Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Запомни ме

ТЕМА: Како е правилно да се каже/напише?

Ре: Како е правилно да се каже/напише? 27 Дек 2010 03:48 #95404

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
  • Карма: 371
Еве нешто интересно.:)

Многу често погрешно го користиме глаголот "чувствувам". Се чувствуваат емоции, а се осеќаат сетилни дразби т.е. она што го примаме преку сетилата (вид, слух, допир, вкус...).
На пр.: чувствувам: среќа, тага, задоволство, страв, храброст ...
А осеќам: боцкање, штипење, благо, топло, силна светлина, звук...

Ние мислиме дека кога ќе кажеме "осеќам", сме кажале "чувствувам" на српски, но не е така, и на македонски го имаме истиот збор, со малку поинакво значење. :)
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
Последна промена: 27 Дек 2010 03:49 by Kinky.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo

Ре: Како е правилно да се каже/напише? 27 Дек 2010 03:53 #95406

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4119
  • Thank you received: 3812
  • Карма: 95
priznam?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како е правилно да се каже/напише? 04 Јан 2011 20:37 #98700

  • mamatobe
  • mamatobe's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1471
  • Thank you received: 601
  • Карма: 5
Многу ми оди на нерви кога ќе сретнам:
мајками, таткоми, братми = мајка ми, татко ми, брат ми

Врв на се ми беше кога еден колега ми напиша јавимисе :rofl:


Every passing minute is another chance to turn it all around.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како е правилно да се каже/напише? 10 Јан 2011 15:53 #100434

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Mama Vase wrote:
priznam?
Признаам
Признае
Признава
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како е правилно да се каже/напише? 10 Јан 2011 23:53 #100580

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4119
  • Thank you received: 3812
  • Карма: 95
Ane wrote:
Mama Vase wrote:
priznam?
Признаам
Признае
Признава

vo ucebnikot za 3-to odd od prosvetno delo stoi: ,,Kje ti priznam.....,,
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како е правилно да се каже/напише? 11 Јан 2011 00:38 #100618

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
Mama Vase wrote:
Ane wrote:
Mama Vase wrote:
priznam?
Признаам
Признае
Признава

vo ucebnikot za 3-to odd od prosvetno delo stoi: ,,Kje ti priznam.....,,

Ocigledno avtorot, recenzentot i lektorot na ucebnikot imaat "dupka" vo svoeto obrazovanie, a mozebi e pecatna greska :wtf:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како е правилно да се каже/напише? 11 Јан 2011 01:00 #100629

  • kalinche70
  • kalinche70's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 581
  • Thank you received: 302
  • Карма: 27
Да не е идно време Ќе признам
Ќе признаеш
Ќе признае............
Na svetot nema neubavi zeni. Postojat samo zeni koi neznaat deka so malku trud mozat da stanat ubavi! -Dior
Последна промена: 11 Јан 2011 01:02 by kalinche70.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како е правилно да се каже/напише? 11 Јан 2011 03:45 #100658

  • Strumfetka
  • Strumfetka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • t.nade
  • Теми: 468
  • Thank you received: 52
  • Карма: 6
ќе признаам
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како е правилно да се каже/напише? 11 Јан 2011 03:49 #100662

  • anusska
  • anusska's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1170
  • Thank you received: 457
  • Карма: 22
мора да е признаам
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама ;) 20.02.2006 ***
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како е правилно да се каже/напише? 11 Јан 2011 16:13 #100822

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Kinky wrote:
Еве нешто интересно.:)

Многу често погрешно го користиме глаголот "чувствувам". Се чувствуваат емоции, а се осеќаат сетилни дразби т.е. она што го примаме преку сетилата (вид, слух, допир, вкус...).
На пр.: чувствувам: среќа, тага, задоволство, страв, храброст ...
А осеќам: боцкање, штипење, благо, топло, силна светлина, звук...

