ТЕМА: Доење

Ре: Доење 03 Ное 2012 10:34 #219931

  • vodolija
  • vodolija's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1121
  • Thank you received: 809
  • Карма: 22
Јас се породив во Ремедика, и бидејќи бев царски останав 5 дена. Млеко ми дојде некаде 3тиот ден и белчо најмалку 5-6 пати во денот ми го носеа и сестрите ми го местеа на града. Него го дохрануваа нели првите 2 дена со шприц, ама мислам дека им даваат блага водичка, но и првите 2 дена ми го ставаа на града за да влече. Искрено и јас повеќе инсистирав да ми биде во соба, ама со исклучок на една сестра, сите беа супер и се трудеа максимално барем во делот околу доењето. И пред да те пуштат мерат дали паѓа сеуште килажата, кај нас белчо последниот ден дигна 75 гр и не пуштија домче. Искрено најголем страв кога се вратив дома ми беше доењето, и местењето особено поради тоа што неможев многу да го држам во раце зошто ме болеше раната. Но за 2 недели некако си дојдовме на ред. Но никој во ниеден момент не ми спомена дохрана искрено. Можеби зошто уште во старт дигаше килажа, можеби пак и пристапот им е различен.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење 03 Ное 2012 11:31 #219944

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Mikimaus eve go moeto iskustvo so privatnite rodilista.

Se porodiv so sinko pred ramno 9 meseci vo Remedika. Jana ja doev maltene skoro dodeka ne go isplaniravme Mario,14meseci. Znaci koga se rodi malovo vekje imav poprilicno iskustvo i eden kup nadminati problemi so doenjeto. Nemav dilemi dali kje go dojam sinko,go nadoiv prv pat koga imase samo nekolku casa,mlekoto brzo mi nadoagjase,prirodno porodena,proodni kanali poradi prethodnoto doenje,uslovi znaci super,maloto so silen refleks za cicanje.
E sega pazi go stavot i na pedijatrite i na sestrite vo Remedika vo odnos na ova. Tie "strucnite" ti se molam,insistiraa da go dohranuvaat i pokraj doenjeto. Jas izricno im kazav NE,ne mu davajte bukvalno nisto,ni dekstroza(zashekjerena voda) ni vestacko ni so shpric ni nikako,stom zaplsce nosete mi go na cicanje.
Prvata sesyra ne mozese da se iznacudi. Po nekoe vreme mi prakja druga sestra da me prasa za istoto,jas pak i objasnuvam a taa celata zacudena: ZAREM I NOKJE da ti go nosime na doenje???? Jas i vikam DA,i sto pati da zaplace sekogas nosete mi go vo bilo koj del od denot ili nokjta.
Veruvale ili ne mi pratija vo soba pedijatar. Muabetot:

Pedijatarot: Majka,ste rekle samo na cicanje da e bebeto. Od kaj ste be vie majka tolku samouverena deka imate mleko i deka deteto kje raste samo od vaseto mleko,deka kje mu bide dovolno??

Jas: od prvoto iskustvo so kjerka mi,znam sto znavi da imas ili nemas mleko,znam kako se doi i dali cica bebeto.
I najbitno gledam deka otkako kje se nacica spie cvrsto i srekjno. A se rodi golem 3760 i ne e uspan od zoltica.
I na kraj,vagata kje kaze.
A osven toa kako mene da mi nadojde dovolna kolicina mleko,ako mi go nosite sin mi SIT natupanet so vestacko mleko?!!? Ako e sit nema da cica,ako ne cica mlekoto nema da se proizveduva!
Pedijatarot bese zabezeknat. Ne mozese da si poveruva deka sum tolku resitelna. Utredenta pak me prasaa dal.da go dohranuvaat i pak rekov NE. I pak na vizitata i drugiot pedijatar se cudese za moeto insistiranje ISKLUCIVO DA DOJAM,kako doenjeto da e nenormalno,a vestackoto mleko sosema normalno!!!
Inaku Mario vekje vo prvata nedela kacuvase po okolu 50-60 gr na den,prviot mesec kaci nad kilo. I bese isklucitelno mirno tivko i srekjno novorodence,prv pat proba nesto drugo osven majcino mleko na 6.meseci.

