Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Запомни ме

ТЕМА: Аткинсова (протеинска)Диета

Аткинсова (протеинска)Диета 20 Дек 2009 03:19 #767

  • Tessi
  • Tessi's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Avanturistka
  • Теми: 1647
  • Thank you received: 569
Аткинсова диета




Што претставува?
Слаба жена со метроАткинсовата диета ветува намалување на тежината до 6,8kg во првите две недели.

Аткинсовата диета е популарна ниско-јаглехидратна диета за слабеење, разработена од д-р Роберт Аткинс. Појавата на оваа диета во 1972г., стави почеток на долгогодишен тренд за користење на диети со минимално консумирање на јаглехидрати.

Денес, оваа диета се користи од многу луѓе, кои тврдат дека слабеат брзо и без гладување.

Диетата на Аткинс го ограничува консумирањето на јаглехидрати и им става акцент на протеините и мастите. Во зависност од тоа во која фаза од диетата се наоѓате, треба да консумирате од 20 до 100 грама јаглехидрати дневно. Тоа е многу малку во споредба со препорачаните 225-325 грама.

Добро е да се знае дека оваа диета не е медицинска, туку комерцијална диета за слабеење.
Како функционира?

Според тврдењата на приврзаниците на диетата на Аткинс, дебелеењето и болестите сврзани со прекумерната телесна тежина (срцеви болести и тип 2 дијабетес) се резултат на исхрана богата со јаглехидрати. Прекумерното консумирање на јаглехидрати, особено шеќер и бело брашно, го зголемува нивото на инсулин, води до нарушување на балансот на шеќер во крвта и предизвикува зголемување на тежината и кардиоваскуларни заболувања.

Затоа, Аткинсовата диета ги ограничува јаглехидратите и ги дозволува протеините и „добрите“ масти.

Оваа диета не бара броење на калории или ограничување на порциите. Но, ако се решите да ја практикувате Аткинсовата диета, треба да знаете да го користите системот нето јаглехидрати. Тоа се јаглехидратите кои ги содржи дадена храна, минус присутните во неа растителни влакна.

Пример: половина чаша сурови брокули содржи вкупно 2,3 грама јаглехидрати и 1,3 грама растителни влакна, што значи дека има 1 грам нето јаглехидрати.
Што вклучува?

Аткинсовата диета вклучува четири фази: воведна фаза, фаза на продолжување на загубата на телесна тежина, фаза пред одржување и фаза на доживотно одржување на телесната тежина.
1. фаза

Воведната е најстрогата фаза од диетата. Во текот на оваа фаза вие треба да ги елиминирате скоро сите јаглехидрати од вашата исхрана. Дозволено е внесувањето на само 20 грама нето јаглехидрати дневно. Препорачливо е првата фаза да трае 2 недели. Во текот на оваа фаза се губат најмногу килограми.
Дозволени храни:

Сите видови месо се дозволени (пилешко, мисиркино, телешко, јагнешко) и најдобро е да го консумирате месото печено или варено. Исто така можете да јадете и риба и морски плодови. Во дозволените храни спаѓаат и јајцата.

Околу 12-15 грама од јаглехидратите што ги внесувате, треба да доаѓаат од зеленчуците. Од зеленчуците можете да јадете: зелена салата, зелка, карфиол, брокули, домати, пиперки, кромид, спанаќ, модар патлиџан, аспарагус.

Дозволено е и консумирањето на различни сирења: овчо, кравјо и козјо сирење, фета, моцарела, чедар, сино сирење, гауда. Но, внесувањето на сирење треба да се ограничи на 120 грама. Можете да внесувате уште и маслиново масло, мајонез и путер.
Забранети храни:

Сите житни растенија и продуктите создадени од нив како леб, колачи и тестенини, се забранети. Исто така не треба да се консумира и храна што дополнително содржи шеќер.

