Ништо не е случајно, па ни симболичната акција на членките на форумот ,,Родители и деца,, за учениците во Посебното основно училиште ,,Златан Сремац,,.

За кратко време, поттикнати од информациите за слабиот одзив во хуманитарната акција ,, Донирај за еднаков свет,, организирана за овие деца, група членки на форумот решија да донираат нешто за нив и да им ги разубават новогодишните празници.

 

Изборот падна на школскиот прибор, кој, како и многу други работи, им недостасува на децата. Со тоа сакаа да покажат дека овие деца не се заборавени, иако и таков впечаток може да се добие ако се сумира што општеството сторило за нив и нивното училиште во последните години.

Децата приборот ќе го истрошат, но ќе остане желбата и натаму да им се помага и ним и на други на кои им е потребно. Оваа мала акција, како и онаа за децата во СОС детско село покажаа дека членовите на форумот можат да дејствуваат и надвор од виртуелниот свет што тој во основа го претставува, па затоа сигурно не се случија случајно.

Учениците од школото за деца со полесна попреченост на претставата по повод акцијата ,, Донирај за еднаков свет,, на гостите и донаторите им изведоа неколку интересни точки. Имаше музика и сцена од ,,1001 ноќ,, , децата играа оро и пееја песна, едно девјоче свиреше новогодишни мелодии, а Дедо Мраз подели пакетчиња. Подароците, меѓу кои и нашиот, беа сместени под голема елка.

Директорката на училиштето и организаторот на акцијата, Здружението на граѓани ,,Млади за млади,, и Здружението за дефектолози ,,Подај рака,, на група родители од форумот ,,Родители и деца,, им додели благодарница.

{AG thumbWidth="200" thumbHeight="120" thumbAutoSize="none" arrange="name" backgroundColor="ffffff" foregroundColor="808080" highliteColor="fea804" frame_width="500" frame_height="300" newImageTag="0" newImageTag_days="7" paginUse="1" paginImagesPerGallery="10" albumUse="1" showSignature="0" plainTextCaptions="1" template="classic" popupEngine="fancybox"}2012/05/sremac{/AG}

Најново на форумот

  • No posts to display.