Drugarka moja koja se porodi vo Sistina ja znaese mojata prikazna i isto gi zamoli da ne go dohranuvaat,isto se cudele. Ne mozele da si poveruvaat deka i nokje go bara za doenje. Niedna druga rodilka ne doela nokje!

Poradi sponzorstva od Aptamil & Co.,sramota i greota e ova sto go propagiraat nasite pedijatri.

I druga apsurdna prikazna a propo ova,moja druga drugarka go nosi 3 mesecnoto bebe na kontrola vo Sistina. Naprednalo za vkupno 3 meseci 2.500 gr i 9cm. Doktorov i predlaga da dodava i Aptamil,zasto maliot epten intenzivno raste,pa da ne ne mu e dovolno majcinoto mleko!!!!!!! Molam? Pa maloto intenzivno raste BAS OD MAJCINOTO MLEKO.
A zosto moral da go preporaca i konkretnoto vestacko mleko??? Poradi pari dragi moi......

Istata osoba se javuva vo Sistina da prasa sto.da prevezeme,bebeto staro 5 dena mnogu place. Dobiva ekspresen sovet bez dilema: daj mu Aptamil!!!!!!
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење 03 Ное 2012 11:58 #219953

  • vodolija
  • vodolija's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1121
  • Thank you received: 809
  • Карма: 22
Апсолутно се согласувам дека треба да си упорен и да инсистираш да ти го носат бебето во соба. Јас првите 2 дена бев со една кумановка во соба која се породи со трето, и бебето буквално нонстоп и беше во соба и го доеше. Јас поучена од неа, нонстоп си го барав белчо во соба, па можеби и затоа цело време се учевме за цицање.
Ова со Аптамилот искрено го слушам се повеќе последниве месеци. Како и пораѓањето со царски, особено во Систина (6 колешки во последниве неколку месеци беа породени со царски, по чекање од само 4-5 саати).
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Синоличка

Ре: Доење 03 Ное 2012 12:01 #219955

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Samo da nadopolnam za sporedba,koga se porodiv so Jana na Klinika pred 3 godini,situacijata bese bas sprotivna.
Insistiranje na doenje,doenje,doenje.
T.e ti go ostavaat bebeto koe e staro 4h celo vreme so tebe 24/7 i denje i nokje pa ti snaogjaj se,moras da dois.
E sega toa sto ne se zamaraa da dojdat da ti pokazat kako se doi duri i koga gi molis,toa e druga prikazna.

Bitno site majki si gi doea bebinjata,gi dohranuvaa samo predvreme rodenite,bolnite i onie cii majki bukvalno nemaa ni kapka mleko pa vristea bez prestan od glad.
Vo site ostanati slucaevi bebinjata cicaa,a pedijatrite na vizitata po sto pati povtoruvaa, majki doenje i samo doenje,deteto cesto stavajte go na grada, stom zaplace nudete mu da cica...

A na dzidovite vo GAK nemase posteri od proizvoditeli na vestacli mleka,tuku posteri za poddrska na doenjeto od UNICEF so natpisi kako:doenjeto e najdobroto mleko za vaseto bebe ili : doenjeto e prvata vakcina koja zastituva...

Ete barem edna dobra rabota na GAK :smee1:
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење 03 Ное 2012 12:21 #219957

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
Јас со Систина имам сосема спротивно искуство од она на Микимаус. Првиот пат бев сосема неискусна како доилка. Веднаш штом се породив, уште додека бев на бокс ми ја ставија Срна на града. Имав почетно млеко - колострум. Потоа кога ме сместија во соба и ми го донесоа бебето, повторно ми ја наместија на града. Секој ден ме исвестуваа за нејзината килажа, а втората вечер кога многу ми надојде млекото една од дежурните сестри остана со мене и бебето од 3 часот после полноќ до раните утрински часови со цел да ме научи да дојам правилно.
Вториот пат, иако веќе искусна како доилка, бидејќи претходно доев цели 18 месеци, бебето беше многу поспано и мрзлив цицач. Ми ја носеа веднаш штом ќе се разбуди, дури по неколку пати во текот на ноќта. Иако поради поспаноста што се должеше на физиолошката жолтица Стела губеше на грамажа, докторите и сестрите во Систина инсистираа на исклучиво доење без додавање на АД млеко. За таа цел ми донесоа пумпица за измолзување, да се измолзувам и да и го даваат моето млеко со шишенце бидејќи краток период беше будна. Кога се исчисти жолтицата, Стела си ја надокнади килажата и стана страствен цицач цели 20 месеци :srce:
Последна промена: 03 Ное 2012 12:28 by Mama Sani.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење 03 Ное 2012 13:55 #219969

