Дафи прозборе за хоророт кој го преживеала и ја натерал да се повлече од јавниот живот
Во емотивната порака таа објасни дека причина за тоа е еден страшен настан по кој ѝ требало време да се опорави. Имено таа била грабната, со денови во заробеништво, силувана и дрогирана, од непозната личност.
Сега како што вели Дафи, се опоравила и се чувствува подобро, поради што решила јавно да го сподели трауматичното искуство.
Дафи во 2011 година најави дека ќе паузира од јавните настапи, а тогаш го објави последниот албум. Исклучок беше настапот во 2013 година заедно со други пејачи, на концертот во чест на Едит Пјаф. А во 2015 година ја глумеше американската пејачка Тими Јури во филмот „Легенда“ покрај Том Харди. За истиот филм сними и саундртрак.
„Не постои едноставен начин ова да ви го кажам. Многумина се прашуваат што ми се случи и каде ме снема. Долго размислував како да го напишам ова… и како потоа ќе се чувствувам. Не сум сигурна зошто сега мислам дека е вистинско време за тоа и дека ова откритие ќе ме ослободи“ – напиша Дафи и додаде:
„Сигурно се прашувате зошто не го искористив својот глас да ја изразам својата болка. Не сакав да му ја покажам на светот тагата, не знаејќи како ќе пеам со скршено срце. Но тоа досега полека заздрве“.
Што точно се случило, Дафи не прецизира но затоа напиша дека е вистина и ги замоли обожавателите да ѝ веруваат :
„Сега сум добро и на сигурно. Повеќе денови бев силувана, дрогирана и држена во заробеништво, но преживеав и ми требаше долго време да се опоравам“.