Хартиените крпи се совршени во домот за бришење и впивање масло од мрсна храна. Сепак не секогаш се ефикасно решение. Во некои случаи подобро е да ги избегнувате

 

Очила – проблем не се рамките, туку леќите кои имаат посебен премаз кој може да се уништи со користењето хартиени крпи, велат стручните лица. Ако очилата се скапи, тоа значи дека треба да водите за нив поголема грижа за да не се оштетат. Наместо хартиени крпи за да ги исчистите земете парче ткаенина кое ви го препорачал оптичарот.

 

Правлив мебел – прашината сама по себе е абразивна, како и хартиените крпи. Со суво бришење на прашината ризикувате да ја изгребете површината на мебелот. За да ја отстраните користете мека крпа навлажнета со средство за полирање.

 

Електрични уреди – самата текстура на хартиените крпи може да ги оштети електричните апарати, особено стаклените површини како што е на пример екранот на смартфоните. За чистење на овие уреди користете крпа од микрофибер, а за длабински дамки користете алкохол.

 

Дамки на тепихот – со користење хартиени крпи за бришење дамки од тепихот тие повеќе ќе се впијат во влакната. Површината на тепихот е група, затоа со нивно користење во комбинација со вода може да имате уште полош ефект. Затоа заменете ги со бела крпа со која ќе ги отстраните дамките без триење.

 

Омилената црна блуза – кога користите хартиена крпа за отстранување дамки од темна ткаенина, по неколку движења на нејзе ќе останат влакненца. Влажната хартиена крпа може да направи уште поголема штета на вашата ткаенина. Наместо него се препорачува користење обична чиста крпа за да ја отстраните дамката.

Најново на форумот

  • No posts to display.