Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Прозорци

Прозорци 19 Мај 2012 08:36 #199383

  • macika
  • macika's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Во моментов имам потреба за кај мајка ми да смениме прозори во целиот стан.
Ние лично за дома си земавме Rehau 5 коморни со К стакло ова пред скоро 3 години. Меѓутоа сега гледам има ново стакло К 4 сезони.
Она што сакам да ве прашам дали некој ја знае оваа фирма за прозорци Мкн- етем
дали знае како работат?
Ние прозорите дома кај нас а и сите овде во фирма ги направивме во Модул Пласт.
Последна промена: 19 Мај 2012 09:08 by Big Sister. Причина: линк
The administrator has disabled public write access.

Re: Прозорци 19 Мај 2012 17:12 #199435

  • yarre
  • yarre's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 1082
  • Thank you received: 1001
Модулпласт за мене се најнеодговорна фирма која го скрнави името на Рехау. Лошото е што монтажата е очајна, а после самите не знаат да решат проблем што самите го направиле.

Исто така во МК сите нудат термопан стакло, а ниту еден не нуди такво, бидејки термопан мора да е со вакуум.

Sent from my HTC Sensation Z710e using Tapatalk 2
The administrator has disabled public write access.

Ре: Re: Прозорци 19 Мај 2012 18:41 #199438

  • Dilberta
  • Dilberta's Avatar
  • Вози мотор
  • junior
  • Теми: 514
  • Thank you received: 722
Ако не си дефинитивно одлучена, јас би ти препорачала да размислиш за дрвени прозори наместо ПВЦ. Дрвото е сепак природен материјал и во комбинација со термопан стакло, за мене е неспоредливо поубаво од ПВЦ прозор. Ние ставивме дрвени од меранти дрво пред 4 години, многу се лесни за одржување, боени се со восочна боја на која воопшто не и смета вода, единствено и смета јако сонце, треба да се префарбаат на 10-15 години зависно дали имаш ролетни на прозорите или не.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Прозорци 19 Мај 2012 19:30 #199440

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 2766
  • Thank you received: 642
Samo Salamander prozori Macika ili ako ima nekade Gealan :srekno:
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Прозорци 20 Мај 2012 07:49 #199458

  • MamaMaja
  • MamaMaja's Avatar
  • Вози мотор
  • teenager
  • Just one happy mum
  • Теми: 915
  • Thank you received: 483
Dolphin wrote:
Samo Salamander prozori Macika ili ako ima nekade Gealan :srekno:

Gealan ima vo Skopje na nekolku mesta, samo treba da se pazi koj ke gi izraboti.
Nie imame 6 komorni veke 5 godini i sekade kade sto gledam prozorci, ne mozam da najdam da se podobri od nasite.
I vo izrabotka i vo izgled.
Od funkcionalnosta sme prezadovolni.
Сонцето 28.05.1993
Месечината 06.08.1997
Ѕвездичката 28.11.2007
Последна промена: 20 Мај 2012 07:50 by MamaMaja.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Прозорци 20 Мај 2012 14:01 #199485

  • macika
  • macika's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Модулпласт за мене се најнеодговорна фирма која го скрнави името на Рехау. Лошото е што монтажата е очајна, а после самите не знаат да решат проблем што самите го направиле.

Ова прв пат го слушам за оваа фирма од тебе. Ние по препорака на неколку луѓе токму од Модул Пласт нарачавме прозорци 5 коморни со К стакло и сме презадоволни токму од монтажата. Бидејќи заградувавме цела тераса со прозорци и монтажата итекако беше комплицирана и навистина немаше никаков проблем.
По наша препорака и други работеа кај нив еве последно кај газдава на фирмата во која работа и перфектно си ја завршија работата. Навистина незнам од кај ти е оваа информација.
За овие Gealan прозорци не сум чула можете ли да ми дадете информација кој ги работи и секако квалитетно. Меѓутоа Саламандер ми се прескапи. Ако овие се во ранг на Саламандер финансиски неможам да си ги дозволам оти се работи за големи стаклени површини. За станот од Модул Пласт добивме понуда од 2600 ЕУР и тоа без парапетни даски. Зборуваме за РЕХАУ 5 коморен со четирисезонско стакло. Меѓутоа за фирмата која ме интересираше МКН-ЕТЕМ никој не знае ништо они се за неколу стотини евра поефтини а го нудат истото. Ама појма немам како работат.
А ти Јаре која фирма би ја препорачал за РЕХАУ профилот???
Ако не си дефинитивно одлучена, јас би ти препорачала да размислиш за дрвени прозори наместо ПВЦ. Дрвото е сепак природен материјал и во комбинација со термопан стакло, за мене е неспоредливо поубаво од ПВЦ прозор.

