Без разлика дали вашата мачка престојува во домот или надвор од него, зимата и ниските температури можат да донесат промени во конзумирањето вода.

Оние кои се воглавно надвор, да дојдат до питка вода им е проблем бидејќи таа едноставно замрзнува на минусни температури. Додека тие кои се затворени во топлината на домот поради загревањето на просториите имаат поголема потреба од вода.

 

Многу е важно да обрнете внимание дали мачката пие доволно вода, бидејќи таа исто како луѓето им е потребна за важните телесни процеси, од метаболизам до лачење на отровите, па затоа недостигот на вода може да предизвика големи здравствени проблеми.

Но исто така многу тешко е да се процени колку вода испила мачката. Затоа внимавајте на овие знаци на дехидрација:

- „мамурни“ очи

- летаргија

- забрзана работа на срцето

- намалена еластичност на кожата

- тешко дишење и збивтање

Најново на форумот

  • No posts to display.