Сакате да знаете која е тајната да имате цврста и здрава врска со вашите деца? Почнете со користење на неколку стратегии кои функционираат и во другите врски во вашиот живот. Со сопругот, партнерот, колегата, соседот.... било кој. Малите адаптации лесно се прават, а се ефективни.

1. Не реагирајте импулсивно

Нема потреба да реагирате веднаш во било која ситуација. Застанете и размислете. Импулсивното реагирање, трошењето зборови и емоции, не фукнционира. Не само што е страшно туку им дава на децата лош пример за однесување. Дајте си време да размислите. Неколку минути. Со повозрасните деца можете да почекате неколку часа дури и цел ден. Тајната е во тоа вие и детето добро да размислите за проблемот и да ја отворите темата кога ќе имате можност смирено да разговарате. 

Со малите деца кои не се однесуваат добро можете буквално да ги кренете во раце, однесете во нивната соба и сериозно да поразговарате после неколку минути „тајмаут“. Но со поголемите деца таа тактика не функционира лесно. Всушност ако вербално нападнете повозрасно дете во моментот на расправија, тоа ќе се почувствува нападнато и во стапица. Едноставно како да го каните да ви возврати со вербален напад. Затоа (освен ако не е ситуација во која може да се повреди самото или некое друго дете), наместо да почнете да викате незадоволни од начинот на кој разговара со вас, кажете му дека ќе поразговарате подоцна откако ќе размисли каде греши.
Децата очајно имаат потреба од почит. Дури и кога не го покажуваат тоа, тие сакаат да бидат слушнати. Кога ќе почнете да разговарате покажувајќи почит и разбирање, ќе ги избегнете непријатните ситуации и однесување. Обидете се.

2. Правило 30 секунди

Престанете да држите лекции. Дури и кога чувствувате огромна потреба да се впуштите во такво нешто, ограничете се на 30 секунди. Децата не сакаат држење лекции. Веруваме и вие. Ако не можете за 30 секунди да кажете 95% од поентата на вашата лекција, тогаш поинаку пренесете ја пораката.
Едноставно можете да кажете „сакам на кратко да ти кажам нешто многу важно, дали можеш внимателно да ме сослушаш?“ И знаете што? Во 9 од 10 случаи ова успева. Децата прифаќаат и навистина слушаат. На крај лекцијата завршете ја со „тоа е она што сакам да го знаеш и сакам добро да размислиш пред да поразговараме подоцна, кога ќе си подготвен/а.“
Некогаш децата сакаат да разговараат веднаш. А некогаш само климаат со главата и самите бараат решение. Понекогаш е потребно да ја отворите темата повторно, но речиси секогаш разговорот ќе биде полесен, пријатен и искрен.
Почнете со правилото 30 секунди. Успева.

3. Престанете да наоѓате решенија

Ова правило најтешко им паѓа на татковците, бидејќи сакаат да помагаат во решавање на проблемите. Зборуваме за ситуации во кои вашето дете е бесно, налутено, повредено, вознемирено, фрустрирано за многу нешта. Лошо друштво. Однесување на некој строг професор. Здодевни браќа и сестри. Листата е долга. Секогаш кога ќе ви се довери детето сигурно тргнувате со зборовите :
„Еве што ќе направиш со другарите...“
„Следниот пат кога наставникот ќе ти каже ... ти треба...“
„Никогаш не смееш да дозволиш другарите да ти кажат....“
И знаете што се случува? Децата не сакаат да им кажете што да прават. Тие не сакаат секогаш да ја слушнат вашата стратегија. Исто така се многу повеќе способни отколку што вие знаете. Многу пати сакаат само да бидете покрај нив кога се во некоја ситуација и да ги поддржите, сослушате. Да ги сфатите нивните чувства. Така полесно ќе ги споделат проблемите и ќе ви се доверат. Таквата ваша реакција ќе им покаже дека ги сакате и дека ви се важни нивните чувства, отколку да застанете и да им делите совети како треба да го решат проблемот.

Најново на форумот

  • No posts to display.