Без разлика дали се обидувате да забремните во 20те, 30те или 40те години, бременоста во секоја возраст има одредени позитивни и негативни страни. Во различна возраст, бременоста е различно искуство.

Иако секоја жена е единствена, физичките и емотивните аспекти на бременоста се делумно зависни од вашата возраст. Еве што да очекувате.

 

Во 20те

Според физичката подготвеност ова е одлично време за забременување. А ако сте во раните 20ти години тогаш полесно ќе забремените. Нерегуларните циклуси карактеристични за тинејџерската возраст се минато и многу полесно може да се предвиди овулацијата. Освен тоа вашите јајце клетки (се раѓате со точно одреден број јајце клетки кои постепено се трошат) се свежи, здрави и одлични за оплодување. Не само што полесно ќе забремените на оваа возраст, туку и полесно ќе ја носите бременоста. Младото тело многу поедноставно се соочува со сите промени и помалку ги има здравствените проблеми кои можат да се јават во поодмината возраст.

Уште една предност е што и вашите родители се исто така помлади, па ќе можат повеќе да ви помагаат околу грижата за децата.

Ризиците поврзани со бременоста и појава на различни компликации е многу мала во 20те години, со одредени исклучоци како прееклампсијата односно висок крвен притисок во бременоста, која не е дирекно поврзана со возраста. Исто така може да се соочите со проблемот на раѓање бебе со ниска родилна тежина, ако се‘ уште ги немате надминато лошите навики со исхраната од тинејџерските години, пушењето или ризичен секс.

Иако бремноста во 20те има повеќе предности од аспект на вашата физичка подготвеност, тоа не значи дека морате да родите на оваа возраст, особено ако се чувствувате дека не сте подготвени за брак или пак ако сакате да поработите на својата професионална кариера. Исто така ако не се чувствувате доволно емотивно зрели за мајчинство нема потреба по секоја цена да брзате.

 

Во 30те

Многу жени кои се во 30те години чувствуваат дека се емотивно зрели за мајчинство и брак, а воедно се задоволни од постигнатото на професионален план. Но, од друга страна, додека вие сте го постигнувале сето тоа, вашите јајце клетки продолжиле да стареат и да се трошат. Секоја жена се раѓа со отприлика пола милион јајце клетки. Како стареете прво се трошат оние поквалитетните, па така на оваа возраст може да се соочите со проблем при забременувањето, односно можно е да ви се потребни неколку месеци до една година обидување додека дојдете до посакуваниот резултат, иако сте во одлична здравствена и физичка кондиција.

Кога ќе забремените, најверојатно е дека ќе немате проблем со носењето бебе, но сепак имајте на ум дека сте на возраст кога се поочекувани некои други хронични состојби како на пример дијабетес или висок крвен притисок кои ја комплицираат бременоста. Тоа е многу поочекувано особено ако со тек на годините имате зголемено килажа, бидејќи дебелината го зголемува ризикот од многу медицински проблеми. Уште една опасност во 30те години, особено ако ја поминете 35тата годијна се хромозомските проблеми, како Даунов синдром, исто така поголем е ризикот од спонтан абортус при правење амниосинтеза за дијагностицирање на овој синдром. Друга ризична појава е плацента превија, односно растење на плацентата во близина на цервиксот и појава на крварење, особено по претходни бремености или извршен царски рез.

 

Во 40те

Без заобиколување, од медицинска гледна точка ова е најтешката декада за бременост. До сега е потрошен огромен дел од најквалитетните јајце клетки, па така зачнувањето е многу споро, бидејќи преостанатите јајце клетки не регрираат добро при фертилизацијата. Исто така присутен е ризикот од хромозомски абнормалности и спонтани абортуси. Во меѓувреме вашиот циклус почнува да станува нерегуларен пред менопаузата, што значи уште еден проблем за забременувањето. Многу жени погрешно го поврзуваат тоа изостанување на циклусот со бременост.

Интересно е и тоа што на оваа возраст иако потешко е да забремените, многу веројатно е да биде повеќе плодова бременост и тоа без медицинска асистенција, што е уште еден ризик. Причина за тоа е што пред менопауза организмот почнува побрзо да ги исфрла останатите јајце клетки и при тоа се случува одеднаш да созреат и да бидат оплодени две или повеќе.

За очекување е и појавата на влошување на некои хронични состојби кои ги имате како резултат на стареењето. Исто така успорениот метаболизам може да има спротивен ефект. Иако јадете малку ќе се дебелеете повеќе отколку на помлада возраст.

Позитивните страни на оваа возраст се што веќе имате финансиска стабилност и ако ви е втора или трета бременост, претходното искуство ќе ви овозможи да сте посмирени, пофлексибилни и полесно да се соочите со мајчинството.

Она кое е забележано кај постарите мајки е и дека се посигурни во себе па многу полесно го ставаат мајчинството на прво место и полесно преговараат за промена на работата, ако таа им пречи во грижата за децата.

Најново на форумот

  • No posts to display.