„Црниот Петок“ е ден за шопинг, забава, дружење со најблиските, но и концепт, благодарение на кој, сите можат да ги купат подароците за претстојните новогодишни и божиќни празници по прифатливи цени.

Една од спецификите во овогодинешната реализација на „Црниот Петок“ е токму податокот што во Capitol mall овој концепт за прв пат ќе се реализира во текот на целиот викенд.

“Веруваме дека ако екстензијата на овој ден, наместо во форма на 24 часа, ја трансформираме во 72 часа шопинг забава, ќе добиеме ефект на релаксирана и опуштена атмосфера, без притисоци и избрзани куповни одлуки. Водени од овој факт, заедно и со поддршка на закупците во молот, организиравме Црн Викенд, проследен со дј сетови, интересна понуда, примамливи попусти или специјално креирани пакет сетови со попуст со што повторно потврдуваме дека во фокусот на нашето работење се секако нашите посетители и нивните потреби”, велат од Капитол Мол.

Релаксираното уживањето во попустите и шопингот ќе започне на 25ти со шопинг сет на ДЈ Боби (Сити Радио) и ќе трае до 27ми ноември. Работното време на Капитол Мол започнува од 08.00 часот и трае до 22.00 часот.

ПР текст

 

Најново на форумот

  • No posts to display.