Македонската текстилна компанија, специјализирана за производство на долна облека- „Тритекс“ од Прилеп, од денес (5 март среда) отвори бутик во трговскиот центар „Рамстор“ во Скопје. Во брендираната продавница ќе се продава памучна машка, женска, детска и бебешка долна облека произведена во фабриката во Прилеп.

Оваа компанија постои од 1994 година, и веќе 20 години поголемиот дел од своето производство успешно го извезува на пазарите во Европската Унија, а само дел од производите ги пласира и на домашниот пазар.

Тенденција на менаџментот на компанијата е промена на тој сооднос во иднина. Како резултат на долгогодишното искуство во текстилната индустрија и усовршување на квалитетот според највисоките стандарди, сметаат дека конечно е дојден погодниот момент за нивно посериозно претставување на домашниот пазар.

Оттука и идејата за сопствен брендиран бутик во центарот на Скопје.
- По 20 годишно успешно и квалитетно работење на странските пазари, реално е да го насочиме нашето внимание и кон домашните купувачи. Колку ќе ни значи успехот надвор ако дома не не‘ вреднуваат? Отворивме наша брендирана продавница во Прилеп и сега ја отвораме првата наша продавница за граѓаните на Скопје. На овој начин, ќе ги презентираме нашите производи и нивниот квалитет и уште повеќе ќе се доближиме до македонскиот купувач. Веруваме во она што им го нудиме на македонските семејства, и затоа нашиот план за проширување нема да застане тука - вели Дејан Наумоски, претставник на менаџментот на компанијата.

Производите на Тритекс преку големопродажба се пласираат низ цела Македонија, и истите и понатаму ќе бидат достапни во неколкуте трговски ланци за конфекција и бутици, кадешто можеа да се најдат и досега.

Најново на форумот

  • No posts to display.