Ние мислиме дека кога ќе кажеме "осеќам", сме кажале "чувствувам" на српски, но не е така, и на македонски го имаме истиот збор, со малку поинакво значење. :)
Кинки, сигурна си за ова осеќа? Може и да е вистина, ама некако не ми иде. Ја разбирам логиката, тоа што се прави разлика меѓу чувство и надразба добиена од нашите сетила...ама пак некако :emm:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: biljann

Ре: Како е правилно да се каже/напише? 11 Јан 2011 20:25 #100883

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
Ananda ова што го кажува Кинки, се сеќавам убаво дека го учев на факс, така што точно е :)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Како е правилно да се каже/напише? 12 Јан 2011 04:13 #100974

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Фала на одговорот Небо. Убаво ми звучи кога ќе се рече - тој осетил, таа осетила...ама осеЌА не ми беше баш звучно :laugh: Можеби заради српскиот јазик, како што рече и Кинки. Но, човек учи додека е жив - и баш ми е драго што нешто ново научив.Поздрав
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како е правилно да се каже/напише? 12 Јан 2011 04:18 #100979

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
  • Карма: 371
И јас за осеќам и чувствувам прв пат слушнав на факултет. На првото предавање професорката не' праша како се осеќаме, и ние сите групно одговараме - возбудено, среќно, трема... После не' прашува - а како се чувствувате? Ние - штамааа :laugh: , збунети сфаќаме дека нешто сме утнале ама не ни беше јасно што. Па професорката ни ја објасни разлика меѓу осеќање и чувствување. :)
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
Последна промена: 12 Јан 2011 04:24 by Kinky.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Како е правилно да се каже/напише? 12 Јан 2011 04:25 #100982

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
А не сум сигурна 100% бидејќи не сум филолог (иако завршив јазична гимназија и учевме многу како за македонскиот така и за англискиот)...мислам дека постои и разлика меѓу ЧУВСТВО и ЕМОЦИЈА...И мислам дека едната е поврзана со примарните, базични потреби кои дури и животните ги имаат - на пример, чувство за глад, жед итд...додека ЕМОЦИЈА е поврзана со некои емотивни состојби кои другите претставници на животинскиот род го немаат. Не знам дали и друг е запознаен со ова...ако грешам простете, но ова ми има логика.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како е правилно да се каже/напише? 12 Јан 2011 04:55 #100997

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
  • Карма: 371
Ананда, ќе отидам офф топик, се надевам дека ќе ми простат, но еве во интерес на објаснувањето од каде потекнува едното а од каде другото.

Од моја скрипта од која учам на факс ќе пишам дефиниции за емоциите и за чувствата.
Емоциите се психички процеси кои го изразуваат односот на човекот кон предметите, настаните и другите луѓе, но и неговиот однос кон самиот себеси, кон сопствените постапки и доживувања.
Емоциите се јавуваат и кај животните и кај луѓето и се поврзани со задоволувањето на биолошките потреби, додека чувствата се емоции што се јавуваат само кај луѓето и се резултат на социјалниот живот на човекот.

Во контекст на она што го кажа за примарните потреби, има и за тоа објаснување во психологијата.
Примарни се оние чувства кои се универзални за човековиот вид и што се биолошки важни за неговиот опстанок. Тие се вродени и заради тоа се нарекуваат уште и основни (радост, тага, гнев, страв...). Секундарни емоции се оние што се создават по пат на учење, најчесто се сложени комбинации од основните чувства и се нарекуваат сложени чувства (љубов, љубомора, омраза...).

Тоа што го кажа ти за животните, тие не чувствуваат глад и жед, туку осеќаат, исто како и луѓето. :)
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
Последна промена: 12 Јан 2011 04:56 by Kinky.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Како е правилно да се каже/напише? 04 Мар 2011 20:18 #119416

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Имам едно прашање, а темава ми се виде најпогодна за истото. Читав една книга, и најдов еден збор кој некако не ми е познат. Па дали некој можеби слушнал за истиот, знае што значи, или пак смета дека е глупост и пропуст направен од издавачот...Значи станува збор за зборот виспрена, како придавка. Еве ја целата реченица - Извесно време Алексис мислела дека не е доволно виспрена за да ги разбере неговите сложени мисловни процеси.
Последна промена: 04 Мар 2011 20:19 by Ананда.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како е правилно да се каже/напише? 04 Мар 2011 20:49 #119430

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
  • Карма: 3
Најмногу ме нервираат следниве неправилности:

подршка - поддршка
чуства - чувства
интелегенција - интелигенција
лабараторија - лабораторија
сваќа - сфаќа

Ме нервираат и погрешните акценти, особено кај членувани зборови на пример: опозицијата каде се нагласува 4 слог броејќи од десно кон лево, а треба третиот, нели. Или пак глаголски именки како одејќи, трчајќи, каде се нагласува третиот слог броејќи од десно кон лево, а треба вториот.

