Има многу возбудливи моменти во животот, но ништо не може да се спореди со моментот кога ќе дознаете дека чекате бебе. Исполнети сте со емоции, среќни, па зборовите од лекарот дека сте го загубиле бебето, се вистински кошмар за вас.

 

Спонтан абортус

Дали знаевте дека 10 – 20 % од бременостите завршуваат со спонтан абортус? Некои жени дури не знаат ни дека биле бремени, бидејќи спонтаниот се случува многу рано, некаде во периодот околу менструалниот циклус, така што жената има чувство дека порано почнало регуларното крварење и не го поврзува со прекин на бременост.

Многу нешта можат да бидат причина за спонтан абортус, но најчесто се непознати и жената не може да стори ништо за да ја спречи загубата. Освен вакви постојат и познати причинители на абортус како што се хромозомски абнормалности, инфекција, хормонални проблеми, конгенитални абнормалности и др. Според научниците, поголем ризик за спонтан има кај жените со полицистични јајници. Тие обично имаат потешкотии да забременат природно, а воедно за три пати е поголем ризикот да доживеат спонтан абортус.

Научниците ги испитувале и причините за повторни абортуси, по што е откриено дека најчесто жените кои доживеале повеќе од еден спонтан абортус имаат нешто заедничко – генетска мутација. Сепак допрва треба да докажат дека таа генетска мутација на Х хромозомот е дирекно поврзана со честите спонтани абортуси. Ако се докаже тоа, тогаш во иднина со едноставен тест преку крв ќе може да се предвидува можноста за идни спонтани абортуси.

 

Мртвороденче

Овој термин се користи за опишување на прекин на бременоста по 20та гестациска недела. Се случува поретко од спонтаниот абортус, во просек 1 на секои 200 бремености може да заврши на овој начин. Причините ретко се познати, односно во 70% од случаите со мртвородено се од непознат фактор. Тоа дополнително им ја отежнува состојбата на жените кога во најтешките мигови немаат одговор – зошто?. Околу 15 – 20% од мртвородените се поради вродени аномалии, а поретки се случаите со абдоминална траума или надмината 42 гестациска недела. За жал малку истражувања се правени за откривање на најчестите причини за ваквиот начин на завршување на бременоста.

 

Ризици од идна загуба

Во најголем број слуачи по спонтан абортус или мртвородено можно е жената да има лесна бременост која ќе заврши нормално. Ако се преживеат два спонтани абортуси, секако се зголемува ризикот од спонтан со следната бременост – за 28% или по три спонтани за 43%, па се препорачува жената да направи една евалуација кај специјалист, кој ќе и‘ помогне да се откријат причините за повторните прекини на бременоста. Не се обесхрабрувајте. Многу жени имале спонтан пред да родат здраво бебе. Иако ви изгледа далечно, сепак не е невозможно. Како и да е, во ваш интерес е да побарате помош од специјалист.

Исто така не се срамете да зборувате со другите за вашиот проблем. Често комуникацијата со семејства кои го имаат преживеано истото, може многу да ви помогне, како што може и вашата приказна некому да му биде од помош.

Најново на форумот

  • No posts to display.