Од зеленчуците не треба да се внесуваат компири, пченка, а исто треба да се избегнат и мешунките. Во оваа фаза треба да ги елиминирате од исхраната и овошните и јаткастите плодови.

Во текот на првата фаза потребно е да пиете по 8 чаши вода на ден, да го сведете до минимум консумирањето на кафе и целосно да го елиминирате пиењето алкохол.
2. Фаза

Во оваа фаза можете да го зголемите списокот на дозволените храни со повеќе зеленчуци, јаткасти плодови, семиња и овошје како јаготки, боровинки, малинки и капинки.

Внимавајте колку јаглехидрати консумирате, затоа што и во текот на втората фаза вие треба да губите килограми. Зголемувајте го приемот на јаглехидрати со 5 грама секоја недела.

Останете во оваа фаза додека не дојдете на 4,5 килограми од посакуваната тежина.
3. Фаза

Во текот на оваа фаза, зголемувајте ги јаглехидратите кои ги примате со 10 грама неделно. Целта е да го определите критичното ниво на јаглехидрати за одржување на телесната тежина, т.е. максималниот број на јаглехидрати што можете да ги внесете, без да ја покачувате својата тежина.
4. Фаза

Со оваа фаза вие треба да ги спроведувате навиките кои ги придобивте со досегашното практикување на диетата, без да се враќате на стариот начин на живот.

Приврзаниците на Аткинсовата диета сметаат дека најголем дел од луѓето можат да внесуваат од 45 до 100 грама јаглехидрати дневно и да ја одржуваат својата тежина. Ако вежбате барем половина час дневно, можете да ги зголемите јаглехидратите во исхраната.
Какви се резултатите?

Аткинсовата диета ветува намалување на телесната тежина до 6,8 килограми во првите две недели од првата фаза.

Слабеењето треба да продолжи и во втората и третата фаза, т.е. сè додека го контролирате нивото на внесени јаглехидрати.
Негативни страни

Иако многу луѓе бескомпромисно ја поддржуваат, Аткинсовата диета во последните години доби многу негативни критики.

Некои истражувања покажаа дека консумирањето на месо во големи количини може да предизвика создавање на камен во бубрегот.

Друга лоша страна на оваа диета е што со нејзино практикување се консумираат мали количина на овошје и зеленчук, а тоа води до загуба на витамини и минерали.

Некои експерти сметаат дека загубата на тежина со диетата на Аткинс не е долготрајна, но не постојат конкретни истражувања што ќе го потврдат тоа.
Внимание!

Аткинсовата диета треба да се применува од лица без здравствени проблеми.
Последна промена: 08 Мар 2011 16:34 by Majsi.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Диети 21 Дек 2009 16:27 #1974

  • SandraА.
  • SandraА.'s Avatar
  • Вози мотор
  • junior
  • Whatever u give a woman, she will make it greater*
  • Теми: 500
  • Thank you received: 50
Jas od vremme na vreme drzam dieta. Pocnuvam so proteinskata, pa prodolzuvam so ON i dosta slabeam. Ah, koga bi mozela bez dieti.


The administrator has disabled public write access.

Одг: Диети 23 Дек 2009 01:46 #3530

  • mamaDragana
  • mamaDragana's Avatar
  • Вози мотор
  • new born
  • Теми: 46
  • Thank you received: 3
Jas ja drzam atkinsovata dieta momentalno i od nea rezlutati imam sekogas,nneznam kolku sum oslabena zosto ne se merev ama oslabena sum.Inaku jas sakam da prasam dali na tie sto ja drzat atkinsovata dieta ili nekoja druga dali posle prekinot na dietata imaat proliv prviot den.Mene ova obavezno a zosto neznam?
The administrator has disabled public write access.