Со ова дефинитивно се слагам меѓутоа кога правевеме за кај нас дома прозори пред 3 години бевме и во фирмата сега не ми текнуе точно на името (прават топ дрвени прозорци)некаде во Влае е фирмата и навистина цената беше WOW висока. Ама пак и самиот газда ни рече дека за во градска средина каде што живееме пвц е сепак подобра опција.
Последна промена: 20 Мај 2012 14:10 by Cinnamon. Причина: posledovatelni poraki
The administrator has disabled public write access.

Ре: Прозорци 20 Мај 2012 14:37 #199487

  • yarre
  • yarre's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 1082
  • Thank you received: 1001
МодулПласт работеа во неколку згради од ист изведувач, меѓу кои и мојата зграда. Коа се вселив, не само што се слушаше завивање на комшиското куче од дворот, туку можев сите прсти да ги бутнам меѓу рамката и прозорот. Доаѓаа пустеа правеа, и ден денес тој прозор криво влегува во рамката. После тоа, зимата, почна да дува од сите прозори, и тоа од долниот дел од окапникот, долу. Отворив, што да видам, чудесија на шпарање на материјал. Се изнервирав, и фатив еден по еден да ги средувам. Како кој го отварав, можеше да се ѕирка под него. За термо темпратурен силикон со воздушна непропусност не стануваше збор, ставен ( и тоа једва ) санитарен за плочки у вц. А се чудев зошто прозорите ми прават кондензација од пола надоле. Сите по ред ги досредив, и сеа е се ок. Кај комшијата најгоре, од окапникот внатрешен течеше вода, 2 пути беа стручњаците од МодулПласт, тече па тече. На крај отидов ја, искронав сите циркузијади што ги правеле, и му го средив прозорот. Влезната врата од зградата, рамката у монтажа ја искривиле, не се поправа, вратата не налегнува.
Да не зборам за затегачите метални ( оние како слово Т ). Реткост беше да се на местото на стегање.
Што сурфање направив дур научив како да средам што можеше да се среди.

Кај брат ми се тураа Хека профили, што да ти кажам, незнам кој местеше, абе наместено без замерки, со оглед дека доктор станав за ПВЦ прозорите.

После разбрав дека битно било и врзувањето на профилите ( агоници и шипки ) што се внатре во профилот. Којзнае овие какви употребувале, бидејки нели секое денарче е битно.

За стаклото, и 200 слојно да е, нема улога, битно е да е со вакум, а со вакум во МК никој не го прави.

Јас не знам кои се другите фирми кои местат Рехау профили ( мислам дека има над 10 фирми ) ама овие МодулПласт излегоа циркузанти. Stay away се за мене дефинитивно.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Прозорци 20 Мај 2012 15:26 #199492

  • macika
  • macika's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Значи ние и уште многу луѓе од наша непосредна околина кои ставија прозорци од Модул Пласт се презадоволни и воопшто нема ништо од ова ти што го кажуваш. Прозорите кога ќе ги затвориме искрено се гушиме по дома оти така да не речам скоро херметички затвораат. Можеби е разликата во тоа што се работи за приватна странка :wtf:
И незнам кој и каков профил ставиле оти изгледа се работи за различен производ дефитивно. Еве можам да те поканам дома кај нас да видиш колку квалитетно се изработени и ние на сите ги препорачуваме, како што и нас ни ги препорачаа.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Прозорци 20 Мај 2012 16:01 #199495

  • Meyo
  • Meyo's Avatar
  • Вози мотор
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2261
  • Thank you received: 2819
I nie godinava ako ne uspeeme da se preselime vo nov stan,a teshko da uspeeme da najdeme neshto soddvetno, kje menuvame prozori, verojano drvo vo kombinacija so aluminium no kje vidime zavisi od financiite, ne e golem potegot.