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
  • Карма: 12
Дохрана со АД млеко во првите недели кај нас беше неопходно (Мартин на 5 дена заврши) пак во болница со цел ден суви пелени и барут сува бешика. Јас бев упорна да дојам, ниту во болница не доби АД, ниту дома. Бебето не знаеше да цица, мрзливо, спиеше, млекото ми дојде тек на 3-4 ден. Мојот трик беше во тоа што за секое хранење со АД јас се одмолзував до последна капка. И ноќе утепана уморна станував, секои три саати се одмолзував. 20, 30 мл, си се наголемуваше млекото. Постепено го баталивме АД и веќе на неполн месец дена бевме само на доење. Шишенцето со цуцла го одби, си остана да си цица.
Многу размислувам на ова кога се обидувам да сфатам зошто син ми имаше до 4-5 месеци уринарна инфекција со ешерихија коли, и иако никој не ми потрврдил сметам дека може да е и од празната бешика... А не плачеше, толку мирно бебе.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење 03 Ное 2012 14:01 #219972

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
  • Карма: 4
Мама Сани јас и ти како во различна болница да сме биле или можеби персоналот бил друг. Јас се породив во 7 сабајле на бокс ме држеа до кај 10 саат зашто немаа спремно соба, во соба искрено не ми текнува кога ми го донесоа бебушот но не ми го ставија одма да цица. После некое време ги прашав дали треба да цица бебето дојде една постара сестра и ми вика Аааа ништо ти имаш мали гради сигурно нема да имаш доволно млеко :what: Извинете на изразов ама WTF??? Како смее искусно медицинско лице да тресне таква глупост. Го донесоа синко ми го ставија да цица еднаш и толку беше муабетот. Вечерта ме накљукаа со седативи за да сум се одморела. Следниот ден незнам колку пати ми го ставија да цица, а и немаше потреба зашто го дохранувале и кога ќе ми го донесеа он мирно си спиеше, инаку немаше жолтица. Втората вечер ме разбуди болка во градите во 3 сабајле, и се јавив на сестрата кога ме виде и ме пипна се испаничи дека мастит ќе направам, градите ме беа камен, и ми го донесе да цица. Е третиот ден кога го донесовме дома му дадов да цица но очигледно не беше доволно, навикнат на дохрана, детево плачеше од 1 попладне до 5 сабајле без престан. Кога го однесов на преглед на 5 дена требаше мислам вакцина да прими кај доктор Драшко мислам се викаше во Систина, го измери немаше качено тежина и одма почна да вика бргу давајте му на детево вештачко млеко, среќа во тој момент му давав да цица во ординација и кога ме виде сестрата ми рече леле колку убаво и лакомо си цица детево, полека не брзај со вештачкото млеко греота е да ти се одбие. Од денешен аспект кога ќе се навратам, јас сум имала сигурно доволно млеко, додека цицаше од едната града мене од другата ми течеше по 30 мл млеко. Докторот ниту ме праша нешто околу доењето, ниту проба да ми помогне, туку одма настапи дека детето е изгладнето и мора на вештачко. Јас се утепав од плачење. Среќа што бев опкружена со позитивни луѓе кое ме бодреа да се борам и да не се откажувам, продолжив со доењето и синко си напредуваше по 1600 1800 секој месец. Сега гледам со јатрва ми истата приказна, наместо во болница да ја бодрат што почесто да го става на града, они цело време и збореа па чекај уште не ти е надојдено како што треба, ај ние ќе го дохраниме. Значи бев присутна кога бебево почна да плаче, дојде сестрата и рече ај ќе го земам да го дохраниме па ќе го вратам. Од болница исто ја испратија со кутија вештачко млеко дека мора на почеток да го дохранува додека не и надојде убаво млекото. Баш и затоа ми беше прашањето дали мене нешто не ми е јасно околу доењево, дали е нормално да се форсира одма на почеток дохрана или пак е попаметно цело време да се става на града за да побрзо се разработат каналите?

