Со доаѓањето на новата година започнаа и најавите за годинешната церемонија за доделување на најпрестижните филмски награди оскар“, која ќе се одржи на 28 февруари. Домаќин на церемонијата ќе биде комичарот Крис Рок, кој сними и кратко филмче со провокативна содржина.

 Токму како и Нова година, тоа ќе биде ноќ која ќе заврши со многу пијани и разочарани луѓе кои пцујат дека следната година ќе бидат подобри најави во свој стил Рок.
Исто така на својот твитер профил почна со шеги на сметка на годинешната церемонија, а во прв план е Леонардо Дикаприо на кого статуетката секоја година му бега од раце. Тоа беше инспирација за Рок кој се пошегува со неговата последна улога во филмот
Повратник“ со монтажа со контроверзната сцена со мечката, за која животното освојува Оскар“.
Исто така на твитер објави и фотографија од состанокот со сценаристите во која се пофали дека во смокинг доаѓа и на подготовките.
Крис Рок церемонијата ја водеше во 2005 година, а оваа година ќе се обиде да го врати сјајот на доделувањето на наградите. Минатата година гледаноста беше најлоша во последните шест години, а цермонијата тогаш ја водеше комичарот Нил Патрик Харис.

Најново на форумот

  • No posts to display.