Jas iskreno kao za site firmi vo makedonija e kako kje ti se pogodi.


Prozori, modulplast stavaa kaj svekrva mi, i neshto posebno izrabotka, nemozam da primetam, duri ispod sekoj prosek. Bash kako shto kazuva Yarre.3 godini se prozorive, 1 vekje ima problem pri otvaranjeto.

Za Zikol ne sum imala nekoe posebno mislenje (neznam zashto), no bea donatori vo majchin dom vo proektov za renoviranje, minatata nedela mestea prozori, I VOODUHSEVENA SUM, Hirurshki otrsranija starudijata, tivko cisto, sredija, popunija, dopolnitelno so lajsni izoliraa, si zakrpija stranichnii, MILINA.prozorite imaat elegantna tenka ramka, hirurski spoena isto taka.. Me voodushevija, a nikad ne sum gi zela vo predvid, rabotat so Rehau plastika.

Jas nekolku nedeli aktivno ja baram firmata shto raboteshe so Ajde Doma, na intervencijata na Dimitar Vlahov shkoloto. Koga gi prestavija kazaa deka rabotat so 7 komoren profil, so trojno termopan staklo so ispolna so ne zapamtiv so koj gas za doponitelna zashteda na energija i termoizolacija, a spomnaa mnogu konkurentni ceni na nasive, Uvozni prozori i vrati, ama nemozam da otkrijam za koja firma se raboti.

Inache od iskustvo , znam deka neshto shto vo stranstvo se raboti se razlikuva maksimalno od ova kaj nas. Nie koga renoviravme stavivme italijanski vrati, Made in Italy doma, so mnogu konkurentna cena i kaj nas ama kvalitet, nesporedliv prosto.
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Re: Прозорци 20 Мај 2012 16:08 #199497

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Вози мотор
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
TatjanaV wrote:
Ако не си дефинитивно одлучена, јас би ти препорачала да размислиш за дрвени прозори наместо ПВЦ. Дрвото е сепак природен материјал и во комбинација со термопан стакло, за мене е неспоредливо поубаво од ПВЦ прозор. Ние ставивме дрвени од меранти дрво пред 4 години, многу се лесни за одржување, боени се со восочна боја на која воопшто не и смета вода, единствено и смета јако сонце, треба да се префарбаат на 10-15 години зависно дали имаш ролетни на прозорите или не.


i jas glasam za drvoto. i vo prethodniot i vo segashniot stan sme so drveni prozori. do sega nemame nitu edna zamerka, a kverkus-gostivar e izveduvachot. od estetska gledna tochka ne sakam pvc pogotovo ne beli i onaa imitacija na drvo.

@macika, i ja sakav da go napisham istoto. edna ista firma raboti so razlichen kvalitet zavisno od toa dali se raboti za proekt kako kolektivna zgrada ili individualen stan kaj koj se menuvaat prozorite.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Прозорци 20 Мај 2012 16:09 #199498

  • macika
  • macika's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Meyo Ajde doma rabotea so firmata za koja jas baram dopolnitelni informacii MKN-ETEM. No prv pat rabotat so Ajde doma na donacijava. Nemaat od Ajde doma pokonkretni informacii. Inaku oni furaat nekoj avstriski profil i stokomoren da e ic ne me bendisuva. Go vidov vo salonot kaj niv. Barav isto ponuda i za REHAU ama stavaat drug tip na okov nekoj si MACO.(avstriski), a Modul Plast go nudi ROTO. Maic nie isto tri godini gi imame prozorcive top se ni problem so otvaranje ni zatvaranje. Mene ona sto me odusevi kaj ovaa firma e sto si dojdoa na den koga i kazaa i se zavrsija vo den kompletno. Znaci mojata sorabotka so niv e besprekorna. Kako ke bide za 10 godini vo odnos na prozorcive neznam. No tie kako firma mi drzat najvisoka cena za REHAU.
E sega ovie sto se dvoumam sega da naracam kaj niv se tie sto bea vo Ajde Doma ama nemam nikoj da mi kaze iskustvo. :blabla:
Последна промена: 20 Мај 2012 16:21 by macika.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Прозорци 20 Мај 2012 16:48 #199508

