Започна голема акција во продавниците на Coincasa во Скопје - на производите наменети за кујна, спална соба, бања, градина, како и на уникатните парчиња на мебел кои имаат попуст до 70%.

„Станува збор за познат италијански бренд, чиишто производи се уникатни по својот квалитет, изглед. Специфика на овие производи е интересниот и софистицираниот стил и дизајн. Ако сакате да бидете во тренд во делот декорација и дизајн ова е вистинското место за вас“, изјави Марија Ристовска, маркетинг менаџерот на Coincasa.

Според Ристовска, уредувањето на домот со овие производи е пред се за жените кои се стремат да имаат различен и карактеристичен дом.

„Кога се уредува домот се внесува многу свои елементи. Во Coincasa се нуди токму таа единственост. Први сме со поставувањето на трендови, а го задржуваме италијанскиот дизјан на комбинациите на производите чиј спектар на бои во оваа колекција се заснова на белата боја. Секој што ќе посака промена на својот дом сега е вистинско време да го стори тоа“, изјави Ристовска.

Оваа акција на Coincasa ќе трае се додека има залихи на производите. Продавниците на Coincasa се наоѓаат во Сити Галери и на ул. Скупи 12 - наспроти Систина.

ПР текст

Најново на форумот

  • No posts to display.