Старите навики тешко се менуваат, па така на пример темните и зрели банани најлесно е да се фрлат. Но одредени продукти можете одлично да ги искористите и да заштедите пари

Стар леб

Лебот стар неколку дена нема да е добар за сендвич или со чинија чорба, но тоа не значи дека треба да го фрлите. Еден од начините како да го искористите е да ги исечете на резанки, да го ставите да се исуши во рерна, па потоа да го сомелете во лебни трошки. Некогаш можете да го искористите за тост или пак пржени лепчиња.

Банани
Иако не сакате потемнети банани можете сепак да ги искористите. Направете фрапе со лажица мед или пак смути. Ако не сте пробале ќе видите колку е вкусна комбинацијата леб со банани.

Домати и пиперки
Омекнатите домати и пиперки кои не се доволно свежи за салата пригответе ги во сос или готвено јадење. Доматите можете да ги замрзнете цели. Пред варење ставете ги во врела вода за полесно да ги излупите, а после исечкајте ги на коцки и направете убав сос за тестенини. Пиперките можете да ги испечете, излупите и ставите во фрижидер.

Остатоци од зеленчук за супа
Вишокот исечкан зеленчук зса супа соберете го во кесичка и замрзнете го. Следниот пат кога ќе имате друго подготвено извадете го и искористете го за некое друго јадење да го збогатите.

Остатоци од месо и коски
Пилешките гради од кои сте го извадиле месото искористете ги за бујон. Откако ќе се излади спакувајте го во порции кои најмногу ќе ви одговараат за идните јадења. Исто можете и да го направите и со коските од други видови месо. Понатаму, веќе готвено или печено месо штета е да се фрли, бидејќи може да се искористи за салати или вкусен сендвич.

Јогурт
Киселото млеко или јогуртот кои се при крај со рокот за употреба можете да ги користите како замена за путер и здрави слатки. Еден филџан путер заменете го со 1/4 филџан кисело млеко и половина филџан путер. Можете да го искористите за класични јогурт коцки со малку овошје.

Најново на форумот

  • No posts to display.