Состојки:

- 3/4 чаша омекнат путер, 1/2 чаша кафеав шеќер, 2 чаши праски сечени на резанки, 3/4 чаша бел шеќер, 1 јајце, 1 лажичка екстракт од ванила, 1 1/4 чаша брашно,. 1/2 лажица прашок за пециво, 1/2 лажичка сол и 1/2 чаша млеко, шлаг по желба

Приготвување:

Од путерот одвојте малку за да ја подмачкате тепсијата со пречник 22 см. Посипете го дното со кафеавиот шеќер и наредете ги тенко исечените праски, да го прекриете дното. Во еден сад изматете го путерот со белиот шеќер, додека добиете пенеста смеса. Додајте го јајцето и останатите состојки, па измешајте. Прелејте ја готовата смеса над праските и ставете да се пече во рерна загреана на 180 степени 40-45 минути. Со вилушка проверете дали е печена тортата и по потреба уште печете. Извадете го колачот од рерна, превртете го и откако ќе се излади по желба украсете со матен шлаг.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.