Млада жена со моќен глас, исклучително индивидуален моден стил, со јасна дефиниција на тоа што е сцена а што секојдневие, на македонската поп пејачка и‘ овозможија да стане заштитино лице на нова модна колекција

 

Тамара Тодевска ќе ја претставува најновата колекција од македонскиот моден бренд „Драма“. Колекцијата е одзив на еден дизајнер, личен моден став и можеби најблиску до интимната Ивана Кнез. Ластици, памучно трико, жоржет се материјалите кои ја дефинираат текстурата на колекцијата.

Изработена е во елегантната црна боја, но ќе постои можност за избор на поинаква боја, дури и дизајн по нарачка. Наменета е за жени со вистинска самодоверба, дефиниран стил, со изразена сензуалност и концентрирани емоции, жени сигурни во својот животен пат без разлика на целта. Знаат како да сакаат и да бидат сакани и не се плашат.

Соработката ќе продолжи ова лето со вториот дел од колекцијата, костими за капење и летни додатоци.

{AG thumbWidth="200" thumbHeight="120" thumbAutoSize="none" arrange="name" backgroundColor="ffffff" foregroundColor="808080" highliteColor="fea804" frame_width="500" frame_height="300" newImageTag="0" newImageTag_days="7" paginUse="1" paginImagesPerGallery="10" albumUse="1" showSignature="0" plainTextCaptions="1" template="classic" popupEngine="slimbox"}2014/04/tamara{/AG}

Најново на форумот

  • No posts to display.