Кога ќе почнете да планирате и размислувате за бременост освен избегнувањето на алкохол и цигари се препорачува и да се престане со земање штетни лекови. Особено се мисли на лековите за хронични болести (епилепсија), каде потенцијално штетните лекови треба уште пред старт на бременоста да се заменат со помалку штетни или оние кои воопшто не се штетни.

 

Меѓу штетните лекови секако не се вбројува витаминот фолна киселина, кој треба да се зема уште од почеток на планирањето на бременоста – имено овој витамин го спречува појавувањето на одредени аномалии, пред се‘ оштетување на нервните ќелии кај ембрионот.

Пушењето може да биде причина за настанување на одредени промени на крвните садови, односно ресичките на постелката преку кои бебето се снабдува со кислород. Ограничениот доток на кислород може да влијае на растот на се‘ уште нероденото бебе, но и да предизвика предвремено породување или компликации при породувањето. Од иста причина се препорачува избегнување и на пасивно пушење т.е престој во зачадени простории.

Бременоста, породувањето и родителството длабоко влијаат на вашите односи во семејството, особено со партнерот. Времето пред бременоста треба да го искористите за разговор со партнерот за промените кои следат и предизвиците кои можат да се појават. Време е да се соочите со евентуални спротивни или амбивалентни чувства – чувсто на двоумење или несигурност.

Совет

Обратете внимание на својата исхрана. Вишокот или недоволното килограми може да влијае на репродуктивната способност. Пробајте пред бременоста да ја исполните и задржите идеалната тежина. Бременоста не е време за држење диети. Доколку во историјата на семејството постојат наследни болести како на пр. хемофилија или цистична фиброзна болест, размислете пред бременоста за генетско советувалиште.

Не смеете да забремените додека не поминат три месеци по прележана рубеола!

Најново на форумот

  • No posts to display.