Одг: Диети 23 Дек 2009 05:00 #3705

  • lulu
  • lulu's Avatar
  • Вози мотор
  • new born
  • Теми: 34
mamaDragana напишал/а:
Jas ja drzam atkinsovata dieta momentalno i od nea rezlutati imam sekogas,nneznam kolku sum oslabena zosto ne se merev ama oslabena sum.Inaku jas sakam da prasam dali na tie sto ja drzat atkinsovata dieta ili nekoja druga dali posle prekinot na dietata imaat proliv prviot den.Mene ova obavezno a zosto neznam?


jas ja imam drzeno atkinsovata dieta i stvarno e uspesna,a za proliv mozno e se e toa posledica od nedostatok na jaglehidrati za vreme na dieta i sega koga se vrakas na konzumiranje na jaglehidrati si ima reakcija vo organizmot.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Диети 11 Окт 2010 15:45 #60151

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
JAs drzev proteinska dieta 11 dena. Znam deka ne e zdava, zatoa ja drzev samo tolku. Ama epten rzo se slabee. Veke go nemam odvratniot mev. I alistata so gi nosam mi se sirocki. Imav 73kg, sega ke se meram, ama garant imam 4-5 pomalku.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Диети 11 Окт 2010 17:34 #60164

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
Една моја другарка со протеинската диета ослаби 25 килограми за 3 месеци,ептен и делуваше.Во таа диета можеш да јадеш секаков вид на месо-телешко,свинско,јагнешко,пилешко,риба,колбаси, било какво печено,пржено,варено нормално без леб,потоа можеш јајца,салати,од течности само вода,кафе и чај без шекер и од сокови само тоник.Вино можеш да се напиеш после 1 недела диета.Не смееш да јадиш тестенини,леб,житарки,кикири,фстаци,лешници,гарв,компир,ориз,лека,овошје,слатки идр.Другарка ми почна да слабее после 2-3 недели нагло а дотогаш немаше ни едно кило симнато,значи треба упорност,Но кај мене не делува ова диета,јас ја држев месец и пол и се здебелив 1 кг ;) ;) и потоа причитав дека тие што се со крвна група А не им делува.Најмногу им делувала на тие што се со крвна група О.Пробај Mrsh можеби кај тебе ке биде ефикасна:love:


Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
The administrator has disabled public write access.

Ре: Диети 11 Окт 2010 17:37 #60167

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
Eve ja i celosno

PROTEINSKA DIETA
Za da dietata bide uspesna, treba cvrsto da odlucite i da si vetite sami na sebe deka ke se pridrzuvate na tocnite upatstva koi ke Vi gi dademe.

Najvazno e:
DOBRO DA GI PROCITATE UPATSTVATA, A ONIE NA KOI PISUVA STO SMEETE DA JADETE DA GI ZALEPETE NA ZID KADE NAJMNOGU SE ZADRZUVATE KOGA GO SPREMATE JADENJETO.

Ovaa dieta se sostoi od kompletno iskluCuvawe na jaglenite hidrati vo ishranata kako bi mu pomognale na organizmot da se iscisti od nasl*gite na salo. Najvazno vo ovaa dieta e deka nema da bidete gladni, nemorate da jadete samo tri pati na den, hranata ne treba da se meri i posebno da se sprema, nemora da piete tableti i caevi protiv zgolemen apetit, netreba da vezbate nitu da odite na akupunktura.

KAKO DELUVA: so potpolno isklucuvawe na vnesot na jagleni hidrati vo organizmot, nasl*gite na salo pocnuvaat da se topat. Prvite 6 dena se gubat do 6 kilogrami, a sekoj nareden den ste za kilogram polesni. Za 24 dena mozete da izgubite do 20 kilogrami.

VNIMANIE !!!! AKO SAMO EDEN DEN IZEDETE BILO KAKVA SITNICA STO SODRZI JAGLENOHIDRAT KE SE STOPIRA TOPENJETO NA MASTITE.

UPATSTVOTO ZA DIETATA ZALEPETE GO NA ZID !!!