Има уште многу примери, ако ми текне уште нешто, ќе пишам. Инаку, сленгот не ме нервира толку колку што ме нервираа образувани луѓе кои зборуваат неправилно.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како е правилно да се каже/напише? 05 Мар 2011 03:04 #119506

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
  • Карма: 45
Ананда wrote:
Имам едно прашање, а темава ми се виде најпогодна за истото. Читав една книга, и најдов еден збор кој некако не ми е познат. Па дали некој можеби слушнал за истиот, знае што значи, или пак смета дека е глупост и пропуст направен од издавачот...Значи станува збор за зборот виспрена, како придавка. Еве ја целата реченица - Извесно време Алексис мислела дека не е доволно виспрена за да ги разбере неговите сложени мисловни процеси.

Google Translate вика дека ова значи луциден, прецизен, остроумен. Мислам дека има смисла во реченицата, нели?:roll:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo, Ананда

Ре: Како е правилно да се каже/напише? 05 Мар 2011 03:17 #119509

  • tona
  • tona's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 86
  • Thank you received: 42
  • Карма: 1
Eden od zborovite koj najmnogu mi preci koga ke go slusnam e DOPRINOS namesto PRIDONES.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како е правилно да се каже/напише? 05 Мар 2011 06:53 #119567

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
ZeleniCka wrote:
Ананда wrote:
Имам едно прашање, а темава ми се виде најпогодна за истото. Читав една книга, и најдов еден збор кој некако не ми е познат. Па дали некој можеби слушнал за истиот, знае што значи, или пак смета дека е глупост и пропуст направен од издавачот...Значи станува збор за зборот виспрена, како придавка. Еве ја целата реченица - Извесно време Алексис мислела дека не е доволно виспрена за да ги разбере неговите сложени мисловни процеси.

Google Translate вика дека ова значи луциден, прецизен, остроумен. Мислам дека има смисла во реченицата, нели?:roll:
Google Translate може да е во право, но дали ваков збор воопшто постои во македонскиот јазик. Сфатив што сака да каже поетот од реченицата, но ме интересираше дали ваков збор воопшто постои во македонскиот речник? Хмммм, морам да признаам јас со зборов првпат се сретнувам.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како е правилно да се каже/напише? 05 Мар 2011 16:50 #119608

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
  • Карма: 3
Виспреност - јас го имам сретнато и во српски и хрватски книги, и мислам дека не е македонски збор, туку интернационализам. Инаку, да, озналува остроумност, интелигенција во таа смисла. Исто како што понекогаш велиме вичен, а означлува нешто слично како виспрен. :nc:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Како е правилно да се каже/напише? 06 Мар 2011 02:54 #119762

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
  • Карма: 45
Мислам дека не е македонски збор иако за посигурно ќе ти кажам откако ќе проверам. А јас на гугл го преведов како српски збор.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Како е правилно да се каже/напише? 20 Окт 2011 13:10 #160375

  • forumce
  • forumce's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 291
  • Thank you received: 94
  • Карма: 0
двеста-двестотини
триста-тристотини - двеста,триста итн.се србизби

безцелно-бесцелно
безсознание-бессознание

Од тука па се до таму...
Оттука следува заклучок.. - различна употреба
Последна промена: 20 Окт 2011 13:11 by forumce.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како е правилно да се каже/напише? 20 Окт 2011 14:13 #160382

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
  • Карма: 3
forumce wrote:
двеста-двестотини
триста-тристотини - двеста,триста итн.се србизби

безцелно-бесцелно
безсознание-бессознание

Од тука па се до таму...
Оттука следува заклучок.. - различна употреба

Двеста = двесте

а од 300 нагоре = тристотини итн.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Frogy, forumce

Ре: Како е правилно да се каже/напише? 20 Окт 2011 15:22 #160390

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
Klaudija wrote:
forumce wrote:
двеста-двестотини
триста-тристотини - двеста,триста итн.се србизби

безцелно-бесцелно
безсознание-бессознание

Од тука па се до таму...
Оттука следува заклучок.. - различна употреба

Двеста = двесте

а од 300 нагоре = тристотини итн.

Двесте
Триста
понатаму - четиристотини, петстотини итн. :OK:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Marge, Helix, forumce

Најново на форумот

  • No posts to display.