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 2766
  • Thank you received: 642
jas pak so Gealan , neznam kolku komorni se nasite ,mislam deka se so roto okov , ama najisplatliva investicija ni se
ziveeme na glavna ulica kaj sto pominuvaat avtobusi , kamioni , motorcinja i sto uste ne , ama koga e se zatvoreno ne se slusa ama bas nisto
sum imala prilika da sporedam so drugi prozorci i veruvaj mi vrska nema
ke ti pisam broj vo pp ako sakas
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Прозорци 20 Мај 2012 16:49 #199509

  • Meyo
  • Meyo's Avatar
  • Вози мотор
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2261
  • Thank you received: 2819
KOlku shto znam epten se novi na pazrot so prozori, prethodno imale druga dejnost. Ama ja planiram da gi kontaktiram za vrati za Majchin dom, portali,pregradni sa strandard za invadilni lica, pa kje ti kazam iskustvo, neznam kako ti se brza, vo juli planiram toa da se sluchuva .

Inache eve razmisli gi i Zikol za 5 komorni vekje, pred nedela dena rabotea vamu, isto besprekorno, duri ni zakrpija po spratov toa shto nechineshe so prozorive i vratite, a poevfitni se od Modul Plast. Posledno komshikata od niv zemashe ponuda i od modul plast i od zikol, bea poevtini za okolu 9000 ama pak toa poeftino sekogash ti go plakjash, znam deka si svesna, vo vid na agolnici vnatreshna potpra pokvalitetni shtrafovi itn..., Neznam dali imaat unificirana plastika so koja rabotat, vo Majchin dom stava Rehau.

Salamander plastika raboti edna firma od gostivar, isto prekrasno rabotat, ama se so 40% poskapi.
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Прозорци 20 Мај 2012 18:19 #199527

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Вози мотор
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
Наште се 6 - коморни со пвц профили, германски (незнам која фирма се точно). Ни ги монтираа Беровичи и супер сме задоволни еве веќе трета година :), ама ете истата фирма монтираа кај сестра ми они не се задоволни.
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Прозорци 20 Мај 2012 19:49 #199535

  • MamaMaja
  • MamaMaja's Avatar
  • Вози мотор
  • teenager
  • Just one happy mum
  • Теми: 915
  • Thank you received: 483
yarre wrote:
МодулПласт работеа во неколку згради од ист изведувач, меѓу кои и мојата зграда. Коа се вселив, не само што се слушаше завивање на комшиското куче од дворот, туку можев сите прсти да ги бутнам меѓу рамката и прозорот. Доаѓаа пустеа правеа, и ден денес тој прозор криво влегува во рамката. После тоа, зимата, почна да дува од сите прозори, и тоа од долниот дел од окапникот, долу. Отворив, што да видам, чудесија на шпарање на материјал. Се изнервирав, и фатив еден по еден да ги средувам. Како кој го отварав, можеше да се ѕирка под него. За термо темпратурен силикон со воздушна непропусност не стануваше збор, ставен ( и тоа једва ) санитарен за плочки у вц. А се чудев зошто прозорите ми прават кондензација од пола надоле. Сите по ред ги досредив, и сеа е се ок. Кај комшијата најгоре, од окапникот внатрешен течеше вода, 2 пути беа стручњаците од МодулПласт, тече па тече. На крај отидов ја, искронав сите циркузијади што ги правеле, и му го средив прозорот. Влезната врата од зградата, рамката у монтажа ја искривиле, не се поправа, вратата не налегнува.
Да не зборам за затегачите метални ( оние како слово Т ). Реткост беше да се на местото на стегање.
Што сурфање направив дур научив како да средам што можеше да се среди.

