Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Запомни ме

ТЕМА: Еден миг кој ме смени целосно

Еден миг кој ме смени целосно 09 Јан 2010 01:19 #11911

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Бев второ одделение, кога заминав да спијам и се разбудив сред ноќ, кога ја слушнав мајка ми како плаче и тивко зборува со баба ми и татко ми. Не знаеше како да ми каже дека утре ме носат во болница. Не можев да не го забележам нејзиниот страв во гласот, најмногу за мене.
Никогаш претходно је немав чуено така да плаче, со толку болка.Ме заболеа тие солзи силно. Си ветив себеси дека, што и да се случи, било што да доживеам, нема да дозволам да види како ми е, бидејќи не сакам да ја гледам како плаче поради мене.

Никогаш не и дозволив да види дека ме боли, дека ми е тешко. Не сакав да плаче. Кога и да доаѓаше кај мене во болница, секогаш ја дочекував насмеана и секогаш и давав волја, и велев дека од сега може да биде само подобро, никако полошо.
Не и забележав што ме излажа дека ќе биде само еднаш, а знаеше дека мора повеќе пати.Не сакаше да се плашам.

А се плашев ужасно...секој пат, се повеќе и повеќе.Но, не покажав.

Знам дека за мене ги исплака сите солзи кои ги имаше...се криеше. Па, која мајка не плаче кога детето и страда, се мачи.

Не знам, можеби некој ќе рече - „Тоа што си го правела, сето тоа е лага и маска“. А можеби е точно..

Па, нека, е. Мене таа моја насмевка, позитивна енергија, ми помогнаа многу пати. Ме извлекоа од најтешките моменти, секогаш ме враќаа во живот. Не дозволија да се откажам ни пред најголемите предизвици. Едноставно ме водат низ животот.

Кој е настанот кој ве направи поинакви или она што сте денес? Можеби е некое пријатно или помалку пријатно искуство. Некоја неочекувана или необична средба? Едноставно мигот кој буквално ве смени!
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 02 Јан 2011 02:29 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Еден миг кој ме смени целосно 09 Јан 2010 03:16 #11952

  • adi
  • adi's Avatar
  • Offline
  • new born
  • nenaspieni ama srekni
  • Теми: 80
  • Thank you received: 9
  • Карма: 1
Mozebi niz zivotot imalo nogu momenti koi go menuvaat covekot,no migot koa se rodi Darija e najubaviot na koj se sekavam i koj me smeni najmnogu.Veke ti ne si tolku vazen kako edno covece koe place i ceka da go zemes vo pregratka.Isto taka i raganjeto na vnuk mi so koj nauciv kolku samo moze da se saka edno sustestvo,a da ne si go rodil ti.Tie se dve zlatni covecinja za koi i racete vo ogan k gi stavam.
The administrator has disabled public write access.

Еден миг кој ме смени целосно 10 Јан 2010 16:36 #12605

  • JustBlack
  • JustBlack's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 54
  • Thank you received: 1
  • Карма: 2
Бев многу млада и кревка кога од мало место се доселив во Скопје.Но полна со елан и желба за осамостојување.Покрај себе имав човек кој правеше се за нашата врска да опстане.Наидовме на неприфаќањето од страна на неговото семејство.Сеуште се сеќавам на чувството дека целиот свет е против нас:( После стотици неуспешни обиди,молби и тешки разговори он одлучи да напушти се и живее со мене.Секое утро ме будеше со реченицата:"ми мирисаш на бебушко"Немавме ништо,но бевме среќни:)Едно утро се разбудив со ужасни болки во стомакот.Завршив во болница каде останав цели три дена.Тоа што го преживеав не го посакувам ни на најголемиот непријател:(Го изгубив тоа мало суштество кое ми даваше воља за живот.Остана празнина во мене што и ден денес е тука иако поминале 11 години.
"Човекот е нај јак кога ке заблеска во сопствениот пораз"
The administrator has disabled public write access.

Еден миг кој ме смени целосно 13 Окт 2010 15:19 #60735

  • nensi
  • nensi's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 10
  • Thank you received: 1
  • Карма: -1
Зимскиот и студен ден ке го паметам,сама исплашена уплакана легнав на оперативнит стол најцрните мисли ми поминуваа низ глава,си давав сама волја ке оздравиш имаш за кого да живееш,имаш дете.Од тој ден,миг се сменив и си ветив нема повеке за глупости да се нервирам и на сите нешта да им давам за важност.Сфатив дека секој проблем е решлив и здравјето е најважно од се.
The administrator has disabled public write access.