HRANA KOJA MOZE DA SE JADE:
SITE VRSTI NA MESO: junesko, telesko, pilesko, svinsko, jagnesko, guskino, patkino, divec, site vrsti na iznutrici, dgimirinki, suseno meso, kobasici, site vrsti na narezok. Virsli, posebni salami NE. Mesoto ne smee da bide pohovano.

SITE VRSTI NA RIBA: morski, slatkovodni, ribini konzervi so i bez zelencuk

SITE VRSTI NA ZELENCUK.

SALATI: sveza zelena, svezi ili peceni piperki, domati, krastavici, sveza ili kisela zelka, cveklo, salata od morski plodovi, salata od kromid, praz, rodkva, spanak. Salatite se zacinuvaat so maslo kiselina i sol.

JAJCA: vareni, przeni, peceni.

MOZE DA SE PIE: mineralna voda, sok od limon (nezasladen),tonik, voda, kafe i caj bez seker (natren ili saharin), pola litar vino ili litar spricer e dozvoleno posle 6-ot den.

ZABRANETO!!!

LEB, KOMPIR, BRASNO, ORIZ, LEKA, GRAV, GRASOK, PREZLA, POHOVANO MESO, TESTENINI, KIKIRI, BADEMI, LESNICI, LEBLEBII, SEMKI, SONCOGLED.

NITU EDNA VRSTA NA MLECNI PROIZVODI: mleko, jogurt, kiselo mleko, pavlaka, puter, ovosen jogurt, pudinzi.

MARGARIN, SIRENJE I KASKAVAL – NE !!!

NIKAKVI SLATKI: kolacinja, cokolada, bonboni, keksi, sladoled, sl*g.

NIKAKVO OVOSTIE!!! NIKAKVI SOKOVI (GAZIRANI ILI PRIRODNI).

HRANATA KOJA NE E NAVEDENA, NE SMEE DA SE KONZUMIRA.

VAZNO !!!

OBAVEZNO ZEMAJTE GI SLEDNITE VITAMINI DODEKA STE NA DIETA:
C – EDNA TABLETA NA DEN I E – EDNA TABLETA NA DEN,
KALCIUM, MAGNEZIUM ILI MULTIVITAMINSKI TABLETI !!!

Ovaa dieta mozete da ja drzite onolku dena kolku sakate kilogrami da oslabete, a najmalku 7 dena. Dokazano e deka osoba koja za mesec dena oslabela 20 kilogrami po prestanokot na dietata ke i trebaat dve godini za pak da pocne da dobiva na tezina.


Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
The administrator has disabled public write access.

Ре: Диети 11 Окт 2010 17:43 #60171

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
Da, taa e dietata. Jas ne preporacuvam dolgo da se drzi. Se menuva skros metabolizmot. Eve denes cel detn me trese, mi studi a nemam T. Posle mi tekna, mi fali seker. Lapnav malku i odma se stopliv. Po pauza od izvesen period ke drzam edna tkn. sportska dieta, taa ima denovi na testenini, ovosje, meso, riba ... pozdrava e. Se nadevam deka so nea ke gi simnam i poslednite visok kila. Iskreno, mozev i so proteinska ako prodolzev uste 10tina dena, ama neka - poleka poleka.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Диети 11 Окт 2010 18:06 #60185

  • MrsH
  • MrsH's Avatar
  • Вози мотор
  • Banned
  • Теми: 494
  • Thank you received: 69
Баш ке ја пробам оваа протеинска диета па се надевам дека ке ослабам.Сакам да ослабам 10кг за да си бидам како пред да останам бремена.Лани си ослабев исто толку ама оваа година си кладов 10 кг:zid; А сега тука и време за на плажа дојде мене купачите одвај ме собираат а се заинаетив не купвам поголеми алишта,ке ослабам.Имам и добар мотив со мм се договоривме ког ке ослаби поке за 1 месец со оди на здрав шопинг е поголема причина не ми треба:OK: па ке ви кажам како оди работата.
Сандра
The administrator has disabled public write access.