едит заборавив да пишам дека кога ги прашав дали треба да се одмолзувам, по настојување на мајка ми која од болница само тоа памти дека и збореле да се одмолзува, ми рекоа не бе како одмолзување, нема потреба.
Последна промена: 03 Ное 2012 14:04 by Cuvce.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење 03 Ное 2012 14:32 #219981

  • ivi
  • ivi's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 715
  • Thank you received: 423
  • Карма: 1
Женски помагајте.Од завчера имам стомачен вирус со повраќање,пролив,температура и болки во стомакот.Бев дехидрирана,неможев ништо да јадам и синоќа немав ич млеко.Денес бев на дежурен ми ставија инфузија со некој лек за смирување на стомакот и мачнините и еве денес почнав по малку да јадам и да пијам повеќе течности ама не е тоа тоа.Имав супер млеко а сега одвај по неколку голтки од града.А и ме буни тоа што Калина бара на 2 саати да цица,дали е сита или што е работа.Не знам дали некако можам да си го вратам млекото или никогаш повеќе нема да биде тоа што го имав.Ве молам за совет
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење 03 Ное 2012 14:37 #219983

  • Meyo
  • Meyo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2261
  • Thank you received: 2819
  • Карма: 0
sovet od edna krava za doenje bukvalno :cucla: nikako dohrana.. Slobodno kazi na jatrva ti neka se potrudi, mozebi ne e pravilno zastanata, mozebi deteto e mrzlivo, mozebi e pospano i sl.. DOenjeto koga e mozno e najgolemata investicija vo svoite deca.. SUm pishuvala mnogu za mene. Jas se izmolzuvav za da go zadrzam mlekoto, no bidejki bevvo bolnica i mi se menuvaa majkite, bez prethodno da dojam nekolku majki gi obuchuvav kako da go drzat bebeto i sl. TOa so dohranata mi e glupost najgolema na svet, koga vekje treba da se dohranuva deteto,izmolzete se vo shishence i daj tvoe mleko..

Mene mi tvrdea deka nema shansi da gi dojam bliznacite koi bea mashala lakomi, plus prematurusi, mi velea deka mnogu rizikuvam. Kupiv precizna vaga, i gi merev pred doenje i posle doenje, sekogash bea so pokachena gramaza. A dovolen pokazatel beshe toa shto mario se rodi 1750 gr, kako glushec, posle 40 dena samo so doenje stana skoro 3.5 kg. Isto beshe so leo, a se izramnija so tezina vekje na 4 meseci.

Doenjeto e mnogu vazno da si smiren ,da ne se nervirash, da ne se oseti napnatosta., po mene toa e najvazno

Inaku mikimaus, ne treba da se izmolzuvash, toa e ako nema deteto sila da vleche pa da se razrabotat gradite, a ako vekje imate doeno dete, gradite se vekje razraboteni i mlekoto i pobrzo kje nadojde, i polesno kje teche.Zlazdite se razraboteni.

Osven ako nema nekoja realna prichina kako mrzliv jazik, ili neshto sl, mislam deka vredi sekoja borba za da se zadrzi deteto na grada i site popatni prechki da se borish da gi nadminesh. Ima nekolku raboti koi moze da se javat za deteto porano da se odbie.. Ako mu se bendisa shisheto pa da si ceka da mu teche, koga kje stane 4-5 meseci i kje dobie interes za okolinata pa kje mu bide dosadno da cica i sl, ama se se nadminuva, a bogami site predizvici na doenjeto gi nadminav, i smetam deka e najdobriot podarok shto sum mozela da go dadam na moite deca.
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење 03 Ное 2012 14:40 #219985

