Есента сe‘ уште е пријатно време во кое не‘ развеселува со убавите бои, есенската мода...но и најважното есенските плодови, кои овој пат можете да ги искористите за нега не лицето и телото. За овие маски нема да ви треба многу време, ниту пари, а и не мора да одите во козметички салон.

 


Маска од тиква

Витамин А, антиоксиданс во вид на витамин Ц и цинк – сето тоа ќе го добие вашата кожа со оваа маска

Состојки:

- 1 голема лажица пире од тиква

- лажица мед

- ½ лажица млеко

Измешајте ги состојките и нанесете ги на лицето со кружни движења. Избегнувајте ја зоната околу очите. Маската оставете ја да дејствува 15- 20 минути, па измијте ја со млака вода.

 

Мускатно оревче и цимет

Овие зачини не само што мирисаат добро, туку се добри и за вашата кожа. Мускатното оревче има антивоспалителни својства и може да ги стесни порите, да го намали црвенилото од акните, но и да ублажи лузни. Циметот делува како пилинг и антисептик. Кога ќе се измешаат овие зачини со мед, добивате лековита маска. Внимавајте со оревчето оти може да иритира чувствителна кожа, па затоа прво пробајте на мал дел од кожата пред да ја нанесете на цело лице

Состојки:

- лажица мед

- ¼ лажичка цимет

- ¼ лажичка мускатно оревче

Измешајте ги состојките и нежно нанесете на кожа. Оставете 20 минути па измијте се со млака вода.

 

Шеќер и зачини за пилинг на телото

кожата ќе ви биде благодарна ако и подарите пилинг со кој ќе ја подмладите и намирисате, а вашата циркулација ќе се подобри. И тоа се‘ поради состојките кои ги имате дома и можете да ги користите. Пире од тиква и цимет во комбинација со кафеав шеќер, тоа ќе биде вистински мирисен мелем.

Состојки

- ½ филџан пире од тиква

- ½ филџан кафеав шеќер

- ¼ лажица мелен цимет

Ова е пилинг не само за лице туку и за тело. Измасирајте се нежно, па потоа измијте ја кожата.

 

Маска од брусници

Брусниците природно се богати со витамин Ц и К и содржат антиоксиданси, што ќе ја направи вашата кожа младолика и ќе ви ги намали подочниците, односно ќе ги направи помалку видливи. Тие се природен тонер на лицето, а кога се комбинираат со мед и јогурт прават маска совршена за меко лице.

Состојки

- десеттина свежи брусници изгмечени

- лажица мед

- лажица јогурт

Поврзете ги состојките и со кружни движења нанесете ги на лице, но не околу очите. Оставете ги 15 минути, па измијте ги.

Најново на форумот

  • No posts to display.