Ре: Диети 13 Окт 2010 17:06 #60780

  • Mirka
  • Mirka's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 1447
  • Thank you received: 553
Definitivno proteinskata dieta e so najgolemi efekti, jas sum krvna grupa A a ima efekti baska sum golem mesar i sekogas koga treba brzinski da simnam nekoe kilo ja drzam ali poveke denovi pocnuva da ti se vrti vo pamet barem na mene nikogas ne sum ja drzela poveke od 10 dena.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Диети 14 Окт 2010 13:28 #61050

  • Aleksandra
  • Aleksandra's Avatar
  • Вози мотор
  • new born
  • Теми: 41
  • Thank you received: 6
Citajki, nekako me ubedivte i jas da pocnam so ovaa proteinskava dieta, ama imam slusano deka ima stetni posledici? Ili da ja drzam 10 dena mislite ke e dovolno za 5-6 kg pomalku, i nema da predizvika problemi za tolku kratko vreme?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Диети 04 Ное 2010 11:46 #68425

  • MrsH
  • MrsH's Avatar
  • Вози мотор
  • Banned
  • Теми: 494
  • Thank you received: 69
ете денес конечно ја почнувам таа протеинска диета,само може ли некој под итно да ми кажи дали смеам да јадам маринирано месо или не?Оти тоа ке готвам за ручек па дали да си зготвам обично месо за мене?Па ке ви кажам резултати од нередната недела:)
Сандра
The administrator has disabled public write access.

Ре: Диети 04 Ное 2010 14:29 #68491

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Вози мотор
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
колку што знам јас во диети вообичаено се конзумира месо кое е подготвено што поедноставно и со што помалку зачини. сол и евентуално црн пипер.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Диети 04 Ное 2010 14:35 #68494

  • TINCE
  • TINCE's Avatar
  • Вози мотор
  • new born
  • Теми: 3
MrsH, mislam deka smees, vo marinadata nema jagleni hidrati...jas sum ja drzela ovaa dieta i navistina najvee se slabee od nea ama jadev sekakvo meso..kebapcinja, przen dziger, kolbasi...samo mi zdosadi po edna nedela, a i ocanjno mi falea sekeri, skrobce...:)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Диети 04 Ное 2010 14:46 #68502

  • Mirka
  • Mirka's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 1447
  • Thank you received: 553
MrsH smees jas sum jadela i przeno meso iako pisuva deka ne smee pa sum slabeela ,jas sum mesar i ja obozavam dietava i planiram denovive da ja pocnam ke se druzime pozdrav, edinstveno mi falat makaroncinja i blakce :jupi:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Диети 04 Ное 2010 15:29 #68526

  • arriel
  • arriel's Avatar
  • Вози мотор
  • new born
  • Теми: 80
  • Thank you received: 5
Drugarka mi ja drzi taa dieta i jade meso na sekakov nacin,dali marinirano ,przeno peceno duri jade i polneti tikvici so meleno meso musaka bidejki se jadat samo proteini znaci zelencuk i meso i jajca a nesmees da bnesuvas jaglehidrati.I e nogu zadovolna od nea veli deka za edna nedela slabee po 4 kilogrami.Pa so sreka.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Диети 06 Ное 2010 18:32 #69427

  • MrsH
  • MrsH's Avatar
  • Вози мотор
  • Banned
  • Теми: 494
  • Thank you received: 69
Јас почнав со 72кг па сакам некако да истерам до кај 60.Дај кажете некоја идеја за јадење што можам да го јадам со оваа протеинска диета?
Сандра
The administrator has disabled public write access.

