Тајната на убавината и вечната младост на Кинезинките
Како Кинезинкитее успеваат да изгледаат и до 20 години помлади? Познато е дека тие успеваат долго да ја зачуваат младоста, но за тоа не користат козметика, туку тајни од природата. Тоа им дава свежина, блескав изглед и ги прави да се чувствуваат и изгледаат убаво и со многу самодоверба.
Еве кои се четири тајни кои редовно ги практикуваат:
1. Ден на веганите – традиционалната кинеска медицина сугерира дека еден од најважните аспекти на убавината и младоста е детоксикацијата на телото.
Затоа, покрај консумирањето свежа храна и избегнувањето на лошите навики, многу е корисно да имате барем еден вегански ден во неделата. Покрај тоа, неопходно е да се исклучи не само месото, туку и млечните производи во текот на денот.
2. Чај од лотос – Чајот од листови од лотос може да се сервира и ладен и топол. Го поттикнува исфрлањето на вишокот течности од телото, слабеењето и помага при стомачни проблеми.
Жените во Кина често го пијат за детоксикација, но и како природен еликсир кога сакаат да ги намалат несаканите килограми. Пијте пред јадење, на празен стомак.
3. Таи чи гимнастика – Таи чи е традиционална кинеска практика која вклучува уметност на движење. Главните принципи на оваа боречка вештина се рамнотежа и нежност.
Во Кина се верува дека оваа вештина помага да се балансира и физички и духовно.
4. Маска од куркума – Маската за лице од куркума е многу ефикасен метод во борбата против стареењето. Може да помогне и во лекување на одредени кожни заболувања.
Можете да купите готова маска или да ја направите сами дома со мешање на куркума со јогурт или мед. Пред употреба, важно е да се осигурате дека немате алергиски реакции. Доколку имате проблеми со кожата, консултирајте се со дерматолог пред да ја користите маската.