Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Запомни ме

ТЕМА: Патетика

Патетика 06 Сеп 2011 09:08 #152681

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Во која ситуација или за кого би го употребиле овој поим?

Мене ми се патетични луѓе кои нон стоп кукаат, се жалат, па само нив нешто им фали и тоа секој ден одново и одново го повторуваат, се со цел некој нив да ги жали. Како да ги храни тоа што некој ќе рече за нив - види сиротиот (сиротата).... И искрено не ги сакам во своја близина.
Секој од нас има проблеми, секако дека му треба поддршка и помош и тоа е ОК. Но некој 24 часа да ми меле за свои (некогаш и смешни, нереални) проблеми, не можам да поднесам.
Мислам ОК е да те сослушам, да направиме муабет, ама па ја да трошам и време и се за тебе, а ти не прифаќаш ни 2% од она што го кажувам и утре пак со истото ме малтретираш - нема шанси.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Frogy, Helix, Gricka

Ре: Патетика 06 Сеп 2011 09:54 #152706

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Pa da...ubavo si go definirala zborot Ane, i sekako deka ima mnogu ludje koi se odnesuvaat vaka..no ne znam kolku se svesni za toa. Dokolku se svesni, a sepak pribegnuvaat kon postojano istaknuvanje na svoiute problemi, koi po definicija se sekogash pogolemi i potragichni od onoj na kogo mu se zalat..togash ovie ludje veke bi gi klasificirala vo grupata na egoistichni ludje koi patetikata ja koristat za manipulacija nad slushatelot. Vo toj sluchaj..tie sakaat da predizvikaat zalenje, simpatija...neshto koe ke im dozvoli da manipuliraat so nas i da go imaat nasheto vnimanie ili poddrsha.
Jas nemam problem so vakov tip na ludje..i vo sostojba sum da gi islusham vnimatelno..imajki go postojano na um toa, nivnite emotivni raspolozbi ili problemi da ne vlijaat vrz mene potoa ili vrz moeto raspolozenie.

EDIT - Ponekogash ludjeto i ne se svesni koga preminuvaat vo patetichnata kategorija. Imeno tie tolku se sozivuvaat so svoite problemi nad problemite na ostanatiot svet...shto toa apsolutno im preminuva vo mehanichko deluvanje..najnormalna pojava i karakteristika vo nivnata lichnost. No i koga ne se svesni za ova, sepak toa e zaradi manipuliranje so drugite..Izgleda surovo, no taka e. Ovde ne mislam na ludjeto koe ednash ili pred odreden chovek ke si se ispovedaat za problemite i za ona shto gi machi..tuku za onie hronichnite sluchai koi postojano se zalat.
Последна промена: 06 Сеп 2011 10:01 by Ананда.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Frogy

Ре: Патетика 06 Сеп 2011 17:47 #152744

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Луѓе кои што имаат реални проблеми и кои што се жалат сум спремна да ги ислушам и да им давам поддршка целиот период додека им трае проблемот. На пример, некоја моја пријателка да се разведува, тука сум, ќе ја слушам и нема да ми смета. Ќе мислам на неа и ќе сакам да и помогнам.

Но луѓе што кукаат само за да привлечат внимание, не можам многу да ги трпам. Не ги прекинувам контактите, но средбите ги сведувам на минимум. Овој тип на луѓе се поим за патетика, претходните не. Имам познаничка која секогаш кука како нема друштво, како никој не ја сака, како нема со кого да излегува, а на ФБ постојано гледам слики од рафтинзи, планинарења, кафани со друштво. Ова не можам да го сфатам :ne: Очигледно некој се чувствува убаво ако луѓето го сожалуваат, најверојатно така чувствуваат дека некој се грижи за нив.




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Frogy

Ре: Патетика 03 Ное 2011 19:54 #162998

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
Патетиката е буквално на секој чекор. Некако многу актуелна. Во песни, поезија, филмови, спотови, ФБ статуси итн ...

Сите во својот живот сме биле патетични, сакале или не (може нас тоа така не ни изгледало, ама сигурно во очите на другите сме биле патетични). Патетично време = патетични луѓе.
Порано ме нервираа сите тие трагикомични т.е патетични фаци, пренагласените нивни проблеми(љубовни, финансиски ...), но денес тоа ми е како да гледам шпанска серија. Некако ми се одмор за ушиве и очиве :zelen:

Патетични ми се некои луѓе кои си го идеализираат бракот или врската до бајка.
Како нејзиниот маж(дечко), ја опсипува со скапи подароци, чисти, пере, готви, чува деца и плус работи и има одлична плата. :blink:
Ок, ајде ти поверував имаш идеален човек покрај себе, се е идеално, па ондак зошто ако е се толку идеално, ми раскажуваш? Чекаш да те потапшам по рамо и да ти речам браво? И оп после два дена(кога веќе не поминало тоа, како што очекувале) проблем, Па кукање, плачење, трескање од земја :dry:
Само едно не ми е јасно, што мислат дека прават? Ако имаш проблем, бујрум повели секогаш ќе те ислушам и дадам совет, ама целото тоа исфилувано силување на емоции, ЗОШТО??


Ок, разбирам, вниманието е битно ;)
Последна промена: 03 Ное 2011 19:55 by Molly.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Tessi

Ре: Патетика 04 Ное 2011 04:35 #163025

  • Gricka
  • Gricka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 202
  • Thank you received: 72
  • Карма: 0
Ane sekoj zbor ti e na mesto za temava i potpolno se slozuvam za tvoeto razmisluvanje.Najiskreno od problemi preku glava,taman nesto se resilo drug problem.Ama veke od toa kukanje za stvarno nepotrebni raboti aman veke.Jas u familija imam takvi luge i porano sum bila glupava,gi trpev,pa duri i se sekirav za niv.Ama mi svetna sijalicata,se osvestiv i svativ sto e rabotata i sega ednostavno gi izbegnuvam zosto samo me polnat so negativna energija.
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.