Ре: Диети 07 Ное 2010 17:22 #69659

  • arriel
  • arriel's Avatar
  • Вози мотор
  • new born
  • Теми: 80
  • Thank you received: 5
Pa mozes da jades meso prigotveno na sekakov nacin,salati jajca na sekakov nacin,kompir salata pecen kompir,polneti piperki musaka,polneti tikvici,turli tava itn...samo ne smees da vnesuvas jaglehidrati t.e.ovosje i testenini
The administrator has disabled public write access.

Ре: Диети 08 Фев 2011 16:02 #110318

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
Jas utre sum na kontrola. Ako ne mi dadat dopolnitelna terapija, prodlzuvam so proteinskata dieta. Dosega najbrza i najdelotvorna se pokazala. Barem kaj mene.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Диети 13 Фев 2011 00:54 #112041

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
Eve me i mene so raport. Sabajlevo se merev i sum -1.5kg :aleluja: Samo za 3 dena proteinska dieta. Znam deka ne e najzdrava, ama funkcionira bre :da: PREd toa 3 nedeli se metkav i nisto ne napraviv ...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Диети 14 Фев 2011 03:54 #112311

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
Damjana a koja e taa proteinska dieta??? Atkins ili???Aj ako mozesh postiraj shto i kako se jade..kolku trae i takvi raboti. Bishevo (JAS) mora da oslabe oti ke go kolat :P
The administrator has disabled public write access.

Ре: Диети 14 Фев 2011 04:14 #112326

  • ljubica78
  • ljubica78's Avatar
  • Вози мотор
  • junior
  • Теми: 695
  • Thank you received: 168
Ananda proteinskata e atkins i jas ja imam nekolku pati drzeno i stvarni brzo se slabee. Se drzi 3 nedeli nesmees poveke oti e stetna. Se jade samo salati ,i meso sekakvo.
Zabraneto e : mlecni proizvodi, grav, grasak leka,kompir,soja ovosje, testenini, blago, krenvisli i posebna salama.
Dozvoleno: meso przeno,peceno,na skara , suvomesnato, pasteti,Salatite so maslo i ocet, jajca na sekakov nacin, ajvar tursija...supa samo od kocka bez fide. Zamene mi bese teska ztoa sto jajca ne obozavam a isto i meso i mi bese pravo izmacuvanje a mm obozava meso i jajca i ne mu bese tesko.

The administrator has disabled public write access.

Ре: Диети 14 Фев 2011 04:21 #112331

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
Еј Бубе фала ти многу :hug: :cmok: Па не дека и мене би ми била лесна..не сум многу по месото, ама салативе ќе ме извадат некако. А и релативно е кратка..3 недели, а? Хмммм..епа ај да ја пробам..таман за 45 мин почнува нов ден, па нека се запише во историјата...Ананда е на протеинска диета :hahaha: Може тешко да ми падне што не е дозволено млеко во кафето..ама ќе издржам. Ај па ќе ве известувам..и ај малце сега радујте се за мене..што конечно се решив да држам диета :laugh: П.С. Колку се слабее за тие 3 недели????Знам дека е индивидуално, ама шо вели статистиката :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Диети 14 Фев 2011 04:29 #112337

  • ljubica78
  • ljubica78's Avatar
  • Вози мотор
  • junior
  • Теми: 695
  • Thank you received: 168
Mislam deka okolu 8 kg imav oslabeno. So sreka neka ti e jas sum na UN pa ke se poddrzuvame dvete :hug: :hug:

The administrator has disabled public write access.

Ре: Диети 14 Фев 2011 04:33 #112339

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
ООООООО па тоа е добро :OK: А чисто, од знатижеља што се вика, кажи ми - брзо се враќаат килограмите или? Мислам јас као да ослабев веќе, па сега се секирам да не ги вратам :laugh: Ама чисто да знам :) А од мене имаш поддршка и ти и сиве овде женски шо ќе се праиме цица-маци сега за летото што не чека ;)
Последна промена: 14 Фев 2011 04:34 by Ананда.
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.