Се обидувате да забремените, но нешто не оди. Можеби несвесно правите некоја од овие грешки кои се најчестите фактори во спречување на зачнувањето.


Немате доволно секс

Дали некој ве посоветува да намалите со сексот, за да зачувате повеќе од спермата и така полесно да забремените? Или можеби вие двајца единствено сте „зафатени“ кога овулира партнерката? Немањето секс со денови може да ја намали шансата за забременување.  Лесно е да се промаши плодниот период ако сексот е ограничен само на деновите кога мислите дека овулирате, убедени дека точно знаете кога имате овилација. Наместо да имате односи само во “вистинските“ денови, експертите советуваат да ги практикувате почесто, особено обрнувајќи внимание на деновите пред плодниот период.

Премногу секс

Некои двојки веруваат дека знаат точно што треба – колку повеќе секс, толку полесно и побрзо забременување. Но, не секогаш повеќе е подобро. Иако честите сексуални односи нема да ја зголемат потенцијата на спермата, како што многумина веруваат, тоа може да доведе и до уште еден проблем – форсираниот секс пред овулација, ќе создаде презаситеност и кога ќе дојдат плодните денови, партнерите може да не бидат заинтересирани па тоа ќе значи пропуштена шанса.

Секогаш иста поза

Можеби сте слушнале дека мисионерската поза е најдобриот начин да се забремени или дека треба да ги држите подигнати нозете по завршувањето. Погрешно! Без разлика во која поза сте резултатот е секогаш ист. Кога ејакулира мажот, спермата плива и оди дирекно до цервикалниот мукус а потоа до фалопијалните туби, порачуваат стручњаците. Тоа се случува за неколку секунди, без разлика на позата која ја имате во тек на односот. Наместо да се држите секогаш до една поза, опуштете се и забавувајте се во креветот!

Верување дека проблемот е во жената

Кога една двојка има проблем со фертилитетот, многумина (вклучувајќи ги и нив двајца) автоматски помислуваат дека тоа значи оти кај жената има некој проблем. Мажите не сакаат или поретко веруваат дека тие се причината, односно проблемот е кај нив. Бидејќи во тек на односот течност излегува од нив, без разлика дали има или не сперматозоиди, тие веруваат дека се плодни. Но тоа не значи дека секогаш е така. Од првиот ден секоја двојка треба да помисли дека причината може да биде кај било кој од нив двајца. Според последните истражувања околу половина од проблемите со плодноста се кај жената, 40% се кај мажот, а 10% е кај двајцата или кај никого. Затоа најдобро е уште веднаш да се почне со испитување кај двајцата и да се исклучат сите фактори.

Промашување на овулацијата

Верувањето дека го знаете точниот термин кога овулирате, може да биде замка. Многу жени ги следат правилата од книгите и убедени се дека овулираат 14 дена по првиот ден од циклусот, но должината на циклусот варира и не значи дека овулацијата секој месец е во исто време. Исто така жените веруваат дека можат да погодат кога овулираат поради симптомите. Ако си го познавате доволно своето тело, можете да забележите дека во деновите пред овулацијата имате зголемен чист како белка вагинален исцедок. Но жените го пропуштаат ова, а некои мислат дека секојдневниот исцедок е знак за овулација. Наместо да погодувате, најдобро да побарате апаратче за одредување овулација или пак да користите метод со мерење базална температура. Прашајте го вашиот гинеколог на кој начин најдобро е да ја одредите овулацијата.

 

Секс само на денот од овулацијата

Ако веќе знаете кога имате овулација, мислите дека најдобро е да се “фатите за работа“ токму тој ден. Но тоа може да биде доцна. По овулација јајцето е плодно само 24 часа. Ако погрешите со одредување на овулацијата, мора да чекате до следниот месец. Бидејќи сперматозоидите можат да живеат само 3 – 5 дена, сексот неколку дена пред овулацијата значително ќе ги зголеми шансите за бременост.

Користењето лубрикант

Размислете два пати пред следниот пат да го земете. Комерцијалните лубриканти негативно влијаат на подвижноста на сперматозоидите, со тоа им ја отежнуваат способноста да дојдат до јајцето и да го оплодат. Ако морате да го користите, тогаш побарајте некој лубрикант кој нема такво влијание. Или подобро е да користите природни лубриканти – маслиново масло, растително масло, бебешко масло, дури и белките од јајце се безбеден и ефикасен лубрикант.

Веднаш кај специјалист

По два три месеци обидување, лесно е да се исфрустрирате. Тоа не значи дека веднаш треба да отрчате кај специјалист за плодност. Дури и во идеални околности, кај перфектно плодна двојка може да се потребни неколку месеци пред да успеат да забременат. Ако сте помлади од 35 години, со регуларни менструални циклуси и немате никакви здравствени проблеми,  не брзајте, почекајте една година пред да се обратите кај специјалист.


Не барање помош на време

Во некои случаи, одењето кај специјалист за плодност е подобро порано, отколку подоцна. Ако имате 35 години или повеќе, препорачливо е да одите кај специјалист по шест месеци обидување. Или ако сте помлади, а имате нерегуларен циклус и историја на секусално преносливи болести, претходна ектопична бременост, пелвично- воспалителна болест и други здравствени проблеми кои можат да влијаат на плодноста или бременоста, подобро е веднаш да се консултирате со специјалист.

Занемарување на здравјето

Често кога двојките се обидуваат да зачнат, се фокусираат генерално на нивното репродуктивно здравје и ја запоставуваат своја општа здравствена состојба. С& се врти околу цервикалниот мукус, броењето сперма и имањето односи. Но, многу е важно да обрнете внимание на генералното здравје, бидејќи состојбите како зголемена или мала телесна тежина, пушење, стрес, лекови и др., можат да влијаат на плодноста. Пред да почнете да се обидувате за бебе, добра идеја е и двајцата да отидете на систематски преглед и да видите дали има нешто кое може да ве спречи во намерата.

Најново на форумот

  • No posts to display.