  • lena0809
  • lena0809's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 473
  • Thank you received: 316
  • Карма: 6
ivi wrote:
Женски помагајте.Од завчера имам стомачен вирус со повраќање,пролив,температура и болки во стомакот.Бев дехидрирана,неможев ништо да јадам и синоќа немав ич млеко.Денес бев на дежурен ми ставија инфузија со некој лек за смирување на стомакот и мачнините и еве денес почнав по малку да јадам и да пијам повеќе течности ама не е тоа тоа.Имав супер млеко а сега одвај по неколку голтки од града.А и ме буни тоа што Калина бара на 2 саати да цица,дали е сита или што е работа.Не знам дали некако можам да си го вратам млекото или никогаш повеќе нема да биде тоа што го имав.Ве молам за совет

Mislam deka melkoto ne moze prosto taka da go "snema", prosto teleto se koncentriralo sega na tebe... Stavaj ja na cica, stavaj i stavaj, gradite producirat melko po potreba... Duri i da ne bara, jaz bi ja stavala i na pola saat, da pak moze da se regeneriras...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: ivi

Ре: Доење 04 Ное 2012 13:51 #220047

  • ivi
  • ivi's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 715
  • Thank you received: 423
  • Карма: 1
Кај мене буквално го снема вечерта.Бев дехидрирана,бев само на двопек и чај а и тој организмот не ми го поднесуваше и вечерта за жал бебушка се измачи зашто градите ми беа скроз празни значи многу грдо чувство,ја гледам дека и се јаде и влече ама не голта,нормално зашто нема што.Еве денес се стабилизирав малку јадам повеќе и пијам многу сокови и се вратив во форма.Сега цица нормално на 2 саати и Фала му на Бога имам млекце.Сепак фала ти многу за помошта. :ehej:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење 14 Ное 2012 09:35 #221329

  • beelyana
  • beelyana's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 148
  • Thank you received: 158
  • Карма: 1
Јас како искусна мајка и доилка веќе 2 дена, да споделам едно искуство со вас:
За сите мајки што немаат или имаат маалку млеко ЧАЈ ОД АНАСОН!!!
Лек што и помогна на сестра ми, на снаа ми а и мене! Првите два дена на болница одвај по некоја капка колострум имав, третиод ден, после литар и пол чајче градите ми бувнаа, не можам да постигнам со цицање и молзење!

Анасонот може да си го купите во земјоделска аптека(барем во ПП таму го има), една супена лажица се вари во литар вода и чуда прави!
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo, Зока, Mamita

Ре: Доење 14 Ное 2012 15:59 #221356

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Beelyana da ti e ziva i zdrava kjerkickata!!!

Inaku site bas site doilki prvite dva dena posle poroduvanjeto imaat samo kolostrum,vo mnoooogu mali kolocini. Sepak i taa mala kolicina e dovolna za novorodenceto,i e od vitalna vaznost da ja iscica,bidejkji sodrzi ogromna kolicina imunoglobulini i zatoa kolostrumot Unicef go narekuva i prva vakcina za bebeto,zastita od bolesti.
Vistinskoto mleko nadoagja naglo tretiot den od poroduvanjeto,i kaj majki so golem napliv na mleko moze da napravi problem poradi neprobienite mlecni kanali,kako visoka temperatura kaj doilkata pa duri i mastit. Zatoa mnogu treba da se vnimava,osobeno ako bebeto e predvremeno rodeno ili so mala rodilna tezina,pa ne moze da go iscica seto mleko i da gi otpusi kanalite.

Inaku vo Sk vo Bilna Apteka se kupuva caj za doilki,refus od 5 bilki koi se meshaat. Bosilek, kim, anason, grcko seme i nesto petto :)) od cajot treba da se pie po minimum 1 litar na den,nezasladen,moze i laden. Osven sto go pottiknuva lacenjeto na mleko vo golemi kolicini, mnogu e blagotvoren i mnogu pomaga dokolku bebeto ima grcevi. Inaku ima odvraten vkus i miris,no toa e druga prikazna :)

Sto se odnesuva do odmolzuvanjeto,normalno deka e neophodno dokolku doilkata ima navistina premnogu mleko (jas frlav vo umivalnik i po 200-300 ml na edno izmolzuvanje od edna grada),ili ako doilkata ima premalku mleko,kako nacin da se pottiknat zlezdite da lacat povekje mleko.
Mlekoto se laci na princip pobaruvacka-potrosuvacka,kolku povekje se iscicuva tolku povekke se laci.

