Топ моделката Тајра Бенкс е една од ретките убавици која признава колку труд е потребно за да се изгледа совршено на насловните страници од списанијата.

Таа сега на својот инстраграм профил објави своја фотографија без грам шминка и покажа како изгледа наутро кога ќе се разбуди. Како објаснување зошто тоа го направи напиша:

 

„Знаете кога луѓето кажуваат дека нивната објавена фотографија е без корекции, а вие знаете дека тоа не е вистина? Па затоа утрово решив да покажам како навистина изгледам. Вистинската јас. Посакав да ги отстранам овие темни кругови околу очите, но си реков „ма покажи им слободно“. “

Познатата манекенка која има своја линија козметика, често знае да каже дека сосема е јасно дека ретко која жена изгледа свежо, како од реклама, наутро кога ќе се разбуди.

- Некои жени изгледаат свежо и се чини дека воопшто не им е потребна шминка, но тоа не е случај со мене. Јас таа свежина ја цртам со шминка.

Најново на форумот

  • No posts to display.