Секоја жена е единствена по градбата на своето тело, а некои се комбинација од повеќе типови тело. За да бидете секогаш модерни и убаво облечени, мора да знаете прво каков телесен тип сте,

односно дали сте „јаболко“, „круша“, „песочен часовник“, атлетски градени или „превртен триаголник“. Застанете пред огледало и проценете го својот изглед!

 

1. Атлетски тип – витки сте, а струкот, колковите и рамената се со слична ширина. Претставничка на овој тип е Камерон Дијаз.

Што да облечете – се‘ што ги нагласува убаво обликуваните раце или рамења, а создава илузија на облините. Носете интензивни бои и дезени кои ќе му додадат облини на вашето тело. Слоевитиот начин на облекување исто таа е одличен начин да создадете илузија на бујно тело.

 

2. Тип „јаболко“ - поголем дел од масата ви се акумулира над колковите кои се тесни. Грбот, рамената и ребрата се широки, можеби и пошироки од другите типови тело. Претставничка – Дру Баримор.

Што да облечете - нозете се ваш адут и истакнете ги. Торзото можете да го издолжите носејќи облека со В израз или туники, блузи кои го прикриваат вашиот стомак. Морате да создадете илузија на струк. Бирајте комбинации кои се тесни во горниот дел и потоа лесно се шират кон колковите.

 

3. Тип „крушка“ - долниот дел од телото е поширок од горниот, односно колковите ви се пошироки од рамената. Адути ви се рамената, торзото и рамниот стомак. Претставничка – Ким Кардашијан.

Што да облечете – нагласете ги струкот и рамената, додајте им волумен на рамената и горниот дел, а прикријте ги колковите. За вас идеална облека е онаа која ги камуфлира бујните колкови, значи здолништа со лесен А-крој или молив – облик. Обратете внимание на горниот дел од телото. Избегнувајте ги сукњите со интензивни бои и дезени. Маиците или блузите со овален или квадратен израз се одличен избор за вашата градба на тело.

 

4. Тип „песочен часовник“ - рамената и колковите ви се со слични пропорции, и раздвоени се со тесниот струк. Претставничка – Бијонсе.

Што да облечете – покажете ги своите облини, но со мерка! Облечете се во облека која ја нагласува вашата фигура, но без претерување. Одличен избор се фустани на преклоп, тесни фармерки, здолништа со висок струк.

 

5. Тип „превртен триаголник“ - на припадничките на ваков облик на тело горниот дел им е поширок во однос на тесниот струк и колкови. Претставничка – Рене Зелвегер

Што да облечете – ваша задача е да го нагласите долниот дел од телото, а да ги ублажите рамената и горниот дел од телото. Истакнете ги нозете, струкот и колковите. Носете сукњи или панталони во светли бои или облека која создава илузија на потесен струк.

Најново на форумот

  • No posts to display.