Состојки

- 2 средни домати, 1 готово листесто тесто, 1 лажица сенф, 200 г бри сирење, 1 лажица сувс мајчина душичка, ½ лажичка сол, црн пипер, малку брашно

 

Приготвување

Доматите исечете ги на кругови, наредете ги во чинија обложена со кујнска хартија и посипете ги со сол, па оставете ги така 30 минути. Загрејте ја рерната на 200 степени. На набрашнета површина расукајте го тестото и ставете го во плех. Краевите подвиткајте ги нагоре, па со вилушка на неколку места избоцкајте го тестот. Над него наредете ги парчињата домати и сирење. Посипете со мајчина душичка малку сол и црн пипер по вкус. Испечете го тартот околу 20-25 минути додека добие убава боја. Топол исечете го на парчиња и веднаш послужете го.

Најново на форумот

  • No posts to display.