Една од најактуелните светски ѕвезди во моментов, еден од највозбудливите и најспецифични вокали на денешницата, Rag`n`Bone Man доаѓа во Скопје, на голем концерт во арената „Борис Трајковски“, на 11ти мај.

 Добитникот на BRIT и Echo наградите, Rory Graham (aka Rag`n`Bone Man) идната година оди на Grand Reserve турнеја, која опфаќа 20 земји од Европа, на која на големо задоволство успеавме да го потврдиме и Скопје.

Rag`n`Bone Man неодамна го издаде својот албум првенец со наслов „Human, кој уште во првата недела се продаде во преку 117.000 примероци и така стана најбрзо продаван деби албум од музички изведувач на деценијата! Хит синглот „Human“ кој излезе во јули минатата година, буквално ја размрда музичката сцена и се искачи на врвот на светските топ листи дури во 33 земји, а во моментов има 367 милиони прегледи на YouTube.

Покрај тоа што Rage`n`Bone Man годинава се закити со две BRIT награди, неговите турнеи во Европа и Британија се постојано распродадени.

Билетите се пуштени во продажба преку Југотон, Купи карти за се’ и онлајн. 

Најново на форумот

  • No posts to display.