No dokolku doilkata ima dovolno (ni mnogu ni malku) mleko, izmolzuvanjeto ne treba cesto da se primenuva,zasto moze da predizvika poremetuvanje vo lacenjeto (hiperlaktacija) a so toa i potesko da se regulira lacenjeto.

Prijatno cickanje i goooolemi da rastete :cvet:
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: ivi, beelyana, lena0809

Ре: Доење 15 Ное 2012 05:59 #221412

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
  • Карма: 102
beelyana wrote:
Јас како искусна мајка и доилка веќе 2 дена, да споделам едно искуство со вас:
За сите мајки што немаат или имаат маалку млеко ЧАЈ ОД АНАСОН!!!
Лек што и помогна на сестра ми, на снаа ми а и мене! Првите два дена на болница одвај по некоја капка колострум имав, третиод ден, после литар и пол чајче градите ми бувнаа, не можам да постигнам со цицање и молзење!

Анасонот може да си го купите во земјоделска аптека(барем во ПП таму го има), една супена лажица се вари во литар вода и чуда прави!

И јас на неколку наврати го имам спомнато чајот од анасон дека чуда прави. Кога беше Јана бебе, немавме нешто многу добар старт со доењето, па така инсистирав на цицање, ама моравме да даваме и дохрана по совет на лекар затоа што не напредуваше доволно. Јас имав млеко кое не можев никако да го измолзам со пупмица, и се правев рачно. Она ќе поцица, ќе се најаде колку наумила, па јас имзолзувај, па дај и го тоа да го испие, па пак она ќе поцица и се така во круг, се додека измозлувањето не доведе до стагнација во лактацијата, да не речам скоро ми секна млекото. Во очај почнав да барам лек кој ќе помогне и во една книга за природни лекови од мајка ми го прочитав чајот дека буквално чинел чуда и во древната медицина бил познат по тоа дека кај мајки без капка млеко, доведувал до нормална лактација. И така и бидна, чајот ми ја продолжи лактацијата и за два дена имаше значајно подобрување.

Само beelyana, не сум сигурна дека смееш да го пиеш во толкаво количество, мене ако добро ме служи сеќавањето, од чајот се пиеше чаша до две оптимално. Јас го правев со нешто повеќе од лажичка анасон. Е сега ако си го разредиш ти самата во повеќе течност тогаш нема гајле да испиеш литар и повеќе.
Во Скопје го има во Билна аптека и мислам во буквален превод дека беше сладок анасон, на латински имаше нешто frucits во називот..па кој има мака нека проба, вреди.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo

Ре: Доење 15 Ное 2012 06:21 #221419

  • meU87
  • meU87's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 410
  • Thank you received: 125
  • Карма: 0
Смеам ли додека дојам да направам мед со семе од коприва и да јадам???
Незнам дали може мед да се јаде поради алергии што се јавувале :krsti: , а со коприва сакам да го мешам за крвта.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење 16 Ное 2012 04:11 #221553

  • ivi
  • ivi's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 715
  • Thank you received: 423
  • Карма: 1
Јас често ставам мед во чај или млеко и баш не сум ни прашала дали може ама сум видела дека на Калина никаква реакција не и се јавува од медот па си конзумирам често по некоја лажичка :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење 16 Ное 2012 04:37 #221560

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7935
  • Thank you received: 5654
  • Карма: 121
Не би требало да пречи семето од коприва. Ако е така, не само медот и семето туку многу други работи јадеме кога доиме, значи продукти кои ги немаат тие нели воопшто пробано и тогаш секој од нив е потенцијален алерген - за бебето. Но не значи дека на секој од нив ќе има реакција.

Јас знам само за еден случај во моја блиска околина кога мајката не смееше да јаде чоколадо додека доеше со второто, оти му се јавуваше реакција на бебчето.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење 16 Ное 2012 09:16 #221636

  • prasence
  • prasence's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1346
  • Thank you received: 440
  • Карма: 6
beelyana wrote:
Јас како искусна мајка и доилка веќе 2 дена, да споделам едно искуство со вас:
За сите мајки што немаат или имаат маалку млеко ЧАЈ ОД АНАСОН!!!

