Познато е дека жените плачат почесто и погласно од мажите, Но, сепак, и мажите знаат да пуштат солзи.

 

Понекогаш на жение им е доволно да гледаат филм со тажен крај и да започнат расправија со мајката или другарката и сфаќаат дека нема што да носат и солзите веќе почнуваат. Но, едно истражување покажа дека ништо не може толку многу да ги растажи и расплаче како - партнерот.

Во една студија, работена на примерок од две илјади лица, се наведува дека дури три од четири дами најмногу го обвинуваат момчето или сопругот за пролеаните солзи.

Тие притоа тврдат дека на нивните посилни половина тоа не може да им се случи бидејќи се „оперирани“ од плачење, што дополнително ги нервира. Но, истражувањето покажуваат дека не се во право. Дури 63 отсто од мажите „храбро признале“ дека токму сопругите, девојките или мајките можат најлесно да ги расплачат.

(MIA) 

Најново на форумот

  • No posts to display.