Состојки: 4-5 лажици мајонез, 1 лажичка свежо цеден сок од лимон, 2 лажици сечкан копар плус уште малку за декорација, 1 багет, 5-6 парчиња сланина, 1 китка марула, 10-12 чери домати

Приготвување:

За мајонезот од копар измешајте го мајонезот, сокот од лимон и сечканиот копар во еден сад. Оставете да се лади и да се поврзат аромите. Багетот исечкајте го накосо на парчиња дебели 2 см. , и наредете ги на плех со хартија за печење, па печете ги 7-8 минути во рерна загреана на 200 степени. Извадете ги да се изладат. За тоа време исчекајте ја сланината и пржете ја на средна температура со повремено мешање, додека стане крцкава. Марулата и доматите измијте ги, па исечкајте ги. Извадете ја да се исуши на кујнска хартија. На секое парче леб намачкајте по 1-2 лажички мајонез, над него ставете неколку парчиња марула, малку пржена сланина и неколку парчиња чери домат. Посипете со свеж сечкан копари и послужете.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.