Kazi mi se bara kako caj od anason ili kako caj za doilki, toa e edno isto ili razlicno?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење 16 Ное 2012 09:38 #221641

  • leona
  • leona's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 123
  • Thank you received: 38
  • Карма: 1
Во билната аптека во Скопје, ако им побараш чај за доилки ти даваат неколку пакетчиња со билки. Јас дома си ги истурив, ги измешав во еден поголем сад, и ја ставив мешавината во алуминиумски кутии, зашто излегува поголема количина. Една од состојките е и анасон, мислам дека ако си побараш само анасон, имаат да се купи и посебно.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење 16 Ное 2012 09:42 #221642

  • Sunshine*
  • Sunshine*'s Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 288
  • Thank you received: 113
  • Карма: 0
Prasence, cajot za doilki od bilna apteka e mesavina od 5 bilki koi ti gi davaat vo posebni kesicki so upatstvo za podgotvuvanje i cini okolu 350den. Cajot od anasone edna bilka od toj sostav i se kupuva posebno, cini okolu 60den. Anasonot ne samo sto e dobar za doenje tuku e vkusen, sprecuva grcevi kaj bebeto i ima smiruvacki efekt vrz digestivniot sistem na majkata.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: prasence

Ре: Доење 16 Ное 2012 10:09 #221649

  • CACULE
  • CACULE's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 65
  • Thank you received: 15
  • Карма: 3
Cajot od anason e nesto najdobro za edna doilka pomaga za pogolema laktacija mleko vo izobilie, gi smiruva grcvite na bebusot i mnogu e vkusen,jas piev po 1l na den.
Последна промена: 16 Ное 2012 10:10 by CACULE.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење 17 Ное 2012 12:11 #221813

  • beelyana
  • beelyana's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 148
  • Thank you received: 158
  • Карма: 1
prasence wrote:
beelyana wrote:
Јас како искусна мајка и доилка веќе 2 дена, да споделам едно искуство со вас:
За сите мајки што немаат или имаат маалку млеко ЧАЈ ОД АНАСОН!!!

Kazi mi se bara kako caj od anason ili kako caj za doilki, toa e edno isto ili razlicno?

Прасенце барај семе од анасон. Зошто се користи не само како чај, туку и како зачин и сл. Мене мајка ми ми го направи 1 супена лажица во литар вода, да отстои малку подолго, за да си ги испушти убаво анасонот маслата.

Бубамара, од чајот пиев само два дена, значи се на се 2 литри течност или 2 супени лажици семе. После тоа не ми требаше. Сега го почна една другарка, чекам да ми каже резултати, па ќе споделам :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење 03 Дек 2012 15:37 #224227

  • meU87
  • meU87's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 410
  • Thank you received: 125
  • Карма: 0
Мамички, имав проблем со окото(од него ме болеа и носот и главата), ставав Цитерал капки, се на се 4капки(ништо повеќе). Е денес се појави проблем, малата 3пати цицаше и после секој подој малата повтрати. И дадов чајче и АД ,од нив не поврати.
Дало може капките да влијаеле на квалитетот на млекото, дали може на малата нешто да и биде???
Нема да и дадам да цица се до утре , да поминат 24ч од последната капка, страв ми е.
Но многу сум исплашена да не се намали млекото, да не не е во ред, да не и биде нешто нејзе.
Уфф, ве молам дајте ми некој совет.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Доење 03 Дек 2012 15:48 #224228

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
MeU,za da ne ti se namali mlekoto izmolzuvaj se so pumpa onolku cesto kolku sto cica bebeto,pr na sekoi 2-3 casa. Taka zlezdite kje si lacat spored ritamot na pobaruvacka na bebeto iako kje pauziras 24h so doenje.

Za Citeralot nemam informacija,no za ocni infekcii znam deka mozes slobodno da koristis Tobreks kapki,gi davaat i na novorodencinja so konjuktivit i sl.ocni infekcii. Ajde sto pobrzo da bidete dobri dvete :cvet:
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: meU87

Ре: Доење 03 Дек 2012 17:59 #224238

  • mama ana
  • mama ana's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 455
  • Thank you received: 166
  • Карма: 1
24 casa ne e premnogu?!
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот