Највеселиот ден во годината, Први Април, да го направиме уште поубав. Ве каниме утре недела 01 април 2012 година да дојдете на маскенбал во кафулето и игротека Форца. Забавата почнува во 12 часот и ќе трае до 14 часот, а ќе има награди, музика и изненадувања за сите дечиња.Оваа Априлијада има и хумана цел – собраните средства (ќе се собираат парични средства во посебно обележени кутии) ќе се донираат во домот за деца без родители „11 октомври“ во Скопје.

Дојдете заедно со своите другарчиња, пријатели и блиски. Сите се добредојдени!!!

 

Ве канат здруженијата

 

„Тука живееме“ и „Родители и деца“

Најново на форумот

  • No posts to display.