Дани Димитровска со ново видео за песната “Суштина“, која подолго време се врти по радио станиците.

Автор на песната е Весна Малинова Бабамов, аранжманот е на Кирил Бабамов. “Суштина“ е директно обраќање на трагачот кој што секој од нас е потребно да го разбуди во себе. Трагачот за себе спознание, разбирање и прифаќање на тоа што сум изјави Дани Димитровска.

Видео записот снимен е на повеќе локации, дел во “Порта Џез“ во Битола и во “Пивница Мома“ во Скопје во реализација на Горила Филмс. Воедно ова е најава за следниот трет студиски албум на Дани ќе го издаде до крајот на оваа година.

Најново на форумот

  • No posts to display.