Зближување на некогаш најголемите холивудски бунтовници и бивши сопружници Мадона и Шон Пен одекна како бомба во американските медиуми. Актгерот беше гостин на неколку нејзини концерти минатите неделеи во САД и ја запозна со ќерката Дилан, а таа изјави дека нејзиниот татко отсекогаш се воодушевувал на работата на Мадона.

Тоа беше еден од најтурбулентните холивудски бракови, кој четири години ги полнеше страните на жолтиот печат, а темпераментот на Пен и тешката рака, Мадона ги почувствува на своја кожа, но не му остана должна. Во последната година од бракот беа најголеми непријатели, се разведоа 1989 година, но со текот на годините полека се смируваше и прерасна во пријателство.

Како што изгледа, животните околности повторни ги зближија Мадона (57) и Пен (55) па актерот неодамна беше на нејзините два концерта во Њујорк, а својата најстара ќерка Дилан ја запозна со поранешната сопруга.

- Беше лудо и малку необично да се запознае поранешната љубов на тато. Тој отсекогаш и‘ се воодушевуваше – изјави Дилан.

По прекинувањето на свршувачката со Шарлиз Терон, актерката која наеднаш ја прекина врската со Пен, тој утеха најде во дружбата со Мадона. Или како што еднаш сама Мадона изјави, дека биле сродни души со диви карактери, кои поради незрелост и слава долго не издржале заедно. Денес по 25 години нештата се сосема поинакви.

А дека можеби навистина има нешто меѓу нив, идеја даде и Мадона, кога во август на социјалната мрежа Инстаграм му напиша роденденска порака на поранешниот сопруг и објави нивна заедничка фотографија.

Најново на форумот

  • No posts to display.