Еден миг кој ме смени целосно 13 Окт 2010 21:56 #60872

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
  • Карма: 32
Juni mesec 2001 Od MM koj togas mi bese samo decko nemav slusnato nisto skoro dva dena. Toj bese na teren vo Kumanovo. Mi zazvone telefonot i eden negov kolega mi se javi i mi kaza deka toj e vo bolnica. Vo momentot mi se svrte svesta, si pomisliv deka se slucilo najlosoto. Za steka bese samo mala grebnatinka koja ne ostavi nikakvi posledici a nego ne mu dale da mi se javi licno. Od toj moment svativ deka ne mozam da ziveam bez toj covek. Sto i da se sluci ponatamu i kakvi premreija i da pominuvame nisto ne e vazno ako ima ljubov.
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
The administrator has disabled public write access.

Еден миг кој ме смени целосно 14 Окт 2010 01:12 #60910

  • kalinche70
  • kalinche70's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 581
  • Thank you received: 302
  • Карма: 27
Дефинитивно ненадејната смрт на мајка ми....станав носталгична и заробена останав во минатото...
Na svetot nema neubavi zeni. Postojat samo zeni koi neznaat deka so malku trud mozat da stanat ubavi! -Dior
The administrator has disabled public write access.

Еден миг кој ме смени целосно 14 Окт 2010 02:36 #60947

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
  • Карма: 21
08 Април 2008 -Смртта на мојата мајка,ме уништи целосно :tazna: ,но имав сили да застанам на нозе,морав да се грижам за својата помала сестра,и тогаш сфатив дека јас никогаш повеке нема да бидам истата,со неа ја зеде и мојата искра,која ја немам веке :( 06.06.2009 Смртта на моето ангелче-беше на овај свет само неколку дена а го сакав повеке од мојот живот,тоа ми даваше волја за живот,имав за кого да живеам.....Од тие мигови,јас веке не сум истата,го нема тој весел поглед во моите очи,и таа безусловна насмевка на моето лице...Се на мене е вештачко.Двата ангели ме напуштија,незнаејки колку тагува моето срце......


Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Thatcher

Еден миг кој ме смени целосно 28 Окт 2010 17:53 #66013

  • Mladenovska
  • Mladenovska's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Децата се најголемото богатство
  • Теми: 786
  • Thank you received: 189
  • Карма: 0
Мене живото ми се смени за 360 степени кога после пораѓај ја здогледав мојата принцеза, и тогаш сватив дека во животот нема ништо поубаво и најсреќно од тоа мало човече кое само се вретеше по гласот мој :srce:
*****СРЕЌНА НОВА 2011 *****



The administrator has disabled public write access.

Еден миг кој ме смени целосно 28 Окт 2010 17:57 #66015

  • boba
  • boba's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 15
  • Thank you received: 6
  • Карма: 0
Трагичната смрт на мајка ми...Веќе година и пол ме прати таа сенка...Многу зборови неискажани,многу празни прегратки,многу осамени мигови...
If only i could turn back time...
Последна промена: 28 Окт 2010 17:58 by boba.
The administrator has disabled public write access.

Еден миг кој ме смени целосно 28 Окт 2010 17:58 #66016

  • sandricka
  • sandricka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Најсреќна мама
  • Теми: 371
  • Thank you received: 135
  • Карма: 10
5-ти Декември 2008 кога се роди нашето ангелче. Ми го смени целиот живот за 360 степени. Поголема среќа до тогаш во мојот живот немав доживеано :love:
The administrator has disabled public write access.

Еден миг кој ме смени целосно 28 Окт 2010 23:18 #66107

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4119
  • Thank you received: 3812
  • Карма: 95
nieden mig do sega ne me smenil celosno.malku poinakvi sfakjanja, percepcija, gledanje na rabotite od drug agol,odnos kon treti lica,da.i toa se razbira po trite najgolemi raboti vo zivotot.brakot i dvete deca.
The administrator has disabled public write access.

Еден миг кој ме смени целосно 30 Окт 2010 22:53 #66848

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
  • Карма: 347
Тренутак када сам на рентген снимку видела тумор који је начео кост на руци моје тада петнаестомесечне девојчице..
Од тог тренутка сам се јако пуно променила..поглед на свет ми је постао потпуно другачији, однос према људима такође...многе ствари око којих сам се нервирала, сада ме не дотичу..постала сам смиренија, стрпљивија..граница до које могу да трпим тугу и бол се померила на бесконачно..
А да ми је неко пре пет година рекао да ћу овакав терет да носим са осмехом на лицу, рекла бих му да је луд..једино што ми помало смета је што сам се изоловала од људи..одем на посао и једва чекам да се вратим кући у своју породичну оазу..присуство људи ме нервира, нервирају ме површна питања о нашем проблему, а знам да не могу да разумеју..зато је нет мајка..нисам сама, разговарам, али ако осетим да ме замара само кликнем на црвени крстић и не морам никоме да се правдам..

И тако..то је тај тренутак, само је тај трен код мене мало дужи..ево траје већ три и по године и само небо зна колико ће још трајати..и колико ће ме још променити..
Само молим Бога да она буде добро..а мени како буде..
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
Последна промена: 30 Окт 2010 22:55 by ZZ.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, Mama Ane, Thatcher, bubamara, Majsi and this user have 10 others thankyou

Ре: Еден миг кој ме смени целосно 09 Јан 2011 05:54 #100066

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2899
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Животот комплетно ми се смени откако на свет го донесов мојот син. Роден е предвреме поради лекарска грешка. Има проблем со моториката. Јас и мм не сме исти од неговото раѓање. Она што требаше да биде наша најголема радост се претвори во тивка болка која ќе не прати дур сме живи. А што ако направевме вака, а што ако беше така??
И дефинтивно човек не е свесен што се може да поднесе на својот грб се дури не му се случи нешто.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, Mama Ane, Thatcher, kalinche70, Bubbi and this user have 8 others thankyou

Ре: Еден миг кој ме смени целосно 22 Јан 2011 06:03 #104588

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
Тоа беше моментот кога Брзата помош се паркираше пред нашата порта, додека јас си играв со другарчињата на 100 метри од мојот дом. После само неколку минути видов како ја изнесуваат мојата мајка и ја ставаат во колата. Од страв и паника се изгубив. Се освестив дури дома кога баба ми и дедо ми ме гушкаа и тивко плачеа. Незнаев што се случува, јас не прашував и никој не се осмели нешто да ми каже.
Дури другиот ден кога се врати татко ми од болница дознав дека мајка ми имала неколку мозочни удари и дека е во болница.

Следниот удар беше тоа, што дознавме дека е парализирана и дека ќе биде во количка.
Кога ја донесоа дома, после извесно време татко ми имаше срцев удар. Од тој ден јас заборавив што е тоа детство! Се грижев за брат ми и сестра ми, иако сум средно дете. Внимавав да не повредам некого, го правев дури и невозможното за едно дете, заборавив да си играм со другарчињата, заборавив како е да си дете.

Сето ова колку беше мала трагедија, толку беше и светлина во нашите животи. Моите после сето тоа повеќе време посветуваа на нас, на семејството. Моите родители заборавија на трката по кариера и пари, сфатија дека денес не има а утре не, и дека секогаш пред се треба да им биде семејството, кое за жал до тогаш не го сфаќаа.
Од тогаш сме неразделни,сме си најголемата поддршка во животот. Од тогаш сме буквално- Еден за сите- Сите за еден.

Тоа понекогаш го сфаќав трагично, но сега тоа го гледам како плус - пораснав малку порано,и сега без проблем можам да се справам со секој проблем.
Живот не беше многу милозлив кон мене, но на секоја негова сопка, јас права три чекори плус, не дозволувам да ме врати назад :OK:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, Mama Ane, Thatcher, Kinky, Elijana and this user have 8 others thankyou

Ре: Еден миг кој ме смени целосно 24 Фев 2015 18:57 #253748

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Освен овие мигови од деството, следено нешто кое ме смени беше мигот кога син ми имаше алергиски шок. Во тие мигови бев смирена, гледав како да му помогнам нему, ама после тоа ме стигнаа и стресот и стравот.
И сеуште ми се враќаат сликите од тој страшен ден како флешови и колку само малку фалеше за да биде фатално. Имало Господ....
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Еден миг кој ме смени целосно 25 Фев 2015 18:15 #253751

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
Моето прво вработување како учителка. Едноставно, си ја обожавав работата... Учениците ги сакав како мои деца... Бевме едно семејство, или, со други зборови, се чувствував како Снежана со џуџињата... Се вратив во детството, се преродив... Прекинувањето со работа многу ме промени. Се правев дека не ме погоди тоа толку, но имаше денови/мигови кога навистина тагував и чувствував душевна болка... Не можев да се помирам со тоа, особено кога знам дека бев жртва на една суетна неморална личност! Понекогаш помислував дека ќе беше подобро никогаш да не се вработев во училиште, отколку да дојде до ова...

Ете, и пред неколку месеци се вработив како учителка, по вторпат, но за кратко... Уште 2-3 недели ќе работам, а потоа повторно дома. :tazna: И овие ученици ги сакам, мили се и, секако, ќе ми недостигаат, но малечките, првите, моите..., никогаш нема да ги преболам. :(

Колку и да се правам храбра, да бидам позитивна, да се тешам дека ќе ми се намалат обврските..., новата ситуација не ме остава рамнодушна и не можам да не мислам на тоа...

П.С. Можеби е и подобро човек да не работи како наставник во денешно време, во овие услови. Се` е сосема променето и професијата не е воопшто иста како некогаш! Вредностите се изменети, децата не се веќе деца како ние порано, луѓето кои одлучуваат за судбината на учениците не се веќе луѓе!!!
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

Последна промена: 25 Фев 2015 18:29 by Независна.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Еден миг кој ме смени целосно 28 Фев 2015 00:38 #253759

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
  • Карма: 32
Mnogu me smeni novoto vrabotuvanje i fizicki i emotivno i profesionalno. Se custvuvam poubava, poispolneta, poznacajna i definitivno finansiski postabilna i ponezavisna.
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.