Кај брат ми се тураа Хека профили, што да ти кажам, незнам кој местеше, абе наместено без замерки, со оглед дека доктор станав за ПВЦ прозорите.

После разбрав дека битно било и врзувањето на профилите ( агоници и шипки ) што се внатре во профилот. Којзнае овие какви употребувале, бидејки нели секое денарче е битно.

За стаклото, и 200 слојно да е, нема улога, битно е да е со вакум, а со вакум во МК никој не го прави.

Јас не знам кои се другите фирми кои местат Рехау профили ( мислам дека има над 10 фирми ) ама овие МодулПласт излегоа циркузанти. Stay away се за мене дефинитивно.

Кондензацијата нема многу врска со изработката, туку со тоа дали прозорците дихтуваат добро, или не.
Проста е математиката.

Што се однесува до профилите внатре и оковот, тие многу ја надигаат цената, ние кога се договаравме со фирмата што ни правеше имаше цени со ваков, онаков оков, и профили.
У свтари прозорот не е ПВЦ-то, туку профилот што го носи, затоа и тежат како туч.

Ние 5 години ги имаме, да не се подречам, еден проблем не сме имале, никогаш.
Под винкла си се, а нон стоп само отвараме, затвараме, кипаме, лупаме, комарници, дигам, спуштам...

Што се однесува до термопан стаклото, за жал Јаре е во право, воздухот меѓу стаклата Е изолатор, ама многу поголем изолатор е вакуумот, кој за жал кај нас никој не го прави.
Сонцето 28.05.1993
Месечината 06.08.1997
Ѕвездичката 28.11.2007
The administrator has disabled public write access.

Ре: Прозорци 21 Мај 2012 00:32 #199537

  • yarre
  • yarre's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 1082
  • Thank you received: 1001
Кондензацијата нема многу врска со изработката, туку со тоа дали прозорците дихтуваат добро, или не.
Проста е математиката.

И ја си мислев дека 1+1=2 ама не е така. Кондензација се јавува и кај прозори што 100% дихтуваат. Имено кондензација се јавува при премин на тела со различна температура. Ако прозорите не дихтуваат, низ нив ќе дува, ама кондензација нема да се јави. Кондензацијата е одлика кога две тела од различен материјал немаат меѓусебно „топлотен мост„ Топлотен мост, мора да има на долниот дел на прозорите, додекка на страните и одозгора, доволна е и пур пена. Истиот се изведува со специјален материјал, кој личи на силикон, заедно со специфична хартија, наменски за оваа работа.
Кај секој прозор се јавува кондензација во долниот дел, ама визуелно не го гледаме, бидејки е затворен. Ако после икс години, ја извадиш долната окапница, нека не те чуди да видиш црна мувла, која нонстоп се појавува и се суши, а ретко мириса.

Во одредени форуми, каде прозорите 100 дихтувале, единствен начин за заштита од кондензација било да се отвори мала дупка спрема некоја соседна просторија, или према плафон во зависност од можноста
The administrator has disabled public write access.

Ре: Прозорци 21 Мај 2012 02:08 #199540

  • macika
  • macika's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Dolphin i Mama Maja aj pisete vaka javno koi firmi vi gi izrabotija prozorcite?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Прозорци 21 Мај 2012 03:54 #199576

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 2766
  • Thank you received: 642
lele pojma nemam kako se vikase , mozebi Bujo gradba , ti pisav mobilen
togas koga jas bev vo potraga , na stranata na Gealan gi pisuvase mislam kako pretstavnici za Makedonija , sega pojma nemam
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
Последна промена: 21 Мај 2012 03:57 by Dolphin.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Прозорци 21 Мај 2012 11:30 #199667

  • macika
  • macika's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Денес добив инфо за МКН-ЕТЕМ. Екипата од Ајде Дома е презадоволна од начинот на монтажа и воопшто изведбата. Велат вистински професионалци во својата работа. Ај може ќе ги пробам лично па ќе пренесам искуство. ;)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Прозорци 21 Мај 2012 13:14 #199698

  • MamaMaja
  • MamaMaja's Avatar
  • Вози мотор
  • teenager
  • Just one happy mum
  • Теми: 915
  • Thank you received: 483
macika wrote:
Dolphin i Mama Maja aj pisete vaka javno koi firmi vi gi izrabotija prozorcite?

Nas ni gi pravese Europrofil, vo Keramidnica se naogjaat vo taa starata fabrika, posle Vitalija.
Сонцето 28.05.1993
Месечината 06.08.1997
Ѕвездичката 28.11.2007
The administrator has disabled public write access.

Ре: Прозорци 21 Мај 2012 13:16 #199699

  • MamaMaja
  • MamaMaja's Avatar
  • Вози мотор
  • teenager
  • Just one happy mum
  • Теми: 915
  • Thank you received: 483
yarre wrote:
Кондензацијата нема многу врска со изработката, туку со тоа дали прозорците дихтуваат добро, или не.
Проста е математиката.

И ја си мислев дека 1+1=2 ама не е така. Кондензација се јавува и кај прозори што 100% дихтуваат. Имено кондензација се јавува при премин на тела со различна температура. Ако прозорите не дихтуваат, низ нив ќе дува, ама кондензација нема да се јави. Кондензацијата е одлика кога две тела од различен материјал немаат меѓусебно „топлотен мост„ Топлотен мост, мора да има на долниот дел на прозорите, додекка на страните и одозгора, доволна е и пур пена. Истиот се изведува со специјален материјал, кој личи на силикон, заедно со специфична хартија, наменски за оваа работа.
Кај секој прозор се јавува кондензација во долниот дел, ама визуелно не го гледаме, бидејки е затворен. Ако после икс години, ја извадиш долната окапница, нека не те чуди да видиш црна мувла, која нонстоп се појавува и се суши, а ретко мириса.

Во одредени форуми, каде прозорите 100 дихтувале, единствен начин за заштита од кондензација било да се отвори мала дупка спрема некоја соседна просторија, или према плафон во зависност од можноста

Pa toa i go zboruvam, ako 100% dihtuvaat, tuka kondenzira.

Nas stalno ne karaa deka sekoe utro MORA da se otvori prozorot za da ne kondenzira.
Сонцето 28.05.1993
Месечината 06.08.1997
Ѕвездичката 28.11.2007
The administrator has disabled public write access.

Ре: Прозорци 17 Авг 2012 09:31 #210865

  • Majsi
  • Majsi's Avatar
  • Вози мотор
  • Администратор
  • Теми: 5139
  • Thank you received: 2408
Macika, sto napravivte za prozori, se odlucivte li, stavivte li?

I nie sme po domata za novi prozori, ama nikako da se odlucime za koja firma i za kakvi prozori.
trtlata na mamika
The administrator has disabled public write access.

Ре: Прозорци 07 Сеп 2012 11:00 #212564

  • bale
  • bale's Avatar
  • Вози мотор
  • new born
  • Теми: 3
a кој ви ги монтираше тие прозори мамамаја?
контакт од нив? Благодарам..
The administrator has disabled public write access.

Ре: Прозорци 07 Сеп 2012 11:03 #212565

  • bale
  • bale's Avatar
  • Вози мотор
  • new born
  • Теми: 3
MamaMaja wrote:
Dolphin wrote:
Samo Salamander prozori Macika ili ako ima nekade Gealan :srekno:

Gealan ima vo Skopje na nekolku mesta, samo treba da se pazi koj ke gi izraboti.
Nie imame 6 komorni veke 5 godini i sekade kade sto gledam prozorci, ne mozam da najdam da se podobri od nasite.
I vo izrabotka i vo izgled.
Od funkcionalnosta sme prezadovolni.
кој ви ги монтираше тие прозори МамаМаја? Контакт од нив? Благодарам..
The administrator has disabled public write access.

Ре: Прозорци 07 Сеп 2012 11:13 #212566

  • macika
  • macika's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Дури сега гледам Мајси дека си ме прашала на темава. :sram:
Значи да ги сменивме прозорците кај мајка и ми дома преку оваа фирмава МКН-ЕТЕМ.
Ставивме РЕХАУ. За подетално може да се слушнеме.
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.