Секој дама најженствено се чувствува на високи потпетици, но последиците кои тие ги оставаат некогаш се навистина болни. Потпетици за на работа, за излегување, за прошетка....звучи познато. Еве неколку совети како да ги избегнете проблемите од постојаното носење:

- Ако ви се чевлите таман, нема да предизвикуваат голема болка. Затоа кога бирате нови чевли водете сметка токму за тоа. Купувајте ги кога нозете не ви се отечеми, најдобро наутро и не ги земајте во предвид типичните убедувања од продавачката „ќе се разгазат“. Ако ве стегаат нови, ќе ве стегаат и утре и задутре. Потпетиците само ќе го влошат проблемот.

- Најголем проблем кај високите потпетици е токму аголот под кој стои вашето стапало. Ако сакате високи потпетици и да ви биде удобно во нив цел ден, најдобро е да се решите за платформи во кои стапалото ја задржува природната положба.

- Ставете влошка внатре во чевлите. Можете да изберте од оние кои одат по целата должина на чевлите или од оние кои ви даваат потпора само во предлот на перничето под прстите. Кога станува збор за влошки, не штедете. Имаат навистина фантастично дејство.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.