Состојки: 1 пакување листесто тесто, 1 жолчка, 1 пакување крем сирење, 2 пакување филети од чаден лосос, свеж власец, анасон, капари (по избор)


Приготвување

Развлечете го тестото во правоаголник и со нож исечете квадрати. Секој со нож засечете го плитко, по внатрешната страна од рабовите, на оддалеченост од неколку милиметри, а потоа во средината избоцкајте ги со вилушка. Вака подготвените теста ставете ги во плех обложен со хартија за печење, премачкајте ги рабовите со изматена жолчка и ставете да се пече во рерна загреана на 200 степени.  Печените теста извадете ги да се изладат. Потоа на средината ставете прво по 1-2 лажици крем сирење, а одозгора по едно парче чаден лосос. Посипете со саканиот зачин (власец, магдонос или капари) па послужете. 

Најново на форумот

  • No posts to display.