на шок по несреќа.
Овластени хипнотерапевти, кои не се лекари или психолози, често вршат третмани за откажување на цигари или слабеење. (Стапките на успех варираат: метаанализата која ја проучувала хипнозата како алатка за откажување на цигарите има стапка на успех од 20 до 30 проценти, слично и на многу други методи за откажување на цигарите,додека пак со проучувањата од 2007 год. на пациенти хоспитализирани за срцеви и белодробни заболувања се утврдило дека пушачите кои ја користеле хипнозата за откажување на цигарите имале дупло поголеми шанси да се излечат.) Во една статија во списанието Научен Американец (англиски: Scientific American) од јули 2001 год. насловена како „Вистината и Публицитетот на Хипнозата“, Мајкл Неш напишал
„...со примена на хипнозата, научниците во лабораториите привремено создадоа халуцинации, принуда, одредени видови на губење на меморија, лажна меморија и заблуда за да поттикнат проучување на оваа појава во контролирана околина.“
Постои расправа за примената на хипнотерапијата за враќање на сеќавањата, особено на оние од раното детство или (наводно) претходниот живот. Американската медицинска асоцијација и Американската психолошка асоцијација предупредуваат во врска со примената на терапија за потисната меморија во случаи на наводна траума од детството, наведувајќи дека „е невозможно без некој други докази како поткрепа, да се направи разлика помеѓу вистинската и лажната меморија.“ А пак навраќањето на претходниот живот често пати се гледа со доза на скептицизам.

Автохипноза

Главна статија: „Автохипноза“.
Автохипнозата настанува кога некоја личност самата се хипнотизира, обично со помош на автосугестија. Оваа техника се користи за да се зголеми мотивацијата за држење диета, откажување на цигарите или намалување на стрес. Луѓето кои ја применуваат автохипнозата понекогаш имаат потреба од помош, некои луѓе користат уреди познати како машини за аудиовизуелна стимулација на мозокот за да помогне при процесот, додека пак други користат хипнотички снимки.
Автохипнозата, која се смета за вештина што личноста може да ја подобри со текот на времето, може да помогне да се намали стравот, да предизвика опуштање на телото и да се подобри физичката добросостојба.

Хипноза на сцена

Главна статија: „Хипноза на сцена“.
Хипноза на сцена е еден вид забава, обично изведувана во клуб или театар пред публика. Како резултат на способноста на хипнотизерот да го сврти вниманието на сцената, многумина мислат дека хипнозата е еден вид на контрола на умот. Сепак, ефектите од хипноза на сцена веројатно се резултат на комбинација од релативно обични социјално-психолошки фактори, како што се влијание на средината, согласување со средината, избор на учесник, обична сугестивност и до некој степен физичка манипулација, театарска уметност и надмудрување. Желбата да се биде центар на вниманието, да се има оправдување за нарушување на сопствените потиснувачи на внатрешниот страв и задоволување на притисокот се смета дека се начини да се убеди субјектот „да ја прифати играта“.Книгите кои ги напишале хипнотизерите на сцена понекогаш јасно ја опишуваат употребата на измама во нивните постапки, како на пример Мек Гил во Нова енцоклопедија за хипноза на сцена го опишува целокупниот акт на „лажна хипноза“ кој се одвива со лични шепотења во текот на хипнозата.
Хипнотизерот шепоти, но не на микрофонот: „Ќе и направиме добри смешки на публиката и ќе си подиграме со неа...па кога ќе ти кажам да направиш нешто смешно, направи го токму тоа што ти го кажувам тајно. Во ред? Одлично.“ (Потоа намерно им намигна на гледачите на пријателски начин.)
При хипнозата на сцена традиционално се користат три основни стратегии:
1. Согласност на учесникот. Учесниците настојуваат да бидат согласни поради големиот притисок од ситуацијата симулирана на сцената, и тоа пред публика полна со очекувања.
2. Избор на учесникот. Воведни тест сугестии, како на пример на присутните во публиката им се кажува да се фатат за раце и да не се пуштаат и на тој начин се одбираат оние кои најлесно потпаѓаат под сугестија и кои се најсогласни. Со тоа што ги поканува доброволците да се качат на сцената, изведувачот се обидува да ги избере најотворените членови од публиката.
3. Измама на публиката. Хипнотизерите на сцена се изведувачи, кои по обичај, но не секогаш, применуваат различни стратегии на „измама“ , за да ја наведат публиката на драматичен ефект.
Стратегиите на измама кои се применуваат при хипноза на сцена можат да се групираат на следниот начин:
1. Шепотења без микрофон. Хипнотизерот го намалува звукот на својот микрофон и му шепнува на учесникот на сцената некои тајни упатства, кои публиката не може да ги слушне. Тие упатства можат да вклучат барање „да се приклучи на играта“ или лажни хипнотички реакции.
2. .Неуспешен предизвик. Хипнотизерот на сцената се обидува да ги предизвика субјектите да се противстават на сугестијата, како на пр. „Не можеш да станеш од столот бидејќи задниот дел ти е залепен со лепак.“ Сепак, на учесниците не им се дава некој посебен сигнал за да почнат со напорот („Почни да се обидуваш сега!“). Оваа создава илузија дека е зададен одреден предизвик и се прави напор како противставување на тоа.
3. Лажни хипнотички трикови. Хипнозата на сцена содржи широк репертоар на измамнички трикови, такви какви што користат професионални магионичари. Никој од овие трикови не бара хипноза или сугестија, туку целосно зависи од физичка манипулација и измама на публиката. Еден најпознат пример од овој вид е трикот „човек-штица“, кој вклучува вкочанување на телото на субјектот така што тој се поставува хоризонтално меѓу две столчиња, потоа хипнотизерот одвреме-навреме се качува и застанува на неговите гради за да постигне драматичен ефект. Ова нема никаква врска со хипнозата, туку е резултат на фактот дека ако субјектите се постават на правилен начин, можат да поднесат повеќе тежина отколку што публиката може да замисли.

Други примени

Хипнотизмот исто така се користел и во судската медицина, спортот, образованието, физикалната терапија и рехабилитацијата. Хипнотизмот го применувале и многу артисти за креативни цели, најзабележителен пример е надреалистичкиот круг на Андре Бретон, кој применувал хипноза и авотматско писмо и скечови за креативни цели. Некои луѓе повлекуваат аналогии помеѓу одделни аспекти на хипнотизмот и области како што се психологија на масите, религиозна хистерија и ритуалните трансови во културите на неписмените племиња.

Izvor

Dali nekoj od vas imal iskustvo so hipnoza i kakvo e vaseto razmisluvanje za ova?

Jas ne sum imala i ne znam kako bi reagirala dokolku treba da se primeni takvo nesto vrz mene, eve tuka procitav deka pokraj ostanatata primena hipnozata se koristi i pri poragaj.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хипноза 13 Сеп 2011 02:48 #153482

  • kalina
  • kalina's Avatar
  • Offline
  • junior
  • kalina
  • Теми: 559
  • Thank you received: 179
  • Карма: 8
Jas bas bi sakala da probam hipnoza za slabeenje,no mi e strav da ne mi napravi nekoja belja. Od kade za znam kolu e strucen. Ipak smetam deka e opasna rabota i ne bi trebalo sekoj da se zanimava so nea.
Znaete li nekoj strucen koj se zanimava so hipnoza?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хипноза 22 Окт 2011 13:21 #160695

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Atentator, e prva epizoda od serijalot na Derren Brown, koj ja istrazuva hipnozata i prasuva dali nekoja licnost moze pod hipnoza da stane ubiec, atentator na nekoja slavna licnost. Dali e toa vozmozno?
Tuka se obarbotuva t.n. Teorija na zagovor za koja se veruva deka vo 60-tite Amerikancite ja koristele hipnozata kaj obicnite luge so cel da gi napravat ubici. Obraboten e paraleno i slucajot na atentatorot na Robert Kenedi koj e seuste vo zatvor i uporno tvrdi deka ne se sekaka deka ubil nekogo i kako toa se slucilo.

Vo sekoj slucaj dobro da se pogledne, bidejki coveckiot um i kako moze da se menipulira so nego e neverojatno

Derren Brown: The Assassin
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Helix, Cize

Најново